1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетката - втора мајка

Дискусија во 'Дете' започната од Bitter-Sweet, 22 јули 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.146
    Допаѓања:
    76.559
    Пол:
    Женски
    За темава ме инспирира @Rama со нејзиниот последен пост во Сакам да кажам. :) Сабајлево ја листав категоријава и не видов ваква тема.
    Не знам дали има човек кој не го рекол или слушнал она дека тетката е втора мајка. Што значи тоа? Дајте ваша дефиниција и мислење.
    Да се биде тетка е супер - си имаш мало човече кое секогаш те расположува, за кое се грижиш и го разгалуваш, ако мајка му за нешто рече Не може, кај нас тетките се' може, плус, со нив се учиме и ние на мајчинство. :) Внук ми ми помогна да научам да менувам пелени, да облекувам бебиња, да бањам бебиња, да ги разбирам и да се справам со нив. Спремна сум за мое. 8) :D
    Внук ми дури и самиот ме нарекува мама понекогаш. :lol:
    Често знае да ме инспирира и дури да научам од него некои важни нешта за животот. Првенствено, ме потсетува дека треба да бидеме искрени, љубопитни, отворени за учење нови нешта, упорни, издржливи, да фантазираме...
    Празник ми е денот кога го оставаат да спие со мене. Заедно боиме, цртаме, играме, му читам приказни... толку многу нешта има.
    Ако нема ваква тема во некоја друга категорија, може ова да биде катче за нас тетките, да споделиме и по некоја интересна случка. :) Но - може и мајките да споделат искуства и мислење за нивната десна рака, сестрата, и колку се потпираат на неа. :)
     
    На Flower123123, fallenangel, Плавуша123 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet Искрено да ти кажам и јас пред некое време се мислев да отворам тема нешто во стил 'Дневникот на една тетка' каде што ќе опишувавме наши доживувања и ситуации,ама ете ти отвори тема-супер е како и да е :)
    Пред да станам тетка,ми сметаше дури и самиот поим некој да ми се обратеше со тетка,се осеќав старо де,ама штом го зедов внук ми во раце сменив мислење и како растеше се колебав малку го учев да ме вика на име,ама пак се премислив и го навикнав да ме вика тета,и тетиче.
    Да се биде тетка е доста одговорна работа,првенствено треба да се пружи многу љубов,смеа,разни игри и исполнување на желби и ќефови.
    Јас имам внук и внука,значи живееме заедно бидејќи ми се од брат,не од сестра,одат во градинка но кога се дома им го правам ќефот ги крлам во двор,ги шетам,се глупирам лазејќи по земја и лаејќи како куче,ги учам на едукативни работи и сл.
    Моментално не сум вработена и внук ми вели не ме пуштал да работам,ни да се мажам :D
    Кога родителите ги караат,јас се обидувам да ги одбранам на помек начин,во смисла не да им давам поткрепа а со тоа да им противречам на брат ми и снаа ми :D
    Кога се болни и јас бдеам над нив,многу пати сум го откачувала друштвото за да ги чувам.
    Им купувам подароци,всушност уште пред да се родат јас веќе почнав да им купувам,кога се родија јас плачев од среќа....
    Ух,можам да пишувам до утре,ама ајде ова нека биде краток вовед:P
    Сигурно заприметувате повеќе го спомнувам внук ми,подеднакво ги сакам и двајцата,но внука ми е помала,сите лудории и глупости ми се со внук ми.
     
    Последна измена: 22 јули 2017
    На Milobebence, Плавуша123, BlackAndWhiteSwan и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    34.235
    Ах бе, жена...

    Од една страна кука во темана за свекрви демек детето мамо и ја викало свекрвата, оти по цел ден е со неа, од друга страна се дрзнува да се нарече втора мајка на внучето...
    Секако, додека да дочека свои деца...

    Па на фејс шернување слики од темине ,, Тетка едног малог анџела ,, , како бебево и се јавува на тетката и и вика да дојде, мајка му го замарала...
    Па секој ден кај биле, што правеле, па како се сакале, ко нејзино да е...

    Немам јас ништо против љубов кон внучето и помош во неговото одгледување, ама имам против кога се гледа дека теткава има невоспоставена дијагноза...
    И кога се понижува улогата на мајката, преку нездравото наметнување на тетката врз детето, и нарушувањето на нивниот однос...

    Али они си знаат, сепак се ,, втори мајки ,,...
     
    На Sunshine_1979, Milobebence, victoria и 27 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    И јас сум тетка,ама на местото на тетка.
    Децата си имаат мајка,јас сум само тетка.
    Од секогаш ми биле нејасни тие завземања позиции "тетка како втора мајка".
    Оти да не е "стрина/вујна како втора мајка"?!
    Оти ова братово дете ?
     
    На Jana_Jana, Anacid, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Не.
    Никој никогаш нема да ја замени мајката, и потполно неправилно е туку така да се расфрламе со тој епитет, без разлика дали е за тетка, стрина, вујна, итн.
    Фала Богу додека сум растела не сум имала никој така да ми се наметнува, и утре доколку јас станам тетка/стрина/сеедно нема да се наметнувам, а нема да сакам ни да се наметнуваат на моите деца доколку ги имам.
    Во ред е да имаш одредена доза афекција кон детето кое сепак ти е во крвно сродство, ама знај си ги границите - ти не си му мајка и затоа не треба ни да пробаш да се однесуваш како таква.
     
    На jovana03, Jana_Jana, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    Па тетка во вистинска смисла на зборот не сум, а и нема да бидам:lol:
    Ама тетка сум на многу дечиња од братучедиве:lol: тетка ме викаат дел од нив, затоа сум тетка. Почесна титула:emo:
    Никогаш нема да можам да се ставам на место на мајка им, ниту сакам ниту пак сакам да ми го наметнат тоа..
    Дури и ми сметаат такви работи како Гош што ги пиша погоре|(
    Што би рекол татко ми, доста се лигават овие, нека си ги гледаат своите деца, а ако немаат нека си направат:lol:
     
    На Sesil, Anacid, Kitten и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Апсолутно дека неможам да им бидам мајка, но незначи дека не ги сакам како да сум им мајка. Тетка сум на две внучиња од брат ми, и посебно е чувството да се биде тетка. А тоа што рекол вашиот татко "Dust", не фаќа место, затоа што секој во животот си знае зошто не станал родител и од кои причини. Какви се тие коментари, нека си ги гледаат своите деца, а ако немаат нека си направат. Што ако не сум мажена на пример? Или колку брачни парови неможат да имаат дечиња?
     
    На Flower123123, eli25, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    34.235
    Жал ми е ако некој не може да има свои деца, ама тоа не значи дека може и смее да се наметнува како родител на туѓо дете.

    И во случајов, муабетот се однесува на млади девојки, кои уште не се мажени, или пак им е рано за деца,и се дрзнуваат да се наречат мајки на внуците.
     
    На Sunshine_1979, Sesil, Giovanna и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    Види мила Свети Николка..

    Неможноста да се оствари некој како родител, не смее да биде оправдување за нечија наметливост на позицијата мајка. Уште помалку опсесијата наречена - тетка синдром, лепење 1000001 слика од внуците за да се покажат на социјалните мрежи колку ги сакаат внуците. Ако е дојдено до тој степен да немате деца, секогаш постои опција посвојување..опција за која последниве години се фаќам себеси како размислувам..
    Мајка е една. И нема друга. Сакаш биди тетка, сакаш биди супер тетка, мајка нема да им бидеш никогаш. Ти може да ги сакаш и повеќе од мајка им, ама тоа не ти дава за право да кажеш дека ги сакаш како да си им мајка...не си им мајка.
    Е тоа е фактот и колку побрзо се помирите со истиот, толку подобро за сите околу вас...особено за нивните вистински мајки, кои гледаат како вие ги сакате ама баш како да сте им мајка..



    Следен пат место наводници, стави @ пред никот, ќе ме тагнеш и ќе знам дека некој ми се обратил.
    Поззз :)
     
    На Bubce38, Sesil, Kitten и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Ами ти стварно си била мразачка на луѓе @Gosh :rofl:

    Мала шала. Се согласувам со тебе во целост. Треба и мора да има граница. Ама знаеш, жената го гледа како проблем тоа кога и се "меша" свекрвата. Она нели ништо не и е, ами "само" мајка на нејзиниот маж. Ама сестра од друга страна пак, е нешто друго. Тоа се тие, "закоравени" роднински врски. |(

    Се знае која е улогата на родител, на баба, тетка.

    Јас сум тетка. Во љубов сум со внук ми. Имам и свои. Двете љубови се тотално различни. Ич не е исто. Но и двете се големи љубови.

    Имаме убав и здрав однос, но се знае каде е границата. Мајката е на прво место. На крајот, не ми се јавуваат мене од градинка ако има некоја дешавка, ами на сестра ми.

    Можеби е малку погрешно поставен насловот на темава. А всушност, по интернетов, постојано го гледам истиот.

    Навистина е љубовта огромна. Ама втора мајка, жими мајка. И се мислам дека ова зависи од тоа, колку родителот ќе дозволи.

    Иначе имам 3 тетки по татко и растев со нив. Уствари, морав да растам со нив, оти многу беа наметливи. А особено претераа кога се роди брат ми. А мислам wow машко дете од брат. Мајка ми многу се нервираше. Тоа беше страшно. Човек подобро со свекрва ќе си помине.
     
    На Flower123123, Giovanna, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Во ред, јас се извинувам, немав лоша намера. Јас ниту ставам слики од нив на фб ни ништо. Но обврските ми се наметнати мене сакала - несакала, обврски од типот да ги прошетам во Зоолошка или низ парк независно, ги капам навечер пред легнување, им купувам во мои можности Книги, боенки и сл. Што да правам кога немам свои (не сум мажена а сум 38 години). . .

    Никогаш не сум им се наметнувала на внуците како родител, но за среќа што не сте во ситуација да почувствувате како е кога ке се "разбуди" тој мајчински инстинкт. . . Лесно ви е вам со дечиња, а јас кого имам во животов освен нив. И затоа немојте да судите. . .
     
    Последна измена од модератор: 23 јули 2017
    На Flower123123, ♣ Alba Viduam ♣, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    Тоа е љубов. И е сосема поразлична од љувовта што еден ден ќе ја чувствуваш кон своите деца..затоа и ти велам, никогаш не викај дека ги сакаш како да си им мајка..
    И јас сум тетка, немам сестра ама имам најпрекрасна братучетка што вреди за 1000 сестри. И мене малата ме вика тета и јас ја сакам како да е моја.. ама не е. И без разлика колку и да ја сакам, свесна сум дека граници мораат да постојат. :)
    Убаво е што имаш обврски околу малите, ама лошо е што истите ти се наметнати. Знам дека е чест и знам дека имаш неопислива желба да ги размазуваш и да им дадеш се што би им дала на твоите деца... ама сепак, размисли..

    Ти посакувам еден ден да се оствариш на тоа поле. Годините никогаш не ги сметај за пречка. Блиска роднина посвои на 48 год, мажот и имаше 44 и верувај дека се прекрасни родители.. Како што рече таа, да можев ќе родев и на овие години...ама здравствените проблеми пред години си го направија своето...
    Сепак, животот е непредвидлив и убав :)
    :hug:
     
    На tina-63, Glasna, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Девојки смирете ја топката. Темата не е за дали некој е способен да биде родител или не. Дискутирајте во врска со темата без навреди.
     
    На elimkd и Rama им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.538
    Пол:
    Женски
    @Sv.Nikolka твојата 'љубов' спрема внукот оди предалеку.Впери си прст в чело и размисли што бараш од нив.Побогу детето да ти го дадат??
    каков психолог си?
     
    Последна измена од модератор: 23 јули 2017
    На eli25, Annath, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Тоа што го посакуваш од брат ти е дете, не е шолја ориз или кафе на заем. Дефинитивно треба да размислиш каде ти оди умот, бидејќи е сериозно.
    Жалам што не си се остварила како мајка, дали поради кариера, партнер, здравствени проблеми, сеедно, но во секој случај имаш опција посвојување, а не барање дете на поклон.

    Едит: те молам не ми пишувај такви приватни пораки, не планирам да враќам на нив, затоа и јавно овде ти кажувам.

    Втор едит: модератори сфаќам дека и го избришавте коментарот и затоа и мојот го изменивте, ама упм изгледа ко сама со имагинарна личност да си правам муабет :rofl::rofl::rofl:
     
    Последна измена: 23 јули 2017
    На Espadrila, JollyGirl, elimkd и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.553
    Тетката никогаш нема да биде мајка. Но додека да стане мајка тоа и е макс љубов што може да има кон некој. Кога ќе стане мајка ќе сфати дека тоа е сосема друга љубов.
     
    На Mari*, Annath, Espadrila и 8 други им се допаѓа ова.
  17. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    6.387
    Пол:
    Женски
    Јас имам внуци само од братучеди/ки и многу ги сакам и чувам. Ептен се мали сеуште немаат прозборено, ама сакам уште од сега да имам посебно место во нивното срце и да знаат дека имаат тетка што би им купила се што им е потребно, која ќе ги чува, на која можат да и се поистоветат и која ќе биде секогаш тука за нив.

    @Rama интересен наслов си избрала „Дневникот на една тетка“. Те охрабрувам да направиш таква тема бидејќи се интересни секојдневните настани со внукот/ка што ги опишуваш. Љубовта што една тетка може да ја поклони на мало детенце е бесценета и многу посебна :P

    @Sv. Nikolka јас убаво те сфатив што сакаше да кажеш, дека внукот толку многу го чуваш што и самиот посакал да му бидеш мајка. :) Не се секирај ќе најдеш соодветен партнер кога најмалку очекуваш. Ќе се оствариш на полето мајчинство без разлика дали е тоа по природен пат, ин витро или посвојување. Најважно е да ти се исполни таа желба. Имам многу примери каде жените станале мајки на 40 години, не се се секирај и немој да се откажуваш. Ти си паметна и успешна, а верувам дека еден ден ќе бидеш и одлична мајка :* :hug:
     
    На Lolipop23, eli25, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Дај Боже, ама тешко. И нема да пропадне светот ако си останам немажена, но тоа е веќе друга тема. Ти благодарам на разбирањето.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, elimkd, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    И јас сум тетка на две внучиња од страна на сестра ми и ги сакам премногу :inlove: за жал живеат во странство и ги гледам еднаш годишно, но кога се тука се трудам максимално времето да го поминам со нив.
     
    На Rama, carangigia и Sv. Nikolka им се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Чекајте малку,ама стварно чекајте8-|
    Се чувствувам како на суд да сум,искрено...
    Не можам да зборувам во туѓо име,гледам и се нафрливте на @Bitter-Sweet ама мислам дека малку од контекст го извадивте цел муабет за она тетка како втора мајка:wasntme: додуша лично јас и ја разбирам љубовта и малку не се согласувам да внучето ја вика мама,но ако не и смета тоа на сестра и што има да ми смета мене!?
    Друго...на форумов доста имам пишувано за внуците,за целата грижа и љубов-но во доменот на една тетка.
    Значи години со ред,јас пишувам постови со емоции на една тетка и како таква си знам кај ми е местото.
    Никаде,ама баш никаде не сум спомнала дека ќе ги учам да ми викаат мама или дека ќе им крадам деца на брат ми и снаа ми:x се згрозив кога прочитав такви мислења.
    Никогаш не сум излегла пред родителите да ги воспитувам или да се правам сезнајка.
    Баш напротив,секогаш кога беа родителите отсутни јас им ги спомнував на внуците и им кажував колку ги сакаат тие,па после јас.
    И грозно е да,грозно ми беше кога читав како ние сме биле имагинарни мајки на внуците зошто сме немале наши деца,малку ме фати језа(facepalm)
     
    На Плавуша123, BlackAndWhiteSwan, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.