Тестот на сурчек ми покажа негативно,па сега се мислам да почекам и после да проверам тестот на лабоквик како ќе покаже Не сите тестови исто покажуваат
Уште нешто да прашам. Дали е премногу рано утре да проверам бета? Не ми се чека баш дека ми рекоа ќе треба терапија да примам кога ќе останам бремена. Инаку тестов не е со утринска урина.
Морав да проверам пак. Пред два дена бета 103, денес 369. Знам дека треба да се дуплира по два дена ама ова некако повисока бројка. Дали е ок, има некој слично искуство?
Сосема е во ред,супер е.Не е правило дека кај секој мора точно да број да се дуплира двојно.И не е екстремно висока за да се загрижуваш.Се е во граници на нормално
Супер си, кај мене за 72 часа се дуплираше скоро за 4 пати поише па еве ме во 23та недела Ти посакувам лесна бременост ❤️
Супер, ми олесна Во првата неуспешна проверив само еднаш, па не знам баш како треба да биде. Сега се потресувам на секоја ситница. Се надевам сè ќе биде добро. Фала ви ❤️