Немаш потреба да правиш уште тестови. Овој е позитивен максимално Вечер и утре активности обавезно. Со среќа
Да, треба да се затемнува се додека не дојде иста како линијата С. Да си провериш хормони ако немаш проверено, а може да е и до самиот тест, може да си пиела многу течности..
Ако не била концентрирана урината можен е ваков резултат. Обиди се да не пиеш многу течности пред да правиш тест.
Пробај. И пробај нарачај тестови од интернет. Јас нарачував од iHerb и даваа многу убави јасни линии за разлика од овие што ги користиш.
Другарка така имаше варирање на цртките и испадна висок пролактин, па поради тоа немаше ни овулации. Не знам тироидна дали прави таков проблем. Како и да е не е страшно, се се решава. Не сакам да ти наметнувам секирации туку поентата ми е да не губиш време. Што можам ќе помогнам, пиши слободно
Со прва урина да не правиш? Бидејќи тестовите за овулација не се прават со утринска урина. И најдобро е да правиш по два теста во денот, на пример еден на пладне и еден навечер, така ќе си сигурна дека нема да ја утнеш овулацијата.
Се сложувам со Iris-1234. Јас првиот и вториот ден кога почнав ги направив наутро и ми даде како кај тебе, а третиот ден направив со втора или трета урина. Читав и дека препорачуваат да не пиеш препремногу течност (нели тоа правиме за да мочаме побрзо), зашто може да се истенчи урината па да не се покаже правилно хормонот. Ако имаш повеќе тествови, најубаво по два дневно за да си посигурна.
Правам и наутро и навечер, ке почнам и попладне од денеска 13 ден од циклусот ми е с ми трае 26/27 дена