Тест за интолеранција на храна

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Crvena jabuka11, 16 октомври 2022.

  1. Crvena jabuka11

    Crvena jabuka11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Добро вечер сакам да прашам дали некој се има тестирано за интолеранција на храна,имам потешкотии после јадење на одредена храна и сакам да знам на која точно за да ја заменам и отфрлам. Ако имате искуство ве молам споделете го
    Исто така има на групер во моментов на попуст тест сакав таму да пробам ако се одлучам,секако ако вие знаете подобро оставете ми сугестии.
     

    Прикачени фајлови:

    На Ognen4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Јас правев пред 3-4 години во ПЗУ Срце. Приметив дека од одредена храна ме подува или почнува да ме боли желудникот. Излезе дека сум интолерантна на се што конзумирав секојдневно, значи од овошје, зеленчук, па се до лактоза, јајца, секаков тип на брашна, месо итн.... Е сега тестот беше околу 3000ден а имаше и опција да си доплатиш и за режим на исхрана да ти направат. Бидејќи бев интолерантна на се, не гледав причина зошто би плаќала за режим за исхрана... Како што го правеа тестот ми кажуваа сега на пример јаболко и резултатот да/не и малкуте работи што ми беа океј за јадење така уз муабет ми спомнаа дека треба да ги јадам или на пример оброкот каков да ми биде. Во голема мера се придржував ама не целосно бидејќи оброците требаше да ми бидат пасиран грав, грашок и сите други мешунки поради лушпата која ја имаат, не солено, не зачинето и без запршка, без салата бла бла, кафе никако, сокови не, алкохол не.. Буквално ништо. После 6 месеци требаше пак бидејќи кога ќе ги исфрлиш намирниците од исхрана на период од барем 6 месеци или година зависи и почнеш да ги внесуваш повторно постепено и во мали количини, го навикнуваш организмот на намирниците буквално како бебе и организмот почнува да ги прифаќа и интолерантноста се намалува или целосно се трга. Јас контролен тест повторно не направив ама почнав веднаш да осекам позитивни резултати и сама одредував кога и што ќе враќам во исхраната. На пример од зелка мислам дека цревата ќе си ги исповратев уште пошто друго не остана и почнав да ја јадам дури сега после 4 години и тоа понекогаш, по 2-3 лажички. Лубеница, диња после 2 години, јаболки истата година ама никако на гладно пошто ме убиваат киселини, манџите си ги јадев цело време ама во помали количини и на почетокот со лажичка гледав колку можам да ги стискам зрната од грав и да ја тргнам лушпата. Све у свему после долгиов одговор секако вреди да се направи такво нешто. Конкретно за ординацијава за која што имаш пишано не знам ништо, али ако сакаш можам да ти пратам резултати од Срце да видиш како изгледаат.
     
    На Crvena jabuka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Crvena jabuka11

    Crvena jabuka11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Ако можеш би ми помогнало ти благодарам .Ако сакаш може и во порака каде ти се чуствуваш подобро да ми покажеш
     
  4. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    До вечер ќе ти испратам слики во порака
     
    На Crvena jabuka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Јас син ми го тестирав во државна болница... За почеток почни да приметуваш која храна ти смета... Обично лактозата, сахарозата и фруктозата прават проблеми, а можно е и глутенот...
    Така да доколку веќе што си приметил/ла испитај се, испитувањето е преку крв...
    Дотогаш види дали млечни производи ти прават проблем, ако ти прават тие работи проблем има производи без лактоза...
    Сахарозата и фруктозата се поврзана супстанца, пробај одбегни некој период внесување шекер и овошје и се што содржи тоа во било кој производ.
    За глутенот има безглутенски производи некој период префрли се на нив...
    Исхраната најчесто нека ти биде домашна без многу зачини, и брза исхрана избегнувај...
     
    На Crvena jabuka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Crvena jabuka11

    Crvena jabuka11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот,направив пауза од млечните производи и ми е многу подобро и ќе те послушам ќе се потрудам да јадам храна без глутен.
    Само да те прашам исто така дали може да е генетски ова?
     
  7. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да, кај нас таткому е интолерантен на лактоза, еве сега и детето....
     
    На Crvena jabuka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Crvena jabuka11

    Crvena jabuka11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Во ред тогаш следно е да припазам на храната и да се тестирам
     
    На New live му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Meddy

    Meddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2021
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    481
    Ako sum intoleratna na nekoja hrana primer kako reakcii ima poduen stomak dali moze ili?
     
  10. Crvena jabuka11

    Crvena jabuka11 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Да мене ми се прави тоа ама и имам болки .Но секако не мора да значи дуењето на стомак понекогаш е нормално од прејадување или нова храна.Ама подуен стомак и болење после секој оброк не е во ред
     
    На Meddy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Мислам дека вреди ако имаш гастроинтестинални проблеми.
    Маж ми правеше во Др Павлина исто преку Групер ама пред години. Чинеше околу 1800 денари.
    Резултатите се прикажани така што за секоја храна имаш ознала со една од трите бои: црвена, жолта или зелена.
    Црвена значи дека таа храна треба да ја избегнуваш или да јадеш еднаш месечно. Жолтата значи дека смееш еднаш на две недели а таа со зелената не ти прави проблем и можеш да ја јадеш колку сакаш.
    Тој дозна дека е најмногу интолерантен на неколку намирници како бело брашно, сончоглед и телешко месо (храна што често ја јадеше), а со жолта беше на интегрално брашно.
    Од оваа храна му се дуе стомакот како балон, тешко му е. Но нема други симптоми.
    Јас сум интолерантна на јајца, поточно на жолчката. Не сум правела тест, тоа го дознав со самата исхрана. Ако јадам пржено јајце, прженици со јајца и сл добивам за рок од неколку часа наеднаш стомачни болки и дијареа. После тоа уште неколку саати сум стресена, исцрпена, осеќам општа слабост и како заматен ум. Накратко како да ме смачкал камион.
    Реагирам веќе и на храна што содржи јајца. Скроз ги избегнувам.
    А како дете еднаш добив алергија зошто сум јадела јајце во сите три оброка. Само се осипав по торзото наредното утро и ме чешаше осипот.
     
    На Crvena jabuka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Femiz

    Femiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    18
    Здраво дали некој знае колку чини оваа услуга во Срце? Ви благодарам
     

    Прикачени фајлови:

  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.076
    Допаѓања:
    155.399
    Да потврдам дека има врска тестот во Срце, додека оние преку крв немаат врска.
    Преку крв читаат некои имуноглобулини и испаѓаш интолерантен на се, особено тоа што почесто конзумираш, а врска нема. Го поминав и глупости живи.
    Овој во Срце е биорезонантен и испадна многу прецизно точен. Буквално работи што секогаш мразев да ги јадам зошто ми предизвикуваа повраќање и гадење, а ме убедуваа дека МОРАМ да ги јадам, на сите сум нетолерантна.
    И храна која се принудував да јадам зошто мислев дека сум пребирлива, а цел свет ја јаде, исто било со причина.
    Препорачувам.
    Сега нутриционистичкиот преглед...не знам. Девојчето е ок, објаснува, ама мислам дека може да е поспецифична, интернистката е топ! Цела крвна слика во детали ја објаснува.
    Д-р Горан од друга страна за други работи, ако веќе ги коментирам - предобар.
     
  14. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Машки
    Не е точно дека тест за интолеранција на храна преку крв не е точен. Имуноглобулините се антителата во организам и тие се најмеродавни. Има еден вид на процент колкава е интолеранцијата кон одредена храна. Ако се работи за одредена алергија на храна тогаш е различно зошто тест за алергија на храна и интолеранција не се исти работи. Алергијата е поопасна додека симптомите може да бидат слични
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ivicka5

    Ivicka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2021
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој колку чини тестот за интолеранција на храна на имунологија во Скопје?
     
  16. Pham

    Pham Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Јас платив 900 денари само за глутен и соја. Немаат реагенси за фруктоза и лактоза, инаку заедно со нив би чинело околу 1800
     
  17. moon14

    moon14 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    здраво друштво , сакам да споделиме искуства оние што сме интолерантни на лактоза .. какви симптоми имате , како се справувате :D
     
  18. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Здраво каде според вас е најдобро, најточно да се направи тест за интолеранција на храна, кога веќе плаќам да биде направено како што треба. До сега што разгледав по лабараториите син лаб ми е најсиплатливо 176 11.000 ден па биотек 45 - 6100, 90 -8000 и 120 - 12.000 ден.
     
  19. Makmel

    Makmel Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ние правевме на детето во Син Лаб толку беше околу 11000, се испитува во Германија и ти пракаат листа со што да се храни доколу има поголем степен на интолеранција.
     
  20. Powder

    Powder Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Дали сте задоволни од тестот, помогна ли во решавање на проблемот?
    гледам СинЛаб се на повеќе локации во која бевте вие?