Здраво. Денес правев тест . Ми се покажа бледа линија. Па сакам да ве прашам дали треба 2 пати дневно да правам за да не ја пропуштам овулацијата или доволно е еднаш во денот?
Јас ако не се тестирав два пати во денот немаше да начекам позитивен тест. Еден правев во 12:30 попладне и еден околу 21:00. Позитивниот ми беше на 16ти ден од циклус во 21:00.
Прв тест. Сакав да пробам о со тестови. Порачав од eBay ама си реков додека ги чекам да купам од тука
Ми личи дека цртичката денес е послаба од таа вчера. Ај види ти во живо како ти изгледа? Да не случајно настапила порано овулацијата?
и јас мислам исто. Значи залудно си се водам по апликација? пред неколку дена имав како исцедок ама си реков ај рано е. Затоа и решив преку тестовиве. Имам една неуспешна инсеминација
Не се води по апликација пробај пред овулација да правиш тест или после тоа. Јас иако добивам на 28 дена мене овулацијата ми е од кога ќе заврши по апликација.
Апликацијата претпоставува кога би настапила овулацијата ама не е кај секоја жена така. Некоја порано овулира, некоја покасно, некоја ич и апликацијата тоа не може да го знае. Следен месец ќе почнеш со тестирање порано. Можеш и базална да мериш.
Почни си од 10ти ден најсигурно. Кога ќе почне да станува појака ќе се тестираш два пати во денот. Јас ја користев и апликацијата Glow. Има опција да ги скенира тестовите. Еве ги моите. Има и датум, па чисто да видиш отприлика.
Женски, сакам да порачам од али ленти за овулација, гледам има неколку различни. Кои ви се покажале како најточни и од кои сте задоволни?
Јас ова го рачунам за позитивен. А, и можно е цртката утре да биде уште појака!! Во плодни денови си. Среќно