Ми личи на полицистични, испитај хормони на трет ден циклус. Со полицистични ЛХ хормонот секогаш е повисок.
Што си немав работа да земам и јас, на 14 ден одев кон овулација, денес на 5 дена пред циклус исто црвена линија. Ништо не разбирам, само знам дека ќе ги фрлам сите и веќе ни не гледам. Зедов од љубопитност, ова само дополнителен стрес
Те разбирам скроз... Ама прочитав во темата "Денови после овулација" дека при бременост тестот за овулација бил позитивен. Држам среќа!!!
Мислам кај сите барем неколку пати овалуацијава скренала. Мене прошлиот месец ми беше на 19ти ден, сега на 14ти. Каша попара. Бидете активни преку еден ден па..
Имала ли некоја на 22 ден овулација Ова првпат ми се случува, според овулацијата секогаш знам кога ќе добијам циклус. Сега 7 дена според ова ќе ми доцни, што не памтам некогаш така да ми се десило.
Јас минатиов пат на 26ти ден имав прв пат позитивен тест за овулација, а мислам овулацијата беше на 28ми (пошто тогаш имав ептен темна линија). Во другата група исто читав дека се случува (една членка мислам на 24ти ден пиша дека имала). Изгледа нема правила... И мене никогаш циклусот никогаш не ми доцнел толку. Прв пат во животот...
Утре правам 2 недели од првиот позитивен тест за овулација. Ама јас ги бројам до недела тие 14 дена (пошто во неделата ми беше најтемна линијата). Денес направив тест за бременост, негативен е, немам пмс симптоми. Така да очекувам сабота, недела, може и понеделник да добијам. Ќе ти пишам ако сакаш
Јас треба вторник да добијам, а вчера вечерта жар црвена линија и денес исто само не толку како вчера. Најверојатно бааги ќе ми доцни овој месец, а немам ниеден физички симптом за ПМС освен психичките Баш пиши колку ќе ти задоцни. Прво од интерес ги зедов овие тестови ама веќе втор месец на нерви ми одат, претходниот месец ни не ги правев како што треба, кога ми текне Џабе парите фрлам
Не гледај така на тоа.. некаков индикатор се барем. Ете си направила покажало.. имаше во другата група @Ani93 осетила болка во јајници како за овалуација (збориме за многу подоцна) си направила тест, си биле активни тој ден, па еве ја си тера бременост. Нема правила, камо да погодиме само.
Потврдувам се што кажа @Rozevata позитивен тест за овулација имав на 24ти ден од циклус, ако не направев тест немаше ни на крај памет да ми текне дека е можно ни пак ќе имавме односи тие денови заради тоа што мислев сум овулирала најдоцна до 16ти ден. Еве ме паничам и галам меше Нема правило, женското тело е комплексно и чудесно
Остана бремена со баш на денот на овулацијата? Јас досега ја погодував ама нешто последните месеци сомнително ми беше па затоа зедов тест.
На 31ви ноември имавме однос, на 1ви декември поз. тест за овулација и на 13ти декември поз. Тест за бременост
Daj boze denovive mi se cela vecnost dodeka cekam.denes sum 5 ili 6 dpo neznam kako da racunam od 6ti januar koga mi bese najpozitiven testot za ovulacija a na 5ti ja imav taa sluzta kako belka taka da gore dole tuka bi trebalo da e ovulacijata na 6ti...
Дали е можно да излегува позитивен тест за овулација а да не настанува овулацијата? Вадам позитивни тестови ма овулација со месеци и уште нема ништо
А партнерот проверен ли е, спермограм, спермокултура? Овулацијата не е гаранција за бременост, треба и другите работи да се во ред, хормони, проодност на канали, ок спермограм. Инаку при полицистични јајници се вадат лажно позитивни тестови. Најдобро фоликулометрија и спермограм па од таму натака.
Може. Може се случува lh surge и пикот се достигнува а не пукаат фолекулите, преоѓаат во цисти кои пукаат со циклус. Мораш ехо. Ќе ти речев и прогестерон 7 дена после овулација да испиташ но и тоа не е гаранција, цистите може да створаат прогестерон и изгледа се ок. Како што те советувале и другите, ако сакаш бременост и не ја постигаш подолг период, треба да почнеш и со други испитувања.
На гинеколог ми велат дека е се ок и ми е рекоја да пробам со кломифен. И со тоа не знам што како нема проблем а апчиња ми велат да земам