сега е. па во наредните 12-36 часа треба да имаш овулација. И мене ми се има случено на 17 ден овулација, па потоа место на 28 ден добив на 30ти, ми се продолжи циклусот.
Мала збунка, која од линиите е контролна а која тест линија . Ако контролната е потемна од тест линијата сеуште не е позитивен . Овулација следи во рок од 12 часа кога тест линијата е потемна ид контролната . Ако потемната е сеуште потемна тогаш си блиску до овулација деновиве
Тогаш сеуште не овулираш ама си близу . Кога ќе бидат ист интензитет и уште подобро тест линијата потемна рачунај одприлика наредните 12 часа ќе пука фоликулот . Уште нешто - тестовите за овулација никако не треба да се прават со утринска мокрача . Секогаш со попладневна и секогаш одприлика во исто време неколку дена по ред додека не добиеш позитивен . Јас го правев секоја вечер во 7 часот неколку дена по ред . Со среќа
Девојки, дали некој има искуство со микроскопот Maybe Baby? Не ми покажува ништо, а веќе почнуваат симптоми на овулација (секој месец ги имам).
Да не не го правиш правилно. И јас го имам, на почетокот не ми испаѓаше ништо, ама на крај сфатив дека голема улога има дали пред тестирање на плунката сум земала храна, вода, цигара. Практикувај саат-два пред да го правиш тестот да не конзумираш ништо.
Ептен се дефицитарни. Еден месец начекав и веќе за другиот никаде не можев да најдам и си нарачав од e bay. Сврти две три страни наназад на темава го има линкот. 30 теста за овулација и 5 за бременост. Евтини се. Мирна ќе си со месеци (се надевам нема да ти требаат за многу долго ама имај)
Фала ти многу, го видов линкот и се мислев да нарачам, ама дека сега сум на средина од циклус сакав за одма, ама ништо.. Ќе ги нарачам тие од e bay, па се надевам дека ќе ми требаат тие за бременост, не за овулација.
Порачав од e-bay. Овој месец така ќе пробуваме, па кога ќе стигнат се надевам дека ич нема да ми требаат, ама ај нека ги имам.
Девојки има некоја од вас што константно го употребува(ла) maybe baby микроскопчето? Јас кога го зедов го користев константно тој месец, одтогаш одвреме навреме само за да се осигурам ориентационо дека сум околу овулација. Вчера ми беше 5ти ден од циклус и не знам што ми текна да се тестирам, испаднаа тие папратите чисти, без ниедна точка во околината. Циклусот ми трае 31 ден. За овулација ми е рано, барем јас така мислам. Прашањето ми е дали тестот не е доволно добар или можно е јас да имам некои пореметувања во хормоните (никогаш не сум проверила хормонски статус)?