14ти ден ми е, ама циклусот ми трае 31 ден. На микроскопчето ми испадна позитивен, тука релативно потемна линијата од претходните денови, затоа сакав да прашам за мислење. Базалната ми е ниска, ама ако качи веќе касно ќе е, затоа сакав да се осигурам. А, за активност обавезно, без разлика на тест, барем секој втор ден.
Мислам дека ептен блиску ти е овулацијата. Ако ти се тестовите One step од E bay, мене една членка ми кажа дека никогаш не добила со нив поинтензивна цртка од твојава, а имала потврдена овулација од гинеколог. Чим имаш циклус од 31 ден, овулација би требало да имаш на 17ти ден. Од позитивен тест 12-36 часа би требало да овулираш. Продолжете да сте активни. Денес се тестираше ли?
Циклусот последните неколку месеци ми трае 32, 33 дена, предходно ми беше секогаш точно 28 дена, незнам од кои причини веќе 4 месеци ми е пореметен, па незнам кога точно сум во овулација. Купив тестови за овулација, имам 15 ленти, па од кој ден да почнам да се тестирам, со оглед на тоа што последните месеци ми е подолг циклусот? Знам дека би требало од 11ти ден, но да не ги потрошам сите ленти пред да настапи овулација, од мало градче сум нема тестови по аптеките, ќе нема од каде да си докупам
Да, one step ми се, од eBay. Еве го тестот од денес, дефинитивно е многу побледа тест цртката, ама исто и контролната е бледа и не знам дали е валиден, а моментално не сум дома за да повторам тестирање (не носам уште една лентичка со мене). Еве го резултатот со микрсокопчето. Базалната ми беше 36.2, релативно исто како изминатите денови (36.1, 36.2 ми варира).
Почни од 13ти ден + 15 теста, ќе имаш да се тестираш докај 28ми ден што е сосема доволно дури и многу.
Пецкање во јајници немам, ниту сум имала некогаш. Исцедокот ми е белузлав и кремаст, уште не ми е воден. Досега сум детектирала овулација од 17ти-19ти ден, ама минатиот циклус ми траеше 37 дена и ми е страв да не ми е сѐ изреметено, затоа ми е во мисла да не овулирам порано/покасно.
Па мене ми се случи тоа изгледа минатиот месец. Мислев дека сум овулирала на 16-17 ден, а на крај испадна дека на 23ти ден најверојатно имам овулирано. Ако имаш тестови продолжи да се тестираш, ама најдобро имајте преку еден ден односи се до датум за добивање, така нема шанси да се утне. Ние така планираме овој месец.
Во упатството за употреба на oview ја има оваа табела. Јас да сум на твое место би почнала од 11ти ден, ако првите дена воопшто немаш контролна цртка, напрај пауза некој ден па продолжи пак.
Не сум го отворила сеуште пакувањето со тестовите, па незнаев дека ја има таа табела.Да така планирам да започнам со тестирањрто како што советувате.
Здраво, сакам да прашам во врска со лентите за овулација Oview, само еден ден ми покажа темно розево, исто како и контролната линија, секој друг ден линијата беше многу бледо розево, речиси невидливо. Поточно само вчера линијата беше темна исто како и контролната линија, денес е речиси невидлива. Е сега прашањето ми е дали мојата овулација е била во денот кога покажуваше темно розева линија, или допрва ќе е, (како што прочитав, од 1 до 2 дена откако се појавува темната линија е овулацијата) а тоа би требало да е денеска кај мене....но ете ме буни што денеска линијата речиси не се забележува.....
Таман си прочитала, ден-два после позитивен тест настапува овулација и да, понекогаш и истиот ден. Сметаш од првиот позитивен тест и понатаму нема потреба да се прават тестови, ако се потврди дека навистина имало овулација. Понекогаш може да имаш позитивни неколку дена по ред, некогаш одма стануваат негативни, битен е само првиот позитивен и води се по него.
Од 12 до 36ч после позитивен тест ке настапи овулацијата. Но не е битно да имате односи тек истиот тој ден туку три пред и два после позитивен тест. Темно розева е еднаш (барем од мое искуство) кога нивото на хормомот лх е највисоко.
Здраво девојки. Веќе неколку месеци пробуваме со сопругот но неуспешно. Денес земав од аптека Ovula тестови. Значи последниот циклус ми започна на 1ви септември и ми заврши на 7 ми. Денес е 9ти и на тестот за овулација ми покажа бледа цртка. Дали е возможна таа рана овулација малку сум збунета по резултатот. Бидејќи очекував овулацијата да стапи околу 16ти. Обично добивам 28-30 дена. Ви благодарам.
Треба цртата иста боја да ти е како контролната. Тогаш ќе настапи овулација. Ќе ти се затемнува секој ден се повеќе и кога ќе биде иста боја тогаш сметај дека ќе овулираш.
Што мислите? 11 ден ми е од циклус, на сите апликации овулација ми покажува тек дури на 16 ти ден. Циклусот ми трае од 26дена, некогаш и 31 ден