Да испитано е се освен пропдност на канали, тоа ми рркока последно дека е Па сега ми преписаја кломифем да земам
Кломифен без испитано проодност ти дадоа?! Закажи си термин испитај си проодност, ти џабе ќе пиеш стимулација за овулации ако нема од кај да помине јајце клетката. На фоликулометрија провери ли дали овулираш со сигурност? Кломифенот може да направи хиперстимулација беспотребно, не се пие без се друго да се покрие.
Феминки здраво, прв пат ги правам тестовите за овулација па би сакала да ве прашам. Првиот тест (првата слика) го направив вчера во 17 часот и вториот (втората слика) денес во исто време. Во ниеден случај не добив две исто црвени линии а имав слуз како белка леплив и имав болка во јајник. Последен циклус имав на 31 декември а истиот ми трае одприлика 29-30 дена што значи дека овулација ми е овие денови па сакаѓ да ве прашам според ова дали веќе ми е помината или допрва треба да се случи?? и дали да направам и утре повторно?
Со тоа што првиот е потемен од вториот. Настанала. Вечерта била. Ако бледее цртката значи настанала веќе.
Понегативен тест не можеше да биде а според календар утре ми е овулација.Немам некоја посебна цервикална слуз па изгледа ќе биде доцна овулација.Телото си игра со мене играчки
Немам следено овулација со тестови а не замарив и да купам. Денеска 11ти ден од циклус и од синоќа осеќам болка во кичма и бодежи во јајниците и долниот дел на стомакот. Од утрово осеќам и болка која се шири во препонот на десната нога. Имам исцедок баш воденикаст, се мокри секојдневната. Дали може да се симптоми на овулација ? Читам коментари препознавате по исцедокот но кај мене како вода.
Тоа се тие симптоми за овулација. Бодежите кај мене на тест се потврдија, само што секој месец не ги осетам. Ако ми беа после 16 ти мислев дека е друга болка
Јас тие симптоми ги имам неколку дена, а кога точно настапува овулацијата незнам. Само ептен непријатни болки се, јас вакви немам ни пред добивање ни за време на циклус.
Земи си тест за овулација, најубаво ќе си сигурна. Јас бев скептик ама последниот месец се уверив дека се многу точни. Имав овулација на 22 ден и ми дојде циклус 2 недели после овулација односно ми доцнеше цела недела. Јас отприлика знам кога ми е ама точно не сум сигурна секогаш. Од Зегин си нарачувам јас.
16 ден од првиот ден на последна менструација.Вчера ја.немаше..значи апликацијата што ја имам на телефон ептен утна.а ми доаѓа од 28дена до 31 ден..
Најточно водат тестовите и јас се уверив или доктор да те следи. По апликации никогаш не се водев ама скептик бев и за тестовите ама се уверив дека се 100 %точни.
Прв пат правев денес тест за овулација и тест линијата е побледа од контролната, го правев сега во 17 и 30 16 ден од циклус ми е и претходниве денови имав исцедок како за овулација, базалната ми е стабилна а сабајле кога мерев и малку пониска. Прашањето ми е дали доколку денес во текот на денот веќе настанала овулацијата, тестот денес попладне ќе покаже бледа линија односно негативен? Не можам да сфатам како функционираат Некако мислам дека денес ми е и според исцедокот и според тт а тестов негативен
Мислам на упатството пишува во кои периоди е највисок хормонот и тогаш се прават тестовите. Не треба и мн да се утопуват само неколку секунди. Најдобра опција ти е мерење фоликули на гиниколог за да фатиш овулација.
Овој е со пипета така да не е многу утопен баш според упатството го правев а пишува најдобро да се прави од 10 до 20 часот