Не е оти не знаеш кога е зачнато. Плус не секој тест реагира исто на хормонот. Повтори го тестот за некој ден, ако не си сигурна направи бета преку крв.
Па тогаш не знам што паничиш. Што има врска ако си била во плодни денови, важно не свршил внатре. Од предсемена да се остане бремена шансите се скоро никакви. А и еден ден каснење не е многу.
Покажува неколку дена по ризичниот однос. Можеш да правиш само негативен /позитивен или вредноста на бетата. Во сите приватни лаборатории го прават.
Девојче, во друга тема прашуваш колку пари е абортус, а уште не знаеш дали си бремена. Што толку паника? Прво осигурај се, па после размислувај за другото.
Во ред, сепак сакам да се информирам доколку е тоа сакам да го направам што порано да не ми биде предоцна, прашав културно кој сака може да ми одговори. Фала многу )
Ми доцнеше цел едн ден и,вчера направив одма еден тест Be safe ама попладне, пишуваше дека може било кој дел од денот да се направи и ми излезе позитивен . Е сега ме буни фактот што на тестот пишува само за in vitro дијагностицирање?Што значи ова? Важи ли овој тест ако бременоста е по природен пат?
Здраво, јас се сомневам дека можеби сум бремена и купив тест за бременост. Е сега пишува урината да биде до 30 степени, оваа ми е малце нејасно. На другите тестови пишува вакво нешто или...?
Па во чаша пластична малце урина (еден прст доволно е) и остави го тестот внатре колку што е пропишано да стои Извади го по некоја секунда и чекај резултат Ти посакувам среќа
2 денa дoцнење и тестoв шaшaвo искoчи , врскa немaм штo му е или е негaтивен или невaлиден Дaјте мислење