Сабајле, сега џабе. Не ти е сигурен? И мене искрено. Вчера беше бледа. Денес се размачка. Според што? Сериозно прашувам.
, Мене вака како сива ми стои линијата а не светло црвена. Во живо сигурно поубаво се гледа. Колку дена ти доцни? Ако ти доцни направи си тест преку крв.
По календар 2 дена. По апликација треба утре да добијам. По овулација сум 7 DPO. Симптоми за циклус...нема. После 10 минути е тестот. Сликата мислам, инаку на 5 мин беше јасна бледа, после се ушлапа, и ме поремети. Ќе направам секако. Розева е во живи, не е сива, затоа се бунам, ја осветлив намерно за да видам дали е површинско зашлаканото или е линијата доле. Сум имала евапорациски, знам како изгледаат.
Консултирав матична, ми вика не сум стрплива. Бета најрано во понеделник. Се насмеа фино и оптимистично. Господ со мене, толку ќе кажам. Ви благодарам многу.
Па ако точно прочитав дека си седум дена по овулација е сеуште многу рано и за тест и за бета.5 дена само трае оплодувањето па да си најде место да се имплантира па да се лачи хормонот.Со среќа
Ти посакувам позитивна бета и конечно да ти се оствари долго очекуваната желба. Те чекаме со добри вести.
Абе позитивен е ич не го мисли Напрај утре сабајле уште еден ист ваков ке биде појака цртката ке видиш
Ооо не. Имам историја јас, огуглана сум веќе, овој пат најлесно се соочив. Пред таа на почетокот на годината некако најтешко ми беше, заврши со киретажа. Имам и во поодмината недела исто, ама тогаш и помлада и си викам можам, ќе биде следниот пат. Да не должам.
Секогаш сети се на мене ! Кога родив јас , ќе останеш трудна и ќе родиш и ти. Само добар доктор што ќе те води низ цел процес и добра терапија. Не се разочарувај, продолжете со обиди. Со Дарија останав трудна истиот месец кога прокрварев од биохемиската. Те гушкам