Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тест за овулација

Дискусија во 'Бременост' започната од newring86, 9 август 2015.

  1. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    2.522
    Јас сум со Т форма на матка еве носам близнаци.Другарка со еднорога матка остана природно од прва трудна родк здраво право дете,еве сега е трудна со второ.Штом така ти рекол докторот даму веруваш.И мене сите доктори ми кажаа дека не е проблем за бременост ама мене ме копка и гоогле мора да отворам.Мислам дека некогаш сами си правјме поголем стрес
     
    На Srna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    8.576
    5д прават во сите приватни, околу 4/5000ден е, се прави во втор дел на циклусот.

    Убаво ти пишав во претходниот коментар зависи од големината на септумот дали претставува пречка, не само за забременување туку и за развој на бременост, затоа се проверува, матичните немаат 5Д ехо.

    Ништо не ти пречи да си пуштиш ти хормони и снимка а сопругот спермограм и спермокултура едно по едно да елиминирате. Нели кога веќе сакаш да провериш зашто не се дешава.

    Septate uterus се вика на англиски ако сакаш да си побараш информација.
     
    На Srna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    1.121
    Јас преку матичен гинеколог закажувам, а каде и како ке биде прегледот искрено не знам, треба да одам неделава за да ми даде точен датум и ке ми даде повеќе информации, па ке можам да споделам ако не дознаеш повеќе инфо во меѓувреме.
    Инаку не е ништо страшно, не смета за зачнување, мене ми рече додека да биде снимката слободно да си пробуваме за бебе.
     
    На Srna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    1.121
    Денес ми закажаа за на клинка.
    Прегледот треба да е од 18-20 ден од добиено.
    Ке дадам апдејт како ке помине.
     
    На Srna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srna92

    Srna92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2024
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Фала ти, пиши како ќе поминеш.

    Се радувам за тебе ☺️.

    Кога ми кажа матичниот искрено се изначитав на гугл и од загриженост отидов и го прашав дали треба да направам некои испитувања за да не ми е на мисла... Пак ќе кажам ептен убедлив беше кога ми кажа дека нема да имам проблем... Но читајќи ги советиве од членкиве би направила за да елиминирам и да сум на сигурно
     
    На nikja и Iva.T им се допаѓа ова.
  6. Srna92

    Srna92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2024
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ќе пишам апдејт што ќе направам.

    Кога ми кажа матичниот истражував на гугл, но како ме убеди дека нема да имам проблем, го ставив под тепих ова.

    Како и да е некогаш и сами треба да си превземеме некои работи, ќе почнам едно по едно со испитувања и ќе споделам.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.965
    Допаѓања:
    35.084
    Пол:
    Женски
    Јас 4Д правев во Њу Борн.
    А на 4Д не може да се види, само на 5Д?
     
  8. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Зависи колкав е септумот и како е поставен, мене Димитров ми рече ХСГ кога ќе направам најдобро ќе се види. И така и беше. Јас го отстранив.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.021
    Веќе 4ти ден тестот за овулација ми ги покажува тест линијата и контролната линија со ист интензитет, темни, наводно позитивен тест за овулација. Башка што ми беше прерано за овулација, онака случајно ми текна да проверам, ама реков ај може порано настапила. Како е можно ова и од која причина, дали му се има случено ова на некого? Минатиот месец си беше бледа, па се појачуваше интензитетот, па беше исто темна и после 1 ден почна пак да избледува и беше баш на средина на месец, а ова сега ми е скроз нејасно.
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.172
    Допаѓања:
    20.324
    Пол:
    Женски
    Може ако си евентуално со Пцос и виско ЛХ. Јас сум таков случај и кај мене тестови за овулација никогаш не беа веродостојни. Најсигурен метод за да не се утне овулација е однос на секој втор ден доколку се има можност.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.021
    Не сум со Пцос, немам никаква дијагноза, бев пред два месеци на преглед. Минатиот месец иако јасно позитивен тест за овулација, обидите беа неуспешни. Ќе тестирам уште ден - два, да видам дали ќе се намали интензитетот на линијата.
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.172
    Допаѓања:
    20.324
    Пол:
    Женски
    Не е само овулацијата пресудна за да има успешно оплодување. И многу други фактори се во игра. Со среќа!
     
    На SunnyGirl2, Hope IT и Marge им се допаѓа ова.
  13. Hogworts

    Hogworts Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Со сопругот се обидуваме 2 месеци за бебе. Имам редовен циклус, кој обично трае 28 дена. Со првото бебе останав трудна точно на 14ти ден од циклус. Последната менструација ми заврши пред два дена, но имам константна болка во левиот јајник овие 2 дена. Си помислив да не станува збор за рана овулација па земав тест Овула. Вчера го направив во 22 часот и имаше бледа црта. Денес пак повторив во 22 часот, но цртата беше побледа од вчерашната. Прв пат ги користам тестовите, па би сакала да прашам мислење, дали станува збор за овулација?
     
    На Rozevata и LiddeP им се допаѓа ова.
  14. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Нека ме корегираат поискусните ако грешам (затоа што и јас сум нова во 'овој свет', овој месец прв пат користам тестови за следење овулација), ама од тоа што читав - би требало тестовите да функционираат така, линијата да станува потемна сè до овулацијата, па после се намалува интензитетот, НО исто така сметам зависи и од останати фактори - во кој период од денот си го направила тестот (утринската урина не е добра за ваквите тестови), дали претходно подолго време не си мокрела (неколку часа) и дали (не) си конзумирала многу течности пред тестот (не е препорачливо да се конзумираат многу течности за да не се 'разреди' количеството на тој хормонот што го пратат тестовиве).
    И мене ми се случи истото инаку. Во саботата линијата беше потемна отколку вчера, ама ни во саботата не ми беше со ист интензитет како контролната линија. Така да јас си мислам дека ми влијаат останатите фактори (инаку според календар ми е рано за овулација. Не дека е тој 100% точен, ама првично по него се ориентирам).
    Ќе видиме денес што ќе испадне кај мене :)
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hogworts

    Hogworts Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на споделеното мислење, ти посакувам среќа и што поскоро да видиш две цртки :)
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nina007

    Nina007 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Dali e pozitiven test za ovulacija??? upload_2024-11-12_21-21-0.jpeg
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Позитивен е или многу блиску до позитивен, нема потреба повеќе да тестираш, фрлајте се на работа :)
     
    На Nina007 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nina007

    Nina007 Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2022
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Fala ti mila ❤️
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    149
    Здраво девојки, денеска ми е 15 ден од циклус. Дали може тестовите за овулација да се позитивни, но јас немам никакви симптоми на овулација? Немам ни исцедок , ни болки во јајници и половина..ништо
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_9832.jpeg
      IMG_9832.jpeg
      Големина на фајлот:
      279 KB
      Прегледи:
      57
  20. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Според мене, тестовиве не покажуваат овулација, треба тест линијата (таа од лево) да е исто темна како контролната (десно) или потемна од неа. Прати и следниве денови.
     
    На kika.dragan му/ѝ се допаѓа ова.