епа детелинка, тогаш, продолжете да работите на случајот. ако си 15 дена од доаѓање, ова ти се најплодни денови
Devojki imate li iskustvo so vakov test za bremenost.Jas nonstop gledam samo edna crta a povtorno mi docni...
Здраво ако може да ми кажете за тестов ми покажува ена црвена линија и една др бела линија тенка, дали е позитивен утре наутро ќе направам пак тест ама неможам да издржам
Девојки јас направив 2 - на првиот тест се гледаше мноооогу малку линијата што се прашував дали само халуцинирам а вчера направив друг тест и линијата веќе се познаваше убаво ама не јако изразена. тестот го правев во текот на денот не со првата утринска. за утре закажав преглед. да видиме што ќе кажи матичната
После колку дена може да се направи тестот? Или треба да чекам до период? Стварно сум нестрплива и не можам да издржам?
Те читав и во другата тема , не може толку рано да се открие, почекај до датата кога треба да ти дојде, па ако не дојде тогаш направи тест. Исто и симптомите не можат после 3-4 дена од однос да се појават.
Ако го направиш порано може да покаже лажен негативен резултат, никогаш не се знае кога настанува оплодувањето. Има тестови кои покажуваат 7 дена од оплодување, но сепак најдобро е бар ден да ти доцни
Девојкиии ми касни еден ден и правев два теста sure check и двата ми се со бледа линија. Позитивен или негативен?
Мое мислење и најскап тест да е , неколку дена пред терминот кога треба да добиеш , нема да ти даде точен резултат, туку ќе биде лажно негативен. Иако го фалат clear тестот, кога се сомневав на бременост го направив 3 дена пред очекуван термин и беше негативен, ама како да си знаев дека има нешто. На денот кога требаше да добијам направив за секој случај уште еден и овојпат беше surecheck и си покажа ептен бледа втора линија. Така да мое мислење дека точно би се покажало најрано на денот на кој што треба да добиеш
Мене истото ми се случи. 4 дена пред да добијам направив тест и беше негативен. На денот кога требаше да добијам направив два теста и на двата имаше бледа линија. Два дена после тоа направив пак тест и ми покажа две убави црвени линии така да почекајте барем еден ден да ви касни и да направите тест и без паники
Здраво феминки . Ми касни веќе два дена . Пред еден саат направив тест и ми покажа негативен . Дали може да е лажно негативен затоа што не е со прва мокрача ? Ве молам за мислења