Devojki, ne mi ide so testovive. Gi imam ovie od ebay, probav nekolku pati, kontrolnata linija se pojavuva, a test linija bas nikakva nema. 9ti den od ciklus. Moze li da e rano za bilo kakva crtka? Bas go drzev do max linijata, pa podole, pa 3 sekundi, pa 7 sekundi, nikako ne ide
Мислам дека е рано. Некаде после 11 ден од циклус би требало да покаже бледа. Ама, сепак тоа е индивидално.
Зависи колку ти трае менструацијата можеби подоцна имаш овулација,јас добивам на 25 ден на 8-9 ден веќе имав позитивен тест.
Таа од страната на дршката е контролната, а онаа што се појавува од страната на местото што го потопуваш во мокрача е тест линијата
Здраво девојки ,прв пат пичнав овој месец со тестови за овулација па сакам некоја од вас да ми кажи искуства ,имам циклус редовен на 28 дена дали на 12 ден сум имала овулација
Саботата вечерта или недела утрото ти била овулацијата. Позитивниот тест најавува дека овулацијата ќе се случи во следните 12-24 часа.
Здраво девојки Утре прв пат ќе правам тест за овулација Oview. Е сега гледам пишува од 10 до 20 часот да се направи тестот, ме интересира кога го правите вие. Дали ако го направам на утринска мокрача ке биде правилно направен, затоа што сум на работа до 16 часот па да не биде доцна? Ве молам за совет
16 часот не е воопшто доцна. Гледај урината да биде што поконцентрирана. Пожелно е да правиш тестови два пати во денот. Околу 21 часот навечер исто така е добро време за тест. Со среќа
Женски, на 31.12 добив на 06.01 ми заврши. Овој ми е така поредовен циклус претходните ми беа измешани. Порачав од лентите за овулација од Али експрес, вчера прв пат пробав ништо немаше сега како да ѕирка бледа ептен линија една или халуцинирам незнам искрено. Прашањето ми е следно, што мислите кога е најдобро да се тестираш, јас и вчера и денес во 21ч. Дали од утре да почнам и по 2 пати дневно или рано е? Појма немам и кога би била овулацијата месецов ако воопшто и ја имам, а дај боже да ја имам Ве гушкам сите и годинава нека почне со убаво, не само жар цртки на тестовите за овулација него и на тие за бебушка
Продолжи да правиш тестови. Кога ќе почне да се затемнува линијата почни да правиш два пати во денот. Можеш околу 16-17ч и после во 21ч. Гледај мокрачата да е доста концентрирана