Веќе четврти ден ми доцни, правев тест со ептен убаво црвена тест линија втора, 2 цртки второ детенце, првото 2 годинки, малку изненадени со мм ама живи и здрави. Знам за првото после недела-две после тестот да одам на гинеколог за сигурно да го видат плодот... ваши искуства?
Леле што убавооо, честитки и со лесно инаку јас на 5дена доцнење кога бев беше ептен рано и немаше срцева реакција, па ми закажа за една недела да одам пак.. така да за една недела закажи си
девојки вака, прееска направив тест испадна негативен, го направив од шур чек но беше во 7 часот значи не беше од сабајле, инаку ми доцни 3-4 дена а има поминато 10 дена од односот,дали би можело да е лажен?
овој тест не верувам дека не е точен, јас го правев во 23ч и излезе позитивен, појди на доктор нека те видат или почекај малку време е поминато од односот...не губи надеж ти посакувам ||
Ако си бремена и тие од 50-60 ден. излегуваат со две цртки. Ама ако сакаш поквалитетен и посигурен Sure chek, be safe.
Девојки вака имам еден проблем. Секогаш менструацијата ми доаѓа на 20ти, меѓутоа во август бев на одмор и ради промена на клима не ми дојде. Во септември ми дојде околу 3ти-4ти, на 23 септември имав односи. Завчера имав малку крв, вчера апсолутно ништо, денес пред 2 часа како кафена минимална течност и пред 10 минутки некаде бледо црвено исто така минимална течност. Не знам дали ова воопшто да го наречам и менструација, меѓутоа дали некој имал слично искуство па да ми каже дали да направам сега тест или не. Фала однапред.
јас некако бев слична на тебе ми доцнеше 4 дена некаде и една ден се јави малце бледо и прекина др ден пак бледо розево и зедов тест на 5 дена каснење и покажа две цртки кога треба да ти дојде земи си некој тест провери ајде за убаво нека е
еве денес ми дојде обилно веќе и имам болки во стомак и половина, секако да ми помине ќе направам тест
Здраво девојки, нова сум на форумов и ми треба малку ваша помош. Ми касни менструалниот циклус 12 дена, правев тест на 7миот ден од каснењето и беше негативен. Немам никакви симптоми на бременост ( ни на добивање затоа што немам ни кога добивам). Минатиот месец исто ми каснеше правев тест на 5тиот ден беше негативен и добив на 8ми. За овие два месеца претрпев голем стрес, ја скршив ногата па бев во гипс цел месец со триста апчиња и кога оздравев отидов одма на одмор. Дали има шанси да сум бремена? (Не би сакала да сум и мн ми е страв)
Сепак имам доза на сомневање бидејќи првиот пат кога ми каснеше беше кога го вадев гипспт и пиев апчиња. Одкако ми заврши тоа добиено веќе не пиев апчиња иако имав стресови медецов со земјотресите и плус промена на клима. Што мислите?
Ако се соменваш во валидноста на тестот, испитај преку крв дали си бремена, тој резултат е најточен. Сепак тестовите релативно често знаат да дадат лажен резултат, т.е да бидат лажно негативни. Да си бидеш мирна, испитај преку крв, како што кажав претходно, нема утка со тоа.
Здраво девојки.ке може ли да ми кажете колку чини преку крв да се провери дали сум бремена во авицена или тоспаш.и после колку време би покажало.прв пат сврши во мене на 14 минатиот пат и после тоа уште 2/3 пати праев тест беше негативен.после тоа пак и на плодни денови сврши внатре па сакам преку крв да проверам не ми се оди на гиниколог имам мн бело прање.а градите ужасно ме болат веќе недела ипол.и имам мааалку болки како пред добивање.а треба да добијам за 7дена.фала однапред