А има и други што може да се најдат пвде подобри? Јас за првото користев од овие и од прв месец со нив бидна... Па за други ни незнам
Јас од oview не сум баш задоволна, едно не се во касета па треба да ги потопуваш а второ додека ги користев некако не успеав да фатам позитивен тест. Јас ги претпочитам Laboquick, овие се истите со поранешен Ovula, сега се продаваат под ново име, инаку истата фирма. Околу 140 ден, два теста во пакување. Ги има во Зегин. Во касети со пипета во пакувањето.
Едни потсетување ако може. Два пати на ден треба да аправам тест и пред правење 2 часа да внесувам течности, така беше?
Јас правев наутро и навечер. Навечер ќе се напиев вода и гледав барем 1.30 мин да не мочам за да биде по концентрирана урината. Значи правев сабајле во 7, навечер во 7
Зошто два пати? Еднаш (наутро) не е доволно? Прашувам бидејќи не сум упатена, а би сакала да почнам и јас.
Затоа што пикот на LH хормонот трае многу кратко и можно е да не го фатиш со еднаш тестирање, затоа се препорачува два пати. Наутро кога ќе станеш со прва урина не се прави тестот. Јас правев еднаш во 12ч на пладне и еднаш во 21ч. Супер ја фаќав овулацијата и така состанав бремена
Еве јас сум ти пример за пропуштен пик, почнав со тестирање порано од тоа што пишуваше дека треба на 9ти ден почнав , на 10 правев во 2ч беше темна линијата но не како контролната и си мислев аха утре сигурно ќе е пикот и не направив вечерта , на 11 ден веќе линијата побледа беше значи пикот бил поручекта на 10тиот ден да тестирав 2 пати ќе го фатев, пак наоравив денес на 12ти ден линијата уште побледа....
Здраво чупиња да ве прашам направив денес тест за овулација, циклус добив на 19ти овој месец. Последните неколку месеци добивав покасно. Денес ми е 9ти ден од менструација, на тестот за овулација ми се појави и втора бледа линија. Дали е можно порано да ми се плодните денови. Ве молам за искуства, прв пат правам ваков тест а сакам да забременам. Фала ви
Тестирај редовно кога ќе се исти двете линии е позитивен и имаш овулација за 24 до 48 часа. Се е можно за овулацијата
Ова не е позитивен тест. LH хотмонот е секогаш присутен во организмот и затоа има бледа линија. Продолжи да се теститаш додека не добиеш две исти линии или кога тест линијата ќе биде појака од контролната, тогаш тестот е позитивен.