Па да, секој месец имаме овулација. Ако имаш исцедок поготово. Освен нели, ако жената нема некој проблем.
Se nadevam, jas skoro sekogas imam iscedok sekoj mesec ustvari po toa i znam dali ke imam mesecot ciklus, ednas se ima deseno koga bev pod stres da nemam takov iscedok i togas ne dobivav posle koga mi se pojavi iscedokot za dve nedeli dobiv, ama sega mi e redovno retko da mi docni, ti blagodaram mnogu
Zdravo devojki, od ovoj mesec pocnav da pravam testovi za ovulacija. Gi zedov na oview. Pravev sekoj den odprilika okolu 12h i 18-19h. Pocnav da pravam na 10ti den ke ciklus i imase edna linija na 10,11,12ti den, 13,14,15ti den se pojavi vtora linija no celo vreme bese bleda. 16,17ti den pak edna linija. Do sto bi bilo sto nemase jaka vtora crvena linija?
Многу чудно, да нема линија. Секогаш има бледа зашто хормонот е цело време присутен. Да не пиеш премногу течности? Пошо и тоа многу влијае, се избегнува да се пијат многу течности барем 2 саати пред тестирање.
Си ја промашила јаката линија. Се тестира еднаш дневно додека не добиеш бледа, па после насабајле и навечер. Јака линија се добива само во тие неколку часа ако ги погодиш, ама може овулација да ти е пример во 15ч, ако тестираш во 9ч и во 21ч, пак и двете да се бледи. Еве ти за пример како изгледаа моите тестови:
Здраво девојки, имам прашање во врска со тестови за овулација. Оние кои имаат искуство со нив и кои знаат дали може да ми одговорат. На која фирма тест препорачувате, како се прави тестот, кои денови по циклусот и сл. Немам правено до сега и не сум информирана.
Јас си нарачав од алиекспрес. Во аптека се прескапи и има само 1 или 2 во пакување, а ти треба минимум 6 ако баш го погодиш денот. На редовен циклус од 28 дена, се очекува овулација на пола, на 14от ден и тестирање се почнува 2 дена претходно. Еднаш дневно, секој ден во исто време. Штом се добие бледа линија се тестира 2 пати дневно. Овулација настанува кога тест линија ќе почне да бледее откако ќе биде иста боја како контролната линија, и најплодна си во следните 24 часа. Ако имаш нередовен циклус, би требало да тестираш од денот кога ќе заврши менструацијата зошто овулација може да има и на 7ми и на 27ми ден при нередовни циклуси.
Нормално е да нема втора линија, концентрацијата на ЛХ не е на толкаво ниво да го регистрира низ целиот циклус. Јас пред овулација и после имав само контролна линија. @Lucky_Girl_Boy каква беше втората линија? Не мора да е екстремно темна за да има овулација кај Oview, лесно може да се испуштат тие часови со најтесна линија, ќе ти прикачам слика од месец со сигурна овулација потврдена на фоликулометрија и зачнување на истиот циклус.
Па без разлика присутен е хормонот, ако пиела многу течности, голема е веројатноста да не покаже. Еве и кај тебе не е скроз ама сепак се гледа линија.
Тоа се тестовите во рок од три дена кога се качува нивото, затоа има линија, 2 дена по овулација веќе нема еве го и тој сум го исекла на првиот скриншат. Тие пред 0.1 не ги ни внесував во Premom. Не дава тестот за овулација 2 линии цел циклус, мора да е доста повисоко ЛХ за да има линија, без разлика кој бренд е.
Денот после 0.62 peak овулирав со сигурност, пошо следев и со температура, после по ехо точно си одговараше. Овулацијата е секогаш ден/пола ден после најсилниот тест. Знам дека се поскапи тестовите, ама ако некоја се соочува со нередовни циклуси, пореметувања, многу даваат насока во комбинација со температурата.
Најсилен ми изгледаше вториот затоа мислев дека измеѓу настанала ама сега гледам третиот ти е сликан исушен, другиве се тазе сликани.
Zdravo devojki, edno prasanje dali moze da se zabremeni dva do tri dena posle ovulacija? Moze i poveke se pominati.. Ima li sansi ili sepak nema voopsto ?
Не, затоа што исфрлената јајце клетка што треба да биде оплодена живее во нашето тело од 12 до 24часа, односно еден ден.
Еве го и мојот, 9 ден од циклус правен сабајле. Вечер пак ќе правам и баш ме интересира кој ден ќе имам овулација.
Кај мене немало секогаш втора линија. На циклус од 30 дена, втора линија макар и бледа сум добивала на 11 ден па натаму с сум овулирала на 15-16 ден, на 9-10 ден имало само една црта, така да може да има само една. @TamDi имав и јас ваква ситуација, тестови 2 дена со 2 линии ама не изедначени ама па на ехо се потврди овулацијата. Веројатно на 14-15 ден има настапено кај тебе, штом веќе на 16ти ден имало пак само една линија. Јас имав така потврдена овулација со ехо на 14 ден, 15тиот на тест само една линија. Ај мислев до тестовите е што не ми се изедначуваат јако 2те линии, пошо на алиекспрес беа тестовите ама сосем си се ок за тие пари.
Кај мене секогаш имаше, бледа ама ја имаше, бидејќи хормонот е присутен цело време. Коа беа исти нели тогаш е позитивен. Ама секогаш имав цртка и бледа ама ја имало.