Девојки помош Малку ми е срам ама ќе признаам ништо не ми е јасно Може ли да ми појасните како, кога се прават тестовите, колку пати во денот? И што значи позитивен тест - колку време имаме за работа?
Се прави исто како и оние за бременост. Зависи колку ти трае циклусот, во просек нели 28 дена, па почни од 10ти ден од циклус. Додека цртката е бледа прави еднаш во денот, било кога само да не е првата утринска мокрача и да немаш мочано барем 3 часа за да не биде разредена. Позитивен е кога С линијата ќе биде јака колку Т или појака од неа. Јас правев еден во 12ч и еден во 21ч. Секогаш тој вториот на 15ти ден од цуклус ми бил позитивен. Пошто мерев и базална, утрото на 16ти ден ми беше покачена, значи од 21ч до 7ч утрото настанала овулацијата. За работа се фаќате уште од 11 ден да речеме, таа цела недела е 'плодна'.
Почнав да правам од како ми помина менструација 2 ден, на 9 ден значи од како ми дојде, дали е можна рана овулација да сум ја испуштила оди од потемно кон посветло, претходен месец имав точно на ден Сега ми текна порано да почнам да правам … Некој со слично искуство ♥️❤️
Овие се негативни, знаеш. Кој ден ти е денеска? Не мора да е на исти ден секој месец и да, можно е да си ја испуштила, не се потпирај целосно на тестовите.
11 ден, по правило треба за 2/3 дена да имам, но чудно ми е од потемно кон посветло оди Фала ти, секако пробуваме без разлика на тестови до следна менструација додека дојди не губам надеж ❤️
Прв пат ми се случува ова. 14ти, 15ти и еве сабајлево 16ти ден цртата е иста. Ни послаба ни појака, тотално се исти сите тестови. Позитивни не се. Ме болат јајниците од 14ти ден, вчера имав и малку исцедок како за овулација. Зошто трет ден иста црта?
Ако се тестираш еднаш дневно мислам дека можно е да го имаш утнато пикот и да почнал да паѓа ЛХ, па затоа е пак иста цртата. Ама може и ќе имаш овулација покасно, ако имаш тестови продолжи да се тестираш.
Сега правев и побледа е цртата. Како на 13ти ден што ми беше. Два пати во денот се тестирав ама помеѓу вториот на 14ти и првиот на 15ти помина повеќе време, па само тука имам сомнеж дека можеби ми кидна. Како и да е, имаше два срамежливи обиди
Кога го правеше? Да направиш пак до вечер? Можеби е посветла, а можеби само си се напила повеќе течности, па се разредила урината. Искрено и тој од вчера не ми изгледа позитивен, ама тука некаде е.
Совет за следен пат, кога ќе видиш дека се затемнува линијата почни да правиш тест два пати дневно, еднаш околу 12ч и после вечерта околу 21-22ч. Вака со еднаш дневно можно е да си го пропуштила пикот.
Веројатно меѓу 19ти и 20ти ти била. Баш како што кажа @Iris-1234, кога ќе почне да затемнува, прави по 2 дневно. У твојот случај би почнала на 18ти по два. Сепак не значи дека си аут
Zdravo devojki, ne mozham da pogodam denovi na ovaluacija. Mnogu testovi napraviv, i sekogash e edna crta i drugata bleda. Koga i da idam na ginekolog mi kazhuva deka ima folekuli no na test nishto. Dali pravam neshto pogreshno
Кога се тестираш во текот на денот? Колку ти трае циклусот и од кој ден почнуваш со тестови? Колку пати на ден се тестираш?
Kako shto pishuva na upatatvoto pomegju 10 chasot nautro i 20 chasot navecher pochnuvam od 11den od dobieno prwvam po eden test na den. Celiot ciklus trae 28 dena
Можеш да почнеш од 10 ден. Кога ќе видиш дека линијата почнува да се затемнува т.е дека се ближи овулација почни да правиш два пати дневно, најдобро едниот околу 12ч, а вториот околу 21ч за да ја фатиш овулацијата. Пикот на ЛХ хормонот е краток и можеби го пропушташ со тестирање еднаш дневно. И биди упорна, тестирај се додека нè фатиш овулација, јас еднаш ја фатив на 18ти ден, а циклусот ми беше 28 дена.
https://24apteka.mk/product/oview-test/ Јас овие ги користев и супер ми се покажаа, исто така членките тука се задоволни од Ovula тестовите. Јас ги наоѓав само во Зегин, а и од 24ч аптеката можеш да си ги порачаш онлајн