Е па почекај уште една до две недели, тогаш би требало да е точен тестот. Иако мислам дека ако веќе нстанала бременост соодветни хормони, на кои што реагира тестот за бременост ќе бидат покачени па тестот ќе покаже дали си бремена или не. Ама почекај за по сигурно.
Околу две недели по односот доколку се случила бременост ќе започне лачење на одредени хормони кои тој тест ги детектира преку мокрачата. Значи за отпприлика две недели направи го тестот. А ако ти се брза после 8-10 дена од ризичниот однос можеш да провериш и преку крв
Девојки ...денес направив тест за бременост само што втората линија е скоро и невидлива и е бледо розева ама одвај се забележува , не го направив тестот со утринска мокрача , знам ќе ме советувате да направам уште еднаш тест ама ај да видам што мислите ...поздрав на сите
Ако има втора линија, па макар и бледа, значи има бременост. Честито! Оди на гинеколог за да ти потврди.
Ах, дај Боже да биди и јас се надевам иако сеуште не сум сигурна ...одвај се забележува...или па можеби од што сакам да ја има па ја гледам
Koлку и да е бледа втората линија, штом ја има значи има бременост. Сепак направи си утре наутро уште еден тест.
Да го повторив ...зедов Sure Check и повторно ми покажа втора бледо розева линија ...и утре во 10 закажав на гинеколог ...држете ми среќа , во секој случај ке ви пишам како ќе поминам утре ..поздрав !!!
девојки дали може да го искористам тестот за бременост иако сеуште не е време да ми дојде менструацијата ?? )