Јас имав овулација на неколку дена пред циклус ( нередовен циклус и овулации инан) тогаш и забременив. Така да можно е, јас болки кога имам го осеќам буквално јајникот, при одење во вц ме заболува, при движење и тоа некад трае и по недела дена и више стопли крпче и држи на јајникот мене ми помага.
Можно е и подоцна да овулираш. Мене ми се случи пролетва јуни мислам беше, мислев ми поминала овулацијата, на гинеколог бев за пао и на ехо ми виде фолекул, го мереше кажа кога ќе пукне и дека за 16 дена отприлика ќе добијам, јас добив за нецели 6 дена, дури се збунив, така да и твоето е можно. Инаку истата болка ја имам моментално.. во десен јајник како боцки, бодежи, и како пулсирачки го осеќам, а сабајле додека средував низ дома дури тие бодежи ме заболеа така јако што и матката мр стегаше, дури накај анусот надоле болки осеќав, не знам што ќе беше тоа.
Леле фала што ми вративте! Ко зомби листам на телефон и се мислам кога ќе прекине. И јас мислам дека подоцна овулирам, бидејќи го имам исцедокот, се бришам и пропаѓа раката. Веројатно на природава математика не ѝ оди, нема бројки тука. И затоа се збунувам кога сметам, ама никогаш не се знае, и не мора да значи дека баш две недели треба да поминат од овулацијата. Седам со термофор на слабинава и онака попушта, ама ногата лева ко укочена ми е и колкот некако боли. Можеби и дека на ладново чистев по дома, свиткана бришев, шо не праев во неколку дена. Ќе се упропастам во неколку дена за "чист" да ми е домот Констракта, исто така со анусот, сум осеќала како притисок, како потреба за празнење ама лажно, не знам. Веројатно има голема врска со хормоните и целиот циклус. Јас од цел циклус, само 3-4 дена сум раат. Другото сѐ е симптоми. Женски маки.
Здраво,дали може после овулација односно на 13тиот ден да дојде менструацијата.Кај мене секогаш е на 15ти или 16ти а сега на календарот гледам и календарски ќе биде на 13тиот.Дали е нормално
И јас порано мислев дека после овулација треба 2 недели па да се добие, ама откако другарка ми имаше незаштитен однос со свршување и по два дена доби, па спиејќи на тоа уво дека не може да затрудни 2 дена пред циклус си беше раат во главата, ама српрајз доби следниот месец и тој српрајз има 3г сега па сфатив дека кај нас жените се е возможно. Денес болки немам ама вчера ноќта и те како имав, потечена ми беше цела десна страна на долен дел кај јајникот десен, а болките во анусот ја не ги осеќам како притисок туку баш бодеж, и мора да застанам 10 секунди, не можам ни да се придвижа, а за 4 дена као треба да добијам. Мене циклусот ми е долг и обилен а исто и овулацијата, јаки бплки, не можам ни да седнувам на стол зошто како некој одоздола внатре да ме мава со шипка, не па секс да имам. Пред два месеци така имав јаки болки и мислев дека следниот ден ќе прснав фолекули, ама шо 3 дена (на 16 ден од циклус, што на 29 дена иде) матичната ми виде фолекул, ми вика не бе, тек сеа ќе прсне овој. Ми беше ептем чудно, болките веќе беа поминати, мислев и овулацијата поминала. По 3 дена ос прегледот оп розевикав блед исцедок имав. Чудна работа е ова телово наше.
Некои од тестовите да имате користено? Имав од Али и беа ефикасни но последните 2 пратки беа скроз утнати, воопшто не се ни боеја ни контролната не па тест линијата. Имав и на Wondfo и тие ужас, цело време тест линијата ја даваше бледа. Се мислам за некој од овие 3, ако сте користеле, споделете.
Јас ги користам на MomMed од Amazon.ca ми се порачани. Кај мене се покажаа супер, точно ја одредуваат овулацијата. Последно кога овулирав според тестовите (во плодни само тогаш имавме обид), добив и позитивен тест (ме следеше и во друга тема, за жал не успеав да ја задржам бременоста). Така да, кај мене се покажаа ефикасни.
Кога го правите тестот кое време? Разлика од еден до друг да има осум часа или не гледате на тоа. Гледам така пишува во упатството во 11,од 15 до 17 и во 22 навечер било најпогодно. Од еден до друг тест да има разлика 8 часа.
Здраво Дали може да предложите тестови за овулација некои поевтини и во кои аптеки ги има ? До сега немам воопшто купувано и користено. Имам редовен циклус на 28-30 дена Исцедок и болки имам некогаш одма после циклусот или тој период од 12-15 дена и зголемено либидо а истото се случува и пред да добијам некој ден два. И знам кога ќе се случи така да имам желба зголемена одма утредента ми доаѓа
Јас ги правев обично после работа во 17ч. Така се погодуваше секој ден, кога не бев сигурна некогаш правев и од сабајле па повторно после работа. Битно е да не е со првата мокрача од сабајле, по читање доста членки. Јас ги користам Ovula. 120-140 денари во Зегин, ги има и по другите аптеки. Иначе еве кај мене се покажа различни денови да настанува овалуацијата, некоаш 12, некогаш 13, еве сега 16-17ти ден дури. Некогаш е подоцна некогаш порана, почни да се тестираш од 9ти ден се додека не имаш 2 исти жар цртки. Среќно!
Здраво на сите Денес си набавив микроскоп за следење овулација. На тестот пишува дека треба да се прави со утринската плунка но јас вечерва го испробував да видам што ќе покаже Покажа и точки и папрат, како пред овулација, имам и бел исцедок што треба да се избистри кога ќе биде овулацијата и треба да стане прозирен, нели. Прашањето можеби не ми е за во оваа група, можеби ќе звучи и глупаво но сакам да прашам како може да знаеме дека фоликулата што се ослободува ќе биде плодна, дали со овој тест ќе бидам сигурна дека сум овулирала?
Сигурно си два три дена пред овулација. Кога ќе биде цело папрат тогаш е овулација денот.. Прави сега секој ден по два пати сабајле вечер и ќе видиш. И да ќе видиш тој период таков е исцедокот лигав да мислам кога се туширав не се домијува онака.. И тоа значи дека има добра лигавица и во едометриумот дека е спремен за јајце клетка.
Овој пат имам цервикална слуз во многу поголема количина од претходно. Направив многу промени во исхрана, почнавме со сопругот да земаме и мака (по твоја препорака), покрај терапијата што ја користам за инсулинска резистенција зедов и омега-3. Вчера, денес, утре ќе бидеме активни и потоа да стискаме палци
Зошто не се прават со прва утринска мокрача? Јас па така си ги правев Баш да видам дали се точни, кога си ја погагам овулацијата знам и кога ќе добијам. Овој пат ќе гледам според тестовите кога ќе добијам, ако добијам според нив циклус значи точни се, па да ги користам кога ќе ми требаат.