дечки ми стигнаа ти од ебау што ги нарачав. 30 теста за овулација + 5 за бременост за 5 долара. ептен се исплати за тие пари , ми стигнаа за две недели. не давајте по 300 денари за 5 теста тука за тие пари имате 30. еве ви линк за сите што сакаат да нарачаат https://www.ebay.com/itm/30-Ovulati...h=item3f1657af00:g:dzAAAOSwkZhWTva-:rk:1:pf:0
Супер. Фала, си ги нарачав. Ај дај боже да не ни требаат овие овулацискиве многу, туку оние другите позитивно да ги искористиме
А тестовите електронски не им верувате. т е сега 8 месеци според нив се водам и не ми успрва а за 1 бременост од прва/
Можеби прашањево не е за тука но би сакала да слушнам ваше мислење Од вчера попладне имам болка во долниот лев дел на стомакот или поточно јајникот лев Болката е поголема после мокрење Дали е можно болката да е знак на овулација бидејќи вчера ми беше 14 ден од циклусот Освен зголемен исцедок досега несум имала болки во овој период Или пак е настинка ?
Мене ми чичи на овулација. И кај мене се многу болни скоро месец и многу пати сум се прашувала да не е нешто друго. Ако ти помине за скоро, тоа ќе да е
Здраво девојки. Сакам да слушнам ваше мислење. Менструација имав на 5ти месецов ми траеше до 12ти месецов и сега гледам како исцедок кафен со малце некој црвени точки ми се случува ова по втор пат и тоа кога сум во овулација јас мислам дека е од тоа но да прашам дали се случува и е нормално или треба да посетам гинеколог? Ви благодарам
Немам редовна менструација, последната ми траеше 4 дена претходниот месец и тоа со ептен малку крварење(доволно ми беше двапати да менувам дневна улошка во текот на денот), претходната недела требаше да добијам но не добив. Во меѓувреме тој повеќе пати има свршено во мене, синоќе направив тест за овулација на Duschesse, и ми покажа две цртки иако втората беше малку побледа. Колку можам да му верувам на тестот со оглед на тоа што се ми е испомешано?
Топло ти го препорачувам Елова прашокот за регулирање на циклусот. Најпрво треба да ти се регулира циклусот за да знаеш отприлика кога ти се плодни денови. Прашокот се пие на 12часа по едно најмалку 3месеци. 30прашоци има во кутија. Многу ми помогна мене јас добивав на 35-50дена, по првата кутија добив на 31 ден потоа испив уште 2 кутии и сега точно ми доаѓа на 30дена. Дали правеше пап и брисеви скоро?
Правев пред еден месец, и ме гледаа на ехо. Се покажа нормално, гинекологот само ми даде 2 капсули за прочистување на габични инфекции чисто онака за да се прочистам. А нередовната менструација ми кажа дека била резултат на стрес, нервоза, промена на животна средина. Каков е тој прашок, го даваат ли и без рецепт и само во Мк ли го има?