Рано ти е направен, најдобро ти е да си направиш нов на денот кога треба да ти дојде или барем со еден ден доцнење, ќе ти покаже точно. Вака вторава линија е скроз бела, можеби е и невалиден. Или ако немаш трпение да чекаш оди провери си бета - ќе ти покаже сигурно.
Јас колку што знам втората линија си стои секогаш таму, тоа е местото обележано кај што треба да се "вцрви". Или е негативен или рано си го направила.
Невалиден. Линијата треба да е црвена а не бела. Почекај да ти закасни и повтори го. И се стават 3-4 капки мокрача
кога најрано може да се направи тест? требаше да добијам на 16ти, уште нема и има шанси да се фати од прво ? хихи не дека не сакам сакавме второ ама ете пак изненадување ќе е
Оти да нема шанси има ништо не ме чуди ко ќе сака Господ сака јас од вена испитував не купувам тест од аптека 200 денари ми земаат
знам дека има шанси, ама незнам неколку дена пред да добијам имавмр однос па затоа си викам не ми биле плодни денови не се има фатено, ама потајно си викам дека има нешто ако е рано
Јас така имам останато бремена сега, доцна овулација.. Затоа и ме водат по големина на плод, не по менструацијата бидејки ми се разликуваше 5-7 дена секогаш има шанса..
Веќе три дена ти касни. Можеш веднаш да направиш тест точни резултати ќе имаш дури и касна овулација да е среќно.