Здраво девојки, прв пат правам тест за овулација и не ми е баш јасно, дали оваа значи негативен тест?
Да, негативен е. Тест линијата треба да е иста како контролната или појака. За најсигурно да фатиш овулација тестирај се два пати дневно.
Женички помош... Прв пат правам тест за овулација и искрено не знам дали е позитивен тестов... Правев и Hsg се е добро и ми рекоа дека после него шансите се многу големи за забременување... Па сега се фаќаме за работа и сакам да знам кога ми е овулација
И после тоа 24 часа активна ќе му кажам на мм ден од одмор да земе... Шала на стрна од позитивен тест 2 дена имаме фора така?
Нека си има материјал внатре па кога сака нека е Обично викаат после 36 часа од позитивниот тест настанува овулација ама како и за се останато, сите сме различни. Кај мене позитивен тест вечерта во 21ч., следниот ден одам на ехо накај 17ч. и пукнат фоликул, значи пукнал во текот на ноќта или денот до ехото.
Да ама помала беше цртката и искрено се разочарав колку и да кажуваме не се замараме кога ќе дојде добредојде бебуле... Ама секој ден се повеќе и повеќе ми се плаче... И реков прв и последен пат купувам вакво нешто... Ќе треба станот да си го продадам колку се скапи... Да треба една година да ги правам готово... Кредит само за тестовите
Да, не се баш со прикладна цена за оваа работа. Можеш да си мериш базална температура. Има посебна тема на форумов, ако си заинтересирана, ѕирни.
Цртката и треба да стане побледа на тест за овулација. Станува полека потемна, идеално треба да е потемна и од контролната линија, и кога ќе видиш дека следно е побледа тогаш настанала овулација. А иначе најдобро да си нарачаш тестови од алиекспрес, 20 се 3-4 долари. Истото важи и за тестови за бременост, ако знаеш дека секако ќе купуваш, не вреди тука од аптека. Еве ги моите тестови од месецот кога останав бремена, тест линијата никогаш не беше претемна, ама се гледа до каде затемнувала, и кога почнува да бледее кај што настанало овулација. Со оглед дека треба 2 теста на ден да се прават, ич не ми се исплатеше да купувам вакви тестови тука.
Немам слика. Направив тест вчера накај 20:30 овула се вика од зегин. Не беше позитивен, денес направив накај 17:30 линијата беше уште побледа. Вчера ми беше 11 ден, денес 12 ти. Инаку обично циклус добивам од 27 до 31 ден. Допрва да чекам овулација или можда ми била многу рано, зашто ова линијава ми беше побледа од вчерашната. Не планирам бременост ама ме интересира зашто циклусот ми варира ептен месециве