Феминки добиен позитивен тест после три дена доцнење, Планирам да потврдам и преку крв, но ве молам споделете ваши искуства со посета на гинекологот (кога го посетивте, дали се прави ехо или уште е рано..) фала ви
Нема потреба и преку крв Честитки инаку, сега си отприлика 5та недела а гестациски 3та,така да ехо е рано бар за две недели ќе се гледа вибрирачката точка и слушне срцебиењето Со лес мила
Што ќе даваш пари само запреку крв, кога пак ќе мора на гинеколог да отидеш... Почекај две недели, додуше ја одма отидов, ми порврди ама за срце ми рече да бидам стрплива уште 3 недели. Со лесно и уживај сега
Цури еве пaк јaс...Денес пaк прaвев тест и пaк негaтивен.Ми кaсни 2 денa a денес еве и стoмaк ме бoли кaкo зa дoбивaње.Мoжнo е дa не е вaлиден тестoт? Пoтaјнo се нaдевaм сеуште...
Каков тест правеше? Јас до сега секогаш сум имала точен резултат на тестовите, а и штом те боли стомак, најверојатно ќе добиеш.
По мое би те воветувала да направиш тест уште еден. Барем на денот на циклусот, бидејќи мене ми покажаа 4 вакви теста и шур чек а на крај си добив... Со среќа
Си направив уште еден тест со сшур чек и позитивен е, сега веќе ми касни 5,6 дена. Закажав во систина кај мојот доктор прв преглед на 01.06. па ќе видиме што ќе види на ехо. Иначе надвор од темава, дали некој може да ми препорача добар матичен гинеколог за водење на бременост, кој е вклучително и пријатен и желен за да одговара на досадните прашања од трудниците, кој има, добра опрема, нема многу чекање пре преглед итн..???
Најпрво би сакала да ти честитам на бременоста и со лесно да си истераш до крај Мој доктор е др. Божидар Бошковски во поликлиника мвр во ординацијата на Коруновски. Е сега јас досега за се што сум го прашала ми одговорил и е пријатен и најмногу сум чекала 15 мин што според мене не е многу страшно. Немам мобилен од докторот незнам дали дава мобилен на пациентки ама јас не му имам побарано. Од мене толку и честитки уште еднаш.