Dali e ok testov za ovulacija vcera pravev bese mn poslaba,sabajlevo vaka...vcera ja imav i taa doticnata sluz kako "belka od jajce" pa neso me natera da probam so testovive iako ne sum mn mn za niv...srekjni praznici devojki ♡♡♡
Уште не е максимум вероватно овулацијата би била вечерва или утре сабајле. Дветр исто црвени ќе станат скоро ама вие добро е да си почнете уште од сега со сктивност да има материјал во тебе овие 24h. Тестирај попладнево пак
A osekjam 2 3 dena nekoe vlecenje i bodenje od desen jajnik eve otsabajle i kako taoa bolka niz cela matka vas ke napravam da vidam so ke dade
Јас дента кога зачнав почувствував болка и ептен нежно се осеќав доле буквално како некоја инфекција или да сум преладена се исплашив ептен ама претходната вечер бевме активни и веројатно тоа беше и самото зачнување 24h е ослободена јајце клетката не чекај функционирај си нормално и бидете активни вчерашниот тест е мн блиску до комплетна овулација
Читајќи ја темава многу сум збунета денес Моите тестови за овулација секогаш имаат 2 јасно видливи линии. Кога тест линијата станува исто темна или потемна од другата, знам се ближи овулација. Меѓутоа и после тоа јас пак имам 2 линии. Досега не добив тест само со една линија или пак со едвај видлива линија. Се случувало и кај вас? Си мислев дека нормално е, ама сега кога видов погоре дека скоро и не се знае линијата си викам да не не е нормално моево Ќе ставам и слика (има од ист датум, исто време - тестирав со различна светлина, бројчето десно некогаш се менуваше. Ама во секој случај и со голо око се гледаше бојата). Следна недела планирам да одам на гинеколог пошто многу работи ми се вртат низ глава... Уф, сè ова било многу посложено од што јас си имав замислено
Не, немам. Бар досега кај неколку различни доктори имам отидено, никој ми нема кажано (од ехо). А и јас почнав на тоа да мислам од тоа што прочитав дур гуглав Веројатно ќе треба да направам една подетална крвна слика.
Нормално е да гледаш две линии бидејќи во текот на цел циклус и кога не сме во овулација, го имаме хормонот. Тест линијата ќе станува интензивна како што се наближува овулација и може да се задржи таква и до ден-два после овулација и после пак опаѓа но е видлива со помал интензитет. Испитај хормони на трет ден ако немаш испитано ако веќе пробувате за бебе.
Побарај упат за хормони да си на чисто, или еден месец следи фоликулометрија на гинеколог да видиш кога точно овулираш. Ако ти се занимава можеш и базална темепратура да мериш заедно со тестовите следен месец. Јас ги праев трите заедно пошо бев на раб на нерви
Можно е тестовите да се посензитивни, пробај и со друг вид на тестови. Мене од амазон што ми се нарачни секогаш има и втора бледа линија, а кога сум во овулација тест линијата е многу изразена, додека пак ОВУЛА тестовите (од Зегин) после овулација не ми покажуваат втора линија.
Леле стварно овие од Зегин некако не ми се нешто како што треба тестови. Кај нас кои тестови други ги има и од каде? Едвај овие ги најдов, ги пробав онака за да видам како иде ама нешто не сум задоволна.
Мене ми се при крај овие од Амазон, а супер се покажаа. Барам и јас некои добри како овие, не знам од каде да нарачам...
Јас користев од амазон и мене ми беа предобри, а последно нарачав од iherb, на easyhome исти овие што ги постираше @Eho погоре. И тие се добри.