Еве на претходната страна имаат пишано некои девојки од каде имаат купено. Од Виола и од аптеката во Систина. Со среќа.
Девојки, дали затемнувањето на линијата секој следен ден значи дека ќе имам овулација? Почнав да се тестирам од 11тиот ден од циклусот, ги сликам на апликацијата Glow и таму ми забележува дека се доближува накај positive. Денеска ми е 15ти ден од циклус и уште не е позитивен тестот, ама секогаш сум имала долги циклуси од 30+ дена. Ептен сум нестрплива дали ќе видам позитивен тест пошто не сум сигурна дека имам овулации.
Мене ми е или истиот или следниот ден по првиот позитивен тест. Некогаш е позитивен еден ден, некогаш 2-3 дена по ред, ама секојпат овулацијата е по првиот позитивен.
Да тоа ок, мене дилемата ми е дали воопшто ќе имам овулација, затоа се тестирам за да видам дали воопшто овулирам, бидејќи сум со ПЦОС и хипо/хашимото.
Јас го користев во првата бременост заедно со тестови за овулација. Микроскопот покажува повеќе денови во кои може да е овулацијата 4-5, тестовите за овулација ми беа попрецизни 1-2 дена.
i si zatovolna , te prasam zasto koga bev na kontrolla vtornik bese imav ovilacia okolu 15mm edna folekula a doktorkata mi rece deka petok saboda nedela tie se plodnovi denovi a ponedelniksabajle so mikroskopot gledam deka uste pondelnik mi bea plodnovi sega ne znam
Мерете базална температура и следете го секретот, тие се најточни показатели за овулација. Само едно топломерче со две децимали купете. Тестовите секогаш се дефицит,џабе се мачите ги барате.