Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тест за овулација

Дискусија во 'Бременост' започната од newring86, 9 август 2015.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.289
    Допаѓања:
    7.398
    Пол:
    Женски
    Oview оние 5 внатре што се.
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Кај жени со пцос исто може да покажува постојано линија, кај нив и не се сметаат за релевантни тестовите поради постојано покачениот лх.
    @Konstrakta их ама е темен за 9ти, кога овулираш вообичаено?
     
  3. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    3.028
    Пол:
    Женски
    Уф, пред бременост на 14-15 ден, сега ми е нередовен циклусот после пораѓај па затоа се тестирам :D
     
    На Kala22 и Noemi им се допаѓа ова.
  4. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас исто прв пат ги правев месецов на Ovula (по препорака на форумов, oview не наоѓав никаде) мојот циклус трае 30-31 ден, почнав да се тестирам на 12ти ден, секогаш втората линија ми беше бледа дур не стигнав на 16ти ден кога ми покажа 2 темни цртки. (на тестовите има и табела кога би ти била овуалцијата според циклусот, меѓутоа не е секогаш тоа точно)
    Си следев и на апликација и на тестови за да погодам.
    Good luck!
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.289
    Допаѓања:
    7.398
    Пол:
    Женски
    Јас немам пцос, па ете имаше секогаш цртка.
     
  6. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki, denes prvpat napraviv test za ovulacija posle 9 dena od poslednata mens. (24.07 posledna) i sakam da prasam kako se koristat, bidejki nemam iskustvo bash so testovite. Na kolku dena da se povtoruvaat i koga da ocekuvam najtocen rezultat. Kako isgleda denesniot ( ima bleda linija)
    IMG_9395.jpeg
     
  7. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    850
    Каде ги купувате Oview тестовите?
    Барав во аптеки и само Овула нудат.
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    Јас сум наоѓала во аптека Субра во East Gate и Марија гален фарм по скаличките долу спроти универзална кај броз.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    850
    Здраво девојки. Прв пат правам тестови за овулација па ми треба помош.
    Првиот тест е од вчера, работевме на случајот :D
    Втората слика е од денес, втората линија е бледа.
    Прашање: дали овулацијата е завршена? Ако фатило фатило, или да пробуваме и денес?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1893.jpeg
      IMG_1893.jpeg
      Големина на фајлот:
      297,5 KB
      Прегледи:
      67
    • IMG_1912.jpeg
      IMG_1912.jpeg
      Големина на фајлот:
      373,2 KB
      Прегледи:
      66
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.289
    Допаѓања:
    7.398
    Пол:
    Женски
    Веќе настанала овулација, ама можете да имате и денес. Ништо не смета, само задоволство.:D
     
    На Rozevata и Iva.T им се допаѓа ова.
  11. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Што би рекол мм.. ај ние да си работиме за секој случај. :rofl:
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    850
    Истото го кажа и мојот :rofl: иако јас бев веќе уморна, ама сработивме уште 2 пати (facepalm):rofl:
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. April92

    April92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Денес прв пат правев тест за овулација да пробам како изгледа процедурата :) бидејќи неколку месеци пробуваме за бебе со мм, па решив да почнам со тестови. Се изнендадив од бојата на цртките, некако ми изгледаат јаки, иако првата цртка е малку посветла од втората. Не очекував бидејќи ми е 7ми ден од циклус. Не знам дали да сметам на позитивен тест и да работиме на случајот деновиве?
     

    Прикачени фајлови:

  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.289
    Допаѓања:
    7.398
    Пол:
    Женски
    Работете, позитивен е. Чим се исти цртките позитивен е. Порано ќе имаш овулација месецов.
     
    На Bejb15 и April92 им се допаѓа ова.
  15. Srna92

    Srna92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Последна менструација ми беше на 1ви август. Следев овој месец овулација на 17ти-претпладне и вечерта и 18ти-претпладне, тестовите беа позитивни. Бевме активни и двата дена. На 19ти веќе тестот беше негативен. Денес направив тест за бременост негативен е... Некако и циклусот ми се измести последниве месеци како почнавме со обиди за бебенце (претходно добивав на 28 дена плус/минус ден). Ако сметам 14 денови после овулација би требало денес/утре да ми е ден за не/добивање. Симптоми скоро и да немам, освен малку осетливи гради. Скоро шест месеци се обидуваме, не знам дали да почнаме со некои испитувања или да почекаме уште некое време...
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2268.jpeg
      IMG_2268.jpeg
      Големина на фајлот:
      213,3 KB
      Прегледи:
      38
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Таман си ги погодила деновите според овулација. Според годините јас не би чекала повеќе би почнала со хормонален панел за тебе (ама со инсистирање да се стварно сите хормони) и спермограм со спермокултура за него. Брисевите чисти ли ти се?

    Ако сите овие работи искочат ок следно е да провериш проодност на канали.
     
    На Srna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Srna92

    Srna92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Вчера добив, точно 14 дена после овулација... Брисевите се уредни, немаше ништо во февруари правев. Единствено што ми кажа матичниот дека матката има срцевидна форма (го прашав дали е некаков проблем ме убеди дека нема да ми биде проблем за/во бременост). Можеби е краток период но премногу тешко го доживувам. Фала ти за поддршката и советите, уште месецов ќе си почнам со испитувања.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    850
    Истото и мене ми го кажаа за формата на матката.
    Мене ми препорача гинекологот да се направи снимка 3д или 4д не сум сигурна каква. Така да чекам термин за снимање. Можеш да побараш таква снимка, за да бидеш полабава и да не мислиш на тоа.
     
    На Srna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Направи си 5Д на матката да си сигурна колкав е септумот, на обично ехо не се гледа баш најјасно. Инаку може да е пречка, зависно од големината, но се решава оперативно.
     
    На Srna92 и Iva.T им се допаѓа ова.
  20. Srna92

    Srna92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Каде закажа за снимање и колку време чекаш? Другарка со истиов проблем беше, без проблем имаше две бремености, но кај секој е различно... Да се надеваме на позитивен исход.

    Може да е пречка и за зачнување? Во бременост читав дека може да претставува проблем, но како и да е подобро со време да проверам... Некако убедлив беше матичниот дека нема да имам никаков проблем (да не се плашиш ако некој друг ти рече дека ова е проблем, и мајка ти и баба ти сигурно имале ваква матка па родиле, генетски ти е ова).
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.