Побарај низ темата наназад има линкови, девојките нарачуваа тестови од Ebay, а јас нарачував од iHerb 40 тестови за овулација и 10 за бременост одеа во комплет.
Овој пат со нови сили, и со помош на 2 теста за овулација (така идеа во пакување) за прв пат . Веројатно тестови ќе треба да докупам, но кога да почнам да ги правам, еден ден пред предвидената овулација, или на денот на самата овулација? И кога ќе видам позитивен резултат, дали веднаш да се "фаќам за работа" или во наредните 6, 12, 24 часа.. Навистина сакам пвој пат да направам се како што треба..
Неколку дена пред очекуваната овулација почни. Ден два пред овулација прави тестови и два пати на ден.
Девојки мала помош молам .. Циклусот ми трае 27 дена а вчера тестирав на 14ти ден од циклус и добив негативни тестови . Тестирав околу 13ч и 19ч . Поради негативните тестови помислив дека сум имала рана овулација која веќе поминала но за секој случај тестирав и денес на 15ти ден од циклус пред еден час и добив близу до позитивен тест според мене што би значело претпоставувам дека овулацијата допрва би се случила .Вчера бевме активни за среќа .. Што мислите вие ? Ке тестирам уште еднаш вечер и утре секако .. Првите два теста се од вчера оној со потемна линија е од денес
Читав некаде дека некои имале на 2/3 години овулација. Дали е тоа можно и како се испитува? П.С. јас правев цел месец тест на овулација со траки и ги лепев во тефтер и пишував датум. Според тоа ми излезе 8 ден и 18 баш црвени линии, дали е тоа можно 2 пати овулација?
Не е можно. Веројатно првиот пат не дошло до овулација, па организмот пробал повторно да овулира. Некогаш се позитивни пред добивање.
Jas malku dosadna ama mi treba pomos od nekoj poupaten od mene ..Ova se testovite tri dena po red testirano - zadvcera i vcera dva pati na den denes samo ednas vo 19h . Mislev deka vcera mi e pozitiven a denes imam grcevi kako za ovulacija i pak pozitiven test .. napisano so brojki se datite koga se praveni . Koga mi e mene ovulacijata spored ovie testovi denes ili vcera ?
Од вчерашниот линијата личи дека е со ист интензитет како денешниот. Таман значи, овулацијата била или вчера или денес, не можеме да тврдиме ништо, ако паралелно не си ја следела и на друг начин. Сепак, за секој случај дружете се со сопругот овие 2-3 дена
Не би се сложила дека не може два пати да се има овулација нели два јајника имаме и може двата да овулираат во различно време. А се сложувам дека едниот јајник еднаш месечно овулира или може и да не овулира ни еден од двата јајника
Не. Не може да се овулира два или повеќе пати во еден циклус. Во еден циклус може да се овулира само еднаш и тогаш, при таа овулација може да се ослободат две (или повеќе јајни клетки), одеднаш. Ова се вика суперовулација и така се зачнуваат близнаци, тројки итн.
Може неколку дена да го имаш исцедокот пред овулација. Според тоа што кажуваш за тестовите, не си овулирала. Битно е секогаш кога има таков исцедок да се има односи, независно кој ден од циклусот и какви се тестовите.