Според мене е поверодостоен од тестовите, колку и да се стандардизирани сепак варијации се повеќе можни фатило боја, не фатило, се размачкала итн... Само е важно да се прави во исто време секое утро одма после станување пред миење заби и пред кафе и храна. Следев овулација и кај гинекологот еден месец и микроскопот беше точен, ми покажа папрат и се виде жолто тело на ехо.
Здраво! Јас првпат ќе користам, па сега ме интересира дали 7ми, 8ми ден е прерано да се почне со тестирање? Добивам на 28, 29 дена (се случило и на 26) и ми трае само 4 дена. Имаме веќе едно дете ама за ова второво некако оди потешко работава.
Пишува на пакувањето од кој ден да почнеш. Обично тие со пократок циклус почнуваат со тестирање толку рано.