mislam deka si uste daleku od ovulacija mila, treba dvete linii da bidat identicni po boja. Ako dobivas na 30 dena bi trebalo ovulacijata da e nekade od 15tt do 20ti den. Prodolzi denovive da se testiras pa da videme
Не ги испорачуваат тука, One step само, ама поштарината е 50$. За Македонија веројатно само од ebay остана да се нарачуваат тестови.
Благодарам, да, пробав да видам и од таму ако најдам некој да споделам линк, но добавувачите на овие тестови не доставуваат до Македонија. Така да, ни остануваат One step. Тестовите за бременост се за никаде, ама за овулација се добри, вршат работа.
Имам јас 5 тестови за овулација ако ги сака некој би му ги пуштила по карго да ги го плати каргото само.
Testiraj se ovie denovi ako imas moznost nautro i navecer taka nema da ja ispustis ovulacijata, a spored testovite rano e seuste mila. Mora dvete crtki da se identicki isti po boja togas se smeta deka ke nastapi ovulacija. pozdrav se nadevam deka pomognav
Devojki ova e mojot test za ovulacija. Pozitiven e ili ne e? Neznam dali e bleda linijava ? Ve molam za mislenje.
Ве молам совет, овој месец прв пат користев ленти за овулација, На 14 ден покажа негативен, 15ти линијата почна да потемнува но сеуште недоволно темна, 16ти негативен. Дали ова значи дека сум немала овулација или лентите се непоуздани. Ве молам за мислење и искуство. Со сопругот веќе долго време се обидуваме и што се не пробавме.
Девојки, кон крајот на месецов очекувам да добијам. По препорака од гинеколог решив да почнам да користам тестови за овулација бидејќи според циклус не може точно да се одреди. Би ви била многу благодарна доколку споделите се околу тестовите за овулација бидејќи ништо не ми е познато и прв пат ќе правам. Ми препорача од Зегин некои биле околу 5 во пакување. Како се прават? Кога се прават? Како се толкува резултатот? Колку пакетчиња ќе ми се доволни? Ви благодарам однапред на сите одговори
Ќе почнеш од 10ти ден. Наутро во 6,потоа во 17h и вечер во 22h(јас така се тестирав). Втората линија треба д биде иста или потемна од контролната, тогаш настанув овулција, но секако вие бидете си активни кога ќе почне да темнее линијата Се капнува 2-3 капки урина на празното местенце, има и капалка со која да ставаш урина. Со среќа
Тестовите за овулација го детектираат хормонот со помош на кој се случува овулацијата. Тестот е позитивен кога тест линијата е со ист или појак интензитет од контролната. Меѓутоа, позитивен може да е и пред, но и по овулација, кај некои жени никогаш не станува позитивен, а имаат овулација, со еден збор ако се употребуваат сами без друг метод за утврдување дека овулацијата навистина настанала, воопшто не се сигурен метод. Најдобро да се порачаат преку интернет во поголем број, да се тестираш повеќе пати, повеќе дена, затоа што 5 теста се малку дури и за жени кои редовно овулираат на отприлика исти ден од циклусот и им треба само за потврда. Тестирањето зависи од упатството на производителот, ама вообичаено е да не биде со првата мокрача и да е меѓу 10 и 20 часот, а кој ден ќе почнеш зависи колку ти е должината на циклусот, го има и тоа во упатството, но, за почеток порано, поарно. Друго не ми текнува, ако те интересира уште нешто, слободно прашај.