Вие што имате нарачувано тест од ебау, за колку време ви стигна? Пишува дека измеѓу 21-27 март треба да пристигнат, а еве го 2 април уште ги нема. На страната ми пишува дека "This item has been shipped.". Во пошта прашав денес ми рекоа дека сеуште не стигнал производот Инае порачав линкот што е горе постиран..
Отприлика за 3 до 4 недели.. И кај мене пишуваше дека порано ќе стигне, но, отприлика за толку време стигна.
Здраво девојки! Ме интересира дали некоја од вас ги користела некои од тестовите за овулација нарачани од "ebay" и дали истите се веродостојни, односно дали некоја имала позитивен тест? Јас кога и да правам секогаш втората линија е побледа од првата.
Јас ги правев, само треба редовно да ги правиш секој ден,можеби овулацијата е порано или подоцна од тоа што мислиш. Мене ми се јавуваше втора црта со ист интензитет на боја.
Последните три месеци користам тестови од брендот Оne step и кога е позитивен, ми дава тест црта со поинтензивна боја од контролната. Пробај да се тестираш два пати на ден и не се ослонувај само на тестовите, бидејќи може да не видиш позитивен тест, а да имаш овулација. Јас на пример, паралелно мерам и базална температура (ја користам апликацијата Fertility friend).
Не, треба тест линијата да е иста со контролната или потемна. Продолжи да се тестираш, ако се затемнува значи следи овулација, а ако е побледа при следниот тест значи поминала овулацијата
Во ред, и феминката погоре пиша. Двете линии треба да се исти за да има овулација.. Кога се такви следните 24/36ч се плодни. Со среќа
Последната менструација ми беше на 22.11, не добивам редовно.. Следната незнам кога ќе ми биде.. Би сакала и јас да купам од тие тестови за овулација. Утре ќе одам во аптека. Ве молам за совет, кога можам да почнам со користење..
Пишува на упатството од кој ден на циклусот можеш да почнеш со тестирање. Според последниот циклус ќе се водиш. Среќно.
@Sofi.ja јас за мене кога барав во августот во зегин знам дека ги немаа,од локална аптека си ги земав едвај ги најдов 200 и нешто ден беа 5 ленти. Две кутивчиња си земав,спрема мојот циклус си почнав 8 ден во исто време секој ден ги користев во16 часот, и од 14 до 16 часот не комзумирав течности,убаво си е објаснето. Ги користев и забременив точно кога втората лента беше потемна од контролната.