Секогаш ти е редовен циклусот? Провери преку крв, а најдобро ако не добиеш за брзо да одиш на гинеколог..
Сигoрнo нештo е , или теткaтa зaглaвилa нa грaницa или некoе ембриoнче ни тестирa нерви уште нa рaнa "вoзрaст"
Еднаш имам пишано Последно кога бев бремена позитивен тест ми покажа после 10 дена и повеке каснење До тогаш незнам и јас колку имав направено све негативни
Дa не ги пoдречaм милa aмa ствaрнo се мирни и пo целa нoќ си спијaт уште oд кaкo се рoдијa хaхaх сегa истo сaкaме дa имa рaзликa 2 гoд. пoмеѓу мaлoтo и нaјмaлoтo пa белким ќе ни се пoсреќи женскo и некoе мaлку пo лутo @Dust срцкa и дa не биде oвoј месец , сигoрнo ќе биде некoј нaреден
Пак денес правев тест негативен,а уште не добив незнам дали е време да проверам преку крв или правац гинеколог?
Ако доста ти доцни на гинеколог најдобро, да имаше нешто ке покажеше ако доцни 3+ денови.. не давај пари џабе за тестови веќе... оди на гинеколог најдобро
Некаде прочитав дека може да се дознае после 11 дена преку крв, некаде после 7 дена. Подобро е да почекаш барем 9-10 дена, некоја златна средина. Со среќа.
Колку што знам ~500 денари би требало да биде, hCG тест (бета hCG) за бременост. Сепак, една недела после односи не би можело да знаеш дали си бремена. Од прилика, 24 часа може да трае процесот на оплодување на јајце клетката + спермата. + потребни се околку 7 дена за вгнездување на оплодената јајце клетка во твојта матка. Од кога ќе се залепи/вгнезди јајце клетката во твојата матка, твојот организам започнува да лачи HCG и преку тестирање преку крв, може да се види дали си бремена. Сепак, за да имаш точни резултати, и да може да се види дали си бремена, треба да поминат од прилика 2 недели од односот. Ако одиш пред време, може да се покаже грешно. Кога треба да ти дојде? Ти касни?
треба да ми дојде за 15 дена имаме незаштитен однос со дечко ми и сврши во мене и искрено не ми се чека дали ќе добијам, сакам што побрзо да дознаам дали сум бремена или не
Жал ми е, но тоа не е возможно. Да беше така возможно, и ние од групата "Вештачко оплодување" немаше да чекаме, да обелуваме коси во тој период од 2 недели чекање. Тест за бременост се прави само од кога ќе ти закасне еден ден, од датата на која требало да ти дојде. + види, ако се оплодило не можеш многу да сменеш. Продолжи да си живееш и ако несакате деца, играјте со заштита. Сепак стрпи се до датата кога треба да ти дојде. Шансите да ти се фати се 10%. Значи имаш уште 90% комоција. Процентите ми се извадени од џеб, за да не се стресираш. Колку и да е стресираш ништо не можеш да сменеш. Ако е оплодена јајце клетката, моментално е многу мала, и е залепена на матката. Нешто во стилот на крлеж. Можеш и да скокаш, да рипаш, ама ако решило да остане кај тебе, ништо не можеш да смениш.
како што гледам на календарче плодни денови ми се, искрено не планиравме бебе сега ама се надеваме на позитивно у брзо време.