Го има во Еурофарм и Зегин, а ваљда и низ други аптеки. Околу 1200 денари е и се користи неограничено.
Па посигурни ми беа тестовите, може и не го користев добро микроскопот. Инаку од Зегин аптека го земав тогаш.
Феминки дали некоја може да ми одговори. Три дена по ред имам позитивни тестови за овулација, базалната температура не мрда од 36.3. 16ти ден од циклус ми е, добивам на 28 дена. Некој со вакви маки како моите ако сака да сподели искуство, ќе бидам многу благодарна.
Имај си редовни односи. Тестовите за овулација може да се позитивни од 24-72 часа пред овулација. Базалната температура штом ти се покачи, веќе си овулирала. Супер си, нема простор за паника, само водење љубов и позитивни мисли.
Односи имаме редовно, денес тестот за овулација беше негативен. Се надевам од утре и температурата ќе биде покачена па да се смирам малку фала ти многу на поддршката, ми значи
Според упатството, и според тоа што читав, тестот е позитивен, имам и симптоми на овулација, како и секој месец, прв пат го правам тестов, чисто да видам дали точно си знам кога ми е овулација, и дали воопшто ја имам. Вие што мислите, според сликата?
Тестот се вика Vula, и купен е од Зегин, околу 200 ден. две патролички има внатре, и одма во првата минута ми даде резултат. Фала ви женски, ќе видиме за 2 недели дали било успешно.
Здраво феминки. Имам едно прашање ве молам. После скоро 2 год во брак, се обидувавме за бебе, но сеуште не бидна, решив да направам испитувања. Мојот доктор како една од точките што треба да ги следам, ми предложи овулациски тест... е сега, јас добивам на 30-31 дена, земав тест Clear Blue многу квалитетен, го правам веќе 6 дена, а секој ден ми е негативен.. а денес ми е 18 ден од циклусот Дали во овој случај јас овулирам доцна, дури кога? на 20,21 ден? Ако има некоја вакви искуство нека ми одговори. Фала однапред ❤️