Овај е од денес. 12 часа после претходниот. Мислам дека сега е позитивен, тој од вчера многу малку беше послаба Т линијата.Дали да следам уште, пример по два дена, да видам дали ќе е тогаш послаба Т линијата, за да бидам сигурна дека била овулацијата? Фала
По аптекиве. Ама незнам во која, мажот ми ги купуваше. Мислам Овула се викаа,120-130ден, два теста во паковање
Ве молам за мислење, користам oview ленти, 8 и 9 ден ми дава бледа црта, денес 10 ден воопшто не ми се појави втора црта дури ни бледа. Што би требало ова да значи, дека овој месец нема да ми настапи овулуација, да продолжам ли следниве денови со проверка?
Може да значи дека уште е рано, тек 10-ти ден. Ако сакаш можеш да продолжиш, иако со тестовите не значи дека сигурно ќе ја "уловиш" овулацијата. Ако ти прават повеќе стрес, батали ги. Следи ги и другите знаци за овулација, ама најбитно е да се има односи редовно.
Се водев според табелата на циклус од 25 дена се почнува од 8 ден, а важно ми е да ја "уловам" бидејќи ги средувам хормоните, особено тироидата и по препорака од др треба да следам какво влијание имам врз овулацијата
Тогаш, од искуство ти препорачувам секој ден да се тестираш. Имаше период кога и мене циклусот ми беше 25 дена и овулацијата тогаш обично ми беше на 13-ти ден. Јас правам некогаш и два три пати во текот на денот, зашто некои циклуси кратко ми трае повишувањето на lh хормонот и лесно може да го пропуштам. Ако ти е битно да следиш, исто од долгогодишно искуство, ти препорачувам и мерење на базална температура и следење на хормоните во текот на циклусот преку крв, затоа што позитивен тест за овулација, не значи секогаш дека и навистина ќе се случи.
Право да ти кажам никогаш и сум немала волку јаки црти, дај Боже да биде нешто после 5 години борба и со иуи и со ивф
Можеби си немала, ако од покасно си тестирала овулација. За жал, не се сите жени со циклус како по книга. И јас мислев дека овулирам на средина на циклус, испадна дека околу 20ти ден имам овулација. Дај Боже да вроди со плод.
Циклусот ми траеше 27 дена денес ми е 12ти ден и ова ми е резултатот. Пијам овунорм.. што мислите, уште да чекам, многу се бунам со тестовиве..
На 4 дена сум до добивање, овој месец немав позитивен тест за овулуација, имав некои денови кога имав потемнување на тест линијата но далеку побледа кога треба да се спореди. Имам две прашања, колку временски трае покачување на лх хормонот (се тешам дека можеби не сум го погодила тајмингот) и дали се прави тест за овулуација за време на менструација (читнав дека има членки кои забремениле за време на менструација). Фала Ви девојки ❤
Пикот на ЛХ е 12-48ч пред овулација. Доколку си се тестирала со 'поразредена' урина, можно е да ти покажал негативен. Затоа понекогаш е потребно тестирање по неколку пати на ден. Исто така, можна е овулација за време на менструација. Не е често, ама не и невозможно. Би требало да е почесто кај жените со пократок циклус или повеќе денови крварење. Моја препорака, мерење базална во комбинација со тестови и пратење на цервикална слуз. Нема да утнеш овулација.