1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетката - втора мајка

Дискусија во 'Дете' започната од Bitter-Sweet, 22 јули 2017.

  1. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Кога го гледам денешниот однос на сестрите спрема браќата и тетките спрема внуците се чудам.
    Јас имам брат. И многу го сакам. Ама со граница нели. Не сум опсесивна како што гледам денес некои сестри. И на крај свет да замине јас ќе сум му сестра и ќе сум тука за него и за добро и за лошо. Исто и кога ќе има деца, дај Боже. Ама, јас ќе бидам тетка и не сакам и не можам да заземам туѓа улога. Луѓево денес не знаат да постават граница. Мајка ми е, брат ми е, внуче ми е... Ти е, да, ама тоа не ти дава за право да земаш туѓа улога. Секој си има свој живот и не знам како луѓево не го сфаќаат тоа.
    Ниту тетката ниту бабата НИКОГАШ не може да е втора мајка. Мајка си е мајка. Една е.
     
    На shz, tina-63, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.593
    Знаете колку им е наубаво на мајкаите кога тетката и ја краде улогата?
    Оти тетката не е 24 часа на ден секој ден со детето. Мајката треба да воспитува и понекогаш да е лоша, за да го научи детето како треба.
    И тетката иде и вика јас се допуштам, детето вика јас тета ја сакам повеќе, тетката уште па вика јас сумвтора мајка...
    И мајката за никаде.
    Не е во ред тетката да се пика во семејството како да е мајка. Тетка е. Крвно е поблиска од бабата ама далеку од мајка и татко на детето.

    Само да се разбереме, тетката никогаш никој не сака толку како внучето. Се додека не добие свое дете. Ако и речат за кого ќе го дадеш животот, она ќе рече внучето. Се додека не добие дете. А мајката засекогаш ке рече само детето.
     
    На jacqueline.s, Anacid, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Досега имам само едно внуче од поблиска фамилија, од прва братучетка што ми е како сестра (пошто немам родена сестра).
    Ја сакам внука ми премногу...Ја шетам, ја хранам, си играм со неа, и таа многу се радува кога ќе ме види, скока, се смее, плус блиску живееме...Ама во никој случај не сум се почувтвувала како да сум и мајка.
    Не ми паднало на памет.

    Знам дека не е исто внук од братучед/а и внук од брат/сестра...ама здравје во иднина и брат ми кога ќе има деца, ќе си бидам ТЕТКА и само тетка.

    Ја гледам братучетка ми колку е среќна во новата улога на мајка, колку е исполнета, колку си ја сака ќерката, колку внимание и време и посветува, таа ја родила, ја носела 9 месеци.... и јас да застанам да и го земам местото на мајка?
    Или во иднина тоа да и го направам на снаата од брат ми?

    Секој си е за себе...Мајка е мајка, баба е баба, тетка е тетка, вујна е вујна...Треба секој да си ја знае границата.
    Дај Боже сите што сакаат да го почувствуаат родители- да им се исполни желбата, но ако заради склоп на околности не можат да се родители тогаш постои посвојување...Ама не посвојување на внукот од брат/сестра, туку од дом.

    @referentka насловот и изреките се тетка- втора мајка, пошто (си претпоставувам) дека само тетката е крвно поврзана со внучето....На внуците и од брат и од сестра, ти си им тетка....А стрината и вујната не се крвно поврзани па да му се ко мајки на внукот :?: :!:
     
    На cresa-jagoda, Gosh, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Ама од каде го извадивте ова дека некој краде нечија улога? Тетката е само помош на мајката за чувањето и занимавањето на детето и некои други обврски околу него. А она ,,втора мајка" што викаат луѓето, од каде им текнало на тоа? Зошто? Можеше попаметни коментари да се напишат.
     
    На lost123, elimkd, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Помош е добредојдена да. Ама кога ќе и треба на мајката. А не секогаш и секаде. Тоа е мешање, не е помош.
     
    На cresa-jagoda, JollyGirl, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    А кој е тој што некаде спомна мешање во темава? :?:
     
    На BlackAndWhiteSwan, carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Мајка е една.Не може вистинската мајка да ти е прва,тетката втора.Секако дека сега некои тетки се поблиски со своите внуци.Но,никој не може да ја замени мајката.И јас имам тетки,но за нив ја сум била само внука.Ме гледале на празници,за родендени и слично.Инаку,не сум тетка (сеуште).Сите се радуваме на мали деца,а ако е внук/а сигурно е уште поголема среќата.Секако,оправдано е тоа прошетки,боенки и слично.Замислите си како и е на мајките да гледаат како некои тетки им ја „крадат“ улогата на мајка.Јас лично,до сега немам видено за таков случај,но се е можно.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ама многу се генерализира бре:wasntme:
    Кој спомна дека тетката некаде излегува прва да воспитува деца пред самите родители? Или пак која тетка на децата или на околината им вели јас сум втора мајка на внуците па на вистинската мајка да и е непријатно.
    Што знам,снаа ми со ќеф на сите им кажува колку и помагам и колку ме сакаат децата и ниту еднаш не ми рекла леле бидејќи те сакаат децата и те осеќаат за блиска се плашам да не ме запостават како мајка,боже сачувај такви работи:D
    Кога сме кај карањето,ги карам кога е потребно и тоа како,но понекогаш ги бранам на поблаг начин,во смисла не да им давам поддршка а со тоа да им сметам во воспитувањето на родителите.
    Мешање било ако се помага?
    Е кај да одам бре за да не помагам,живееме во иста куќа само на различен спрат,слободна сум и зошто да не помогнам кога сум дома? Зарем подобро е да денгубам на интернет или лежејќи во соба?
     
    На cresa-jagoda, BlackAndWhiteSwan, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Искрено не се сложувам со тоа дека тетката е втора мајка.
    Мене ниедна од тетките од страната на мајками не ми помогнале нит ми дале некоја љубов можеби како мала али веќе неколку години не ги гледам за тетки затоа не се ни сложувам со насловот.
    Секој си има свое размислување,секој си има свое гледање на настаните и искуства.
    Додека тетките им помагаа на сите останати внуци за работа,за во школо да поминат со врски,гардероба и позајмување на алишта кај мене не нит ми помогна да најдам раб,ни во школо ми помогнале ни па кога ќе сум побарала нешто ми дале и не ни сакам.Се сама во животот успеав и со школо и со работа и им реков колку имам толку ќе носам и ќе се снајдам не сакам од вас ништо.
    Друго зашто не се согласувам со насловот се направија да и го исперат мозокт на мајками која денес не ја познавам,претходно беше жена од злато,беше мајка.
    Ниедна друга жена,тетка,вујна,стрина,свекрва нема да ја замени мојата вистинска мајка.
    Јас имам лошо искуство со тетките ,а другите членови што имат супер однос со тетките едно големо браво за нив би сакала и јас да видам нешто такво.
    Имам внука и тетка сум ја сакам како сестра еднисвена мала моја е таа али никогаш нема да направам да бидам лоша тетка или да ја заменам мајкаи.
     
    На cresa-jagoda, Dust, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    (y)(y)
    Не ни сакам децава мои тетка им да ја гледаат ко мајка, или па ако јас нешто забранат таа да им дозволи- боже пази
    Ќе ги земе, ќе ги прошета, ќе ги врати,се во граници на нормала
    И јас сум тетка, го сакам, му удоволувам нормално, но си има граници,и тие граници ги почитувам
     
    На Dust, BlackNight, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Во една тема негодуваме дека свекрвите ни се мешаат во одгледување и воспитување на нашите деца и изигруваат втори мајки, а во друга тема како тетка се поистоветуваш со втора мајка :?:
     
    На Mishela, Dust, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  12. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    За среќа или пак несреќа немам свекрва,ама па и теткава за СРЕЌА не се меша многу многу :rofl::rofl:, така да мајка сум си во вистинска смисла на зборот:):)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.371
    Имам внук и внука.
    Сопствени деца добив 10 години после нивното раѓање но ни за момент не сум помислила да се наречам втора мајка или дека мојата љубов е онаа како на снаа ми. Ги сакам и се трудам да им помогнам кога можам колку можам.
    Ни на момент не сум ги помешала улогите.
    Никој не може да ги сака моите деца како мене и татко им и никогаш нема да можам јас да ги сакам внуците како татко им и мајка им или пак како сопствените.

    И доколку како родител кажам не, значи е не. Не сакам ниту баби ниту тетки да одлучат и направат поинаку само за атер да не кршат на детето. Истото го барам и го почитувам, односно правам.

    Секогаш прашувам првен снаа ми што им треба, потоа нив што сакаат. Тој ред никогаш не сум го занемарила.
     
    На BoaVista, tina-63, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Страв ми е да пишам во темава за мојот однос со внуците како тетка.
    Си имаме ние посебен однос и љубов! Јас и на одмор ги носам со мене по 10 дена, спијат кај мене често, кај мене си имаат играчки, облека, пижами :). Ако ги прашаш они не би дома да се вратат :)
     
    На BoaVista, lost123, НаталиЛили и 13 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Ама ги измешавте работите.

    Тетка не сум уште, ама маж ми има тетка која нема деца и живее со неговите. Т.е си живее во домот на својата мајка.
    Она е тука секогаш за внуците, можеби не знае како се сакат нејзини деца, оти нема, ама ги сака многу. Не гледам да се меша во одлуки или што и да е.
    Ама безусловно помага и секогаш, ама баш секогаш е тука за нив, исто како и маж ми и деверот за неа.
    Се знае каде им е границата мајка/тетка. Не гледам нешто свекрва ми да се чувствува загрозено дека и ја земаат љубовта.
    Баш напротив , она вели дека цел живот и била помош, без разлика дали материјално или физички.
     
    На tina-63, bittersweet, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Хммм, маж ми има 3 тетки. Две од нив немаат деца ( едната почина). Другата ги сака него и сестра му претерано. Им вели вие сте ми деца. Минатата недела и беше роденден, и честитаме , вели-доволно ми е само баба да станам. Многу се меша во фамилијата. Ама од друга страна, и дозволуваат. Освен маж ми. Јасно и има ставено до знаење до каде треба да оди. А таа мисли дека треба и има право. Јас немам внуци. Ама би ги сакала највеќе :) Исто како Кукла би била:). Не ми се допадна муабетот на таткото на Даст- ако нема деца нека си ги направи :doh: Лошо звучи многу.
     
    На bittersweet, kukla21, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Ако треба некого да наречам втора мајка на мое дете,тоа ќе биде поголема сестра негова/нејзина што ќе се грижи за него/неа.Не ми текнува која беше членката со три дечиња,велеше дека најстарата ќеркичка го пази и помага со малото како да му е втора мајка.Е тука можам да се согласам и да кажам едно огромно браво.
    Во врска со тетките,јас не сум сретнала тетка која ја замешала улогата на мајка со внучињата,ама ако има такви би ги советувала да си постават граници колку и да ги сакаат.
    Тетка има моето дете,го сака таа многу и го разгалува,ама никогаш на никој нема да дозволам моите принципи за одгледувањето да ги крши и занемарува.
     
    На Dust и mami blue им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А зошто сметате дека тетката се меша во воспитувањето?
    Колку и да сме заедно, детето поголем дел од денот е со родителите. И ако јас го земам на некој саат, зарем ќе го "преобратам"?
    Ние сите свесно или не влијаеме на воспитувањето на децата. Децата одат во градинка/школо и таа средина влијае на оформувањето на детето. Не чув некоја да каже, учителката ли ќе ми го воспитува, ама за тетка, свекрва.. забелешки еден куп.
    Во нормална средина секој знае каде му е местото без да му се каже.
     
    На BoaVista, НаталиЛили, tina-63 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Кукле, не се сите исти тетки.

    И во темана за свекрвите истото прашање се поставува - си ги сака бабата внуците, не оти сака да се меша во воспитувањето и одгледувањето..
    Во истата тема се збори - си го сака мајката синот, неоти сака да им се меша во брак..

    Колку тетки, толку приказни.

    Во главни црти - треба да се сака и почитува тетката, ама Богами има тетки кои претеруваат.
    Можеби несакајќи, од љубов према внучињата...
    Не верувам да постои тетка која со ,,тинтрањето,, лошо сака да стори во поглед на воспитување, ама главен збор треба да си има мајката.
     
    На theowndemon, Someonespecial, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Рефи, мислам дека жалбите кај свекрвите се од друга природа - колку да спие, што да јаде, кога и кој да го бања, држење во раце, облекување, избор на креветче.. ова и за мене е мешање.
    Тетка (бар јас) не навлегува во вакви работи.
     
    На cresa-jagoda, Rama и referentka им се допаѓа ова.