Феминки ме интересира доколку би знаеле.Направив 3 теста на сите теста втората беше бледа,двата пред добивање и втората линија се појави,вчера сабајле го направив третиот 3дена како ми каснеше и на него се појави втората линија,а сепак денес јас добив.Едно не ми е јасно како може 3 теста да се позитивни а сепак добив и тоа како секој месец . Сакам да ве прашам дали доколку има хормонско пореметување тестовите можат да покажат позитивен резултат,и дали со мензис мозам пак да направам тест,нели некои жени добиваат а сепак се бремени.Да кажам дека стомаков не ме боли како кога имам добиено,него како благи грчеви ама крварењето е исто.Што да правам ке побудалам, а само што се израдувавме со маж ми,и си рековме еве и на нас од прва ни се фати-но до кога....Дали да правам уште еден тест што викате..Што би ме советувале,поздрав .
Најпаметно ти е да си појдеш на гинеколог. Не е можно да се појави втора црта од хормонално пореметување. Веројатно постои бременост, штом HCG ти е покачено, за да не си направиш беља., не дај боже да е вон матерична или пак ако веќе има бременост да ти стават инекција прогестерон која би била поддршка за бременоста, за да не го изгубиш плодот. Има случаеви кога две јајца се оплодени(близнаци), но едното не издржува па прокрваруваш, а другиот да остане, па во тој случај се прими терапија за да се задржи. Џабе бараш ваму мислење, ако веќе сакаш бебе неможе совети да бараш на форуми, се знае ние тука не сме лекари, може сите само да те советуваме да отидеш на лекар, што всушност би требало сама да знаеш дека треба да го направиш до сега.
да на ехо преку стомак ме виде... и ми рече дека не гледа ништо можеби е рано... а мене еве денес една недела а јас немам добиено баш се радувам...ќе почекам уште 3-4 дена и ќе проверам пак позз
Lacrimosa, значнувањето незначи дека ќе се случи истиот ден, може и по 3 дена.А тестот покажува минимум 7 дена по зачнувањето. Почекај барем уште неколку дена.
Еве денес беше 14-ти ден од односот, и направив повторно тест со првата урина. Негативен. Не треба повеќе да се грижам, нели? Како што знам 14 дена се доволни за да се покаже точен резултат.
мислам дека не треба да веруваш во овој тест,не сакам да те плашам али има мн случаи на кои им покажале негативен а потоа тестот бил позтивен,мислам дека е рано,али не сакам да те плашам
Не верувам дека е рано, доволни се две недели од критичниот однос да поминат за тестот да покаже соодветен резултат. Ако има бременост, линијата ќе биде тука, макар и бледа. Лакримоса, ако уште се грижиш, направи уште еден тест после една недела. Ама не верувам дека ќе е позитивен, штом сега не покажал.
ве молам за помош!!!!веќе ми доцни неколку дена.правев тест и после подолго време ја забележав вторта но многу бледа линија.дали е сепак позитивен тестот или може да не е точен?ве молам помагајте што поскоро!однапред ви благодарам
Зависи колку време поминало. Тестовите не се валидни после поминати 15-20 минути, мислам дека тоа е нагласено на упатството. Затоа се гледа после пет минути, ни порано, ни покасно. Кај позитивен тест одма се појавува втора линија колку и да е бледа. Ако се појави подоцна, значи дека тестот не е веродостоен - повтори го ако се уште се сомневаш. И прочитај го упатството
Lacrimosa кај тебе беше друг случај мнооооогу беа мали шансите да останеш бремена, а и ги презема потребните мерки штом и овој тест ти е негативен опуштисе пеколот ти заврши
Здраво на сите!!! Нова сум на форумов и не сум многу активна но ве следам и читам редовно. Значи ми каснеше два дена и направив тест за бременост и излезе позитивен со бледа втора линија, и направив другиот ден уште еден и исто и тој беше така. Потоа отидов на гинеколог другиот ден и докторот ми кажа дека уште е рано да се види, виде една точка и претпоставуваше дека тоа е плодот, ми кажа дека сум во почеток на рана бременост. Ми рече да отидам за две недели за најсигурно, така да не можам да дочекам и се мислам дали сум или не сум. ќе ви испратам и слика од тестот па чекам ваши одговори!
Сигурно си бремена и мене така ми покажуваше тестот,кога отидов на гиниколог истото ми го рече,потоа отидов на 3д кај друг гиниколог и ми ја потврди бременоста,нека ти е честито и со лесно да си ја износиш бременоста
Фала многу, на одговорот Елеонора, а дали имаше болки во стомакот исто како пред да добиеш менструација? затоа што мене ми се чинит ќе ми дојт секој момент, се надевам дека нема поздрав
Јас немав болки во стомахот,но мојата снаа имаше дури таа не знаеше и дека е бремена ја болело стомахот и отишла на гиниколог и така открила дека е бремена,знам само дека и рекоа да мирува ,повеќе да лежи и дадоа апчиња се си мислам прогестерон или некакко другачие беа консултирај се со гиникологот,тие се мислам за подршка на бременоста
лелеле јас цела се тресам, незнам со се десава и ве молам итно е, денес требаше да добијам, но уште нема и јас немав што да правам и си купив тест, и што се случи првата цртка се појави ама и втората се појави но многу е бледа едвај се гледа.. што значи ова кажувајтее побрзоо
Тоа значи дека и покрај тоа што е бледа втората врта, нивото на HCG хормонот кој укажува на бременост е покачен. 99,9% се работи за бременост. Можеш да отидеш на лекар, преку ехо ќе ти потврдат .