Со вторава бременост го направив ноќе накај 21ч, во првата минута светна втората цртка, така да кога има бременост, ќе покаже и ноќе. Кога бев во обиди, рано по сабајле сум правела, кога нема нема, така да, јас мислам дека точен ти е тестот ама провери пак за сигурност.
Здраво девојки, ме убива нетрпеливост па морам да чујам други мислења. Имам редовен циклус, на 28 дена. Последен циклус на 27.07. Незаштитени односи на 09.08, т.е еден ден пред овулација. Дали е можно денес да ми покаже тест од аптека точен резултат, или да почекам? Кој тест би ми го препорачале за порано тестирање? Селф клеар гледам го рекламираат за сензитивен 8 дена после односи….
Девојки и жени, тестов е сликан 8мин по земање примерок. Пишува на уптство во првите 4мин да се отчита. А после 10 мин да не се зема предвид што и да покаже. Self clear тест. Како ви личи?
Извини грешно сум те разбрала, позитивен е тестот, утре направи и една бета и да видеш како се дуплира. Колку ти доцни? Со лесно
Моментално не ми доцни, утре би требало да добијам, го правам тестов пред време, не можев да издржам Фала за одговорот ♥️
Конечно после безброј негативни тестови последните 2 години денес позитивен П.С искрено не се надевав овој циклус дека сум трудна, следевме со гинеколог овулација ми рече циклусот ти е ановулаторен Ми доцни скоро недела и си велам денес знам дека ке добијам (дека нели гинекологот рече ановулаторен циклус) ама ај чисто онака ке купам еден тест... Еве го резултатот
Даки може Лабоквик да даде лажно позитивен? Кој друг тест да го купам за да проверам уште еднаш, кој е поточен?
На 1000 тестови правени, некогаш ми треба и 3 пара очи. Ко што ме учевте - осветлен да се види хаха Што гледаме? Не сум умна.