1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетката - втора мајка

Дискусија во 'Дете' започната од Bitter-Sweet, 22 јули 2017.

  1. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.401
    Пол:
    Женски
    @kukla21 за тетки не знам,ама свекрвите си имаат тенденција да се прават попаметни бидејќи нели се многу постари и се знаат,па покрај тоа сами си земаат за право да се вмешаат во одлуките и воспитувањето на родителот.
    Додека од тоа што го читам,тетките сакаат да го разгалуваат детето до таа мера,да потоа родителот има проблем настанат од тоа.
    Ќе ти го земе на неколку часа,ќе му даде да прави што сака,ќе му купи што сака,ќе му посвети максимално внимание и ќе ти го врати.Тоа е индиректно,ама секако потоа родителот некогаш нема време или средства да го прави истото,па детето ќе рече Ти не ме сакаш како тета,тета ми дава да правам ова она,тета ми дава пример да јадам чоколади,ти не ми даваш,тета ми 'дава од балкон да скокам' ти не ми даваш па и ќе каже дека тета му повеќе го сака.Колку и да е дете и не разбира што кажал тебе ќе те здоболе,затоа тетички прајте во времето кога сте со внучињата исто што прават и родителите.
     
    На cresa-jagoda, crimson, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    За свекрвите пишав погоре.

    Јас купувам на внуците, ама еднаш не рекле така како што опиша ти. Нити барале од родителите нешто невозможно. Не се воспитани да не знаат до каде може да бараат. Еднакво се радуваат и на играчка од 3000 ден и на киндер јајце и количе од 100 ден.
     
    На cresa-jagoda, Rama и referentka им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    36.750
    Пол:
    Женски
    Според мене, секое дете треба да има барем една тетка. По можност слободна, без обврски, млада (барем духовно)
    Непроценливо е искуството на децата со тетките. Љубовта, разбирањето, разгалувањето ако сакате, шетањето, галењето... се, се што им пружаат на внуците е сосема различно од родителската т.е мајчинската љубов, ама сепаке е нешто што би требало да се доживее.
    Штета што моево дете не може целосно да го доживее тоа бидејќи моите сестри се веќе мажени и не се толку слободни колку што сакаат, за да и посветат внимание. И со тоа малку време што го имаат заедничко се сакаат бескрајно и тоа не би и го ускратувала во никој случај. Па дури и да ги нарече мамо или да им каже дека сака да и бидат мајки. Голема работа.
    Од друга страна и јас сум тетка. Кога беа помалечки внуците бев далеку послободна и голем дел од времето им го посветував ним. Сме правеле еден куп лудории и глупости, нешто што не го правеле со родителите и нешто што сега не го правам со ќерка ми, бидејќи имам различни перцепции кон нив. И им фали тоа време. И мене :)
     
    На BoaVista, Rama, Jas! и 9 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    70.692
    Океј е Кукле, ти правиш така, ама некои не...Избришани се мислењата на една членка кои одеа до крајности...

    Јас не сум сеуште тетка, ама имам тетки... Сметам дека едната имаше големо влијание врз моето воспитување, бидејќи мајка ми буквално сѐ споделува со неа и за сѐ ја прашува...Еве денес не сум во добри односи со мајка ми, па тетка ми се меша и ми е полута и од мајка ми
     
    На theowndemon, crimson, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.401
    Пол:
    Женски
    Генерално,ретко кои деца не користат џокери:D Вакви исклучоци се ретки навистина.
    Сите сакаат да гледат ТВ по цел ден,или да играат надвор по цел ден,или само благо да јадат ништо друго:D
    Не ми беше муабетот од финансиска природа баш,за скапи играчки не не.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Да се разбереме, за мене исто тоа не е нормален однос. Тоа не е врзано со детето колку со опсесивната врска на сестрите - мора секој ден по 100 пати да се чујат, се да раскажат, рапорт да дадат.. Ова ми е ту мач.

    Јас немам таков однос. Не се мешам кај што не треба затоа што си имам поставено јасни граници. Јас сум за се што опиша @An-na. За се друго си има родители.

    Сире деца Сакаат да гледаат тв или во телефонче/таблет. Јас не ги земам дома да ги чувам, а и лично сметам дека нема фајде од тоа.
     
    Последна измена од модератор: 24 јули 2017
    На bittersweet, Rama, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.401
    Пол:
    Женски
    Оддолговлекуваме.
    Муабетот ми беше, тетките да почитуваат што ќе им речат родителите,за било што и да е,додека се со внуците.
    Да го кршиш родителскиот збор не е убаво.Друго се е за пофалба,најмногу тоа што сакаш многу време да поминуваш со внуците и го наоѓаш истото.
    Искрено,јас копнеам мојата сестра да беше ваква со нејзиното внуче.
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.157
    Допаѓања:
    124.525
    Ова не важи само за тетките:) ова го прави и вујко, баби и дедовци. Не само свекрви туку и нашите мајки знаат да прават така ;) Ама сами треба да си ставиме ред. Маж ми го галеше многу внук му. Се што не му купуваа , тој трк. И само вујче, вујче. Сестра му му рече, маж ми не правеше проблем. Сфати дека така е. И сега знае до кај се границите. Нема шлагче во кафич, нема цела киндер, нема се што ќе посака:)
     
    На bittersweet, Rama, MamacitaBuena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Јас не сум расипник. Никогаш не ми рекле што може, а што не. Дозволувам или не работи кои би ги дала или не на мое дете.
    Имаме добар однос со брат ми и снаата и верувам би ми кажале ако со нешто не се согласуваат. Или и да не ми кажат ќе приметам, ќе ми го ограничат времето со децата.
     
    На BoaVista, bittersweet, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Имам повеќе внуци и сите си ги сакам. Најприврзана сум со синот на брат ми. А живееме и во близина па често се гледаме. Многу јасно е дека сум само тетка и како таква си ја знам улогата. Внук ми ниту ме гледа како втора мајка, ниту сакам да изигрувам таква улога. Пошто е најмал од сите други внуци, со него се чувствувам и јас како дете. Го "буди" тригодишното девојче во мене и уживам со него. Го разгалувам до умереност, никогаш не сум прешла некоја граница и сите функционираме супер.
    Незнам зошто темава се претвори во препукување за тоа како тетките не си го знаат местото и се неостварени родители ( кажувам за оние што немаме деца). Можеби и нема да имам свои деца, можеби тоа и не ми е целта во животот. Незнам што носи животот за мене на тоа поле. Ама многу јасно дека тоа не ме спречува да дарувам љубов како на најблиските, така и на внуците.
     
    На cresa-jagoda, Rama и kukla21 им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.221
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би ја нарекла мојата тетка втора мајка, едноставно нема заслуга за тоа. Не паметам еднаш во животот да ме прошетала, да ме позабавувала кога сум била малечка, да ме прегрнала... Наспроти тоа нејзината ќерка сто пати до сега пред целото семејство има признаено дека ја сака мојата мајка повеќе од се, кога била малечка мајка ми бидејќи ме има подоцна родено си ја третирала како да е нејзино дете, повеќе ја чувала и повеќе и пружала отколку нејзината мајка. Каде и да тргнела на шетање ја носела со себе, ја чувала, и купувала се што и е потребно... Јас не паметам некои посебно убави моменти со мојата тетка, колку и да сакам, не би можела да кажам дека ми е посебно драга личност.
    За жал, јас немам ниту брат ниту сестра така да нивно внуче нема да дочекам, може да имам само од страна на сопругот но мислам дека не би можела со нив да стекнам поврзаност како да се од моја страна.
     
    На eli25 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Имам две тетки и двете ги сакам многу и сум посебно блиска,можеби затоа што и мајка ми е преблиска со нив.Сум растела опкружена со нивното внимание,со едната,која што е само неколку години постара од мене,имам однос каков што имам со најблиските другарки,фамилијарно се дружиме со нејзиното семејство,порано и во град сме излегувале заедно.Нејзините деца ми се како внуци,а не како братучеди(така ги доживувам,по години се колку моите деца).

    Знам која ми е мајка,знаат и они,нема ништо болно во односот кој е здрав,близок.

    Јас сум од скоро тетка.Не знаев дека толку ќе го сакам внучето од прв ден.Сестра ми најмногу ја сакам,логично е и нејзината рожба да има посебно место во моето срце.Љубовта кон него е различна кон онаа кон моите деца,но е огромна.
    Познавајќи се себеси,знам дека ќе го разгалам(што не значи дека разгалувањето значи расипување и одење против принципите на воспитување од родителите).Нема јас да го воспитувам,но ќе го сакам,мазам,шетам,слушам,чувам,тешам,советувам итн....

    Вакви се и моите тетки,а и тетките на моите деца.

    И насловот не е воопшто контроверзен.
    Како ги викавте учителките во градинка,класната,наставничката од прво до четврто одд?

    Ние-втора мајка.
     
    На tina-63, bittersweet, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    Нема ништо контраверзно во темата и не знам зошто е истерана во сосема друг правец напротив започната е со љубов и на истото и ме асоцира, и самиот наслов кажува-втора мајка, а не замена за мајка, го сакам брат ми не можам да опишам колку многу, тој е дел од мене, често не прашуваат дали сме близнаци, еден ден кога ќе има дечиња ќе бидам најсреќна тета
     
    На IronLady, Lolipop23, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Блиска сум со сите внучина од 1 братучеди...а мојата љубов кон внуками од братми,таа е посебна...
    Секој ден иди,се јавува,тете сакам и денес да дојдам,можи?Другиот ден ако ме нема да појдам се јавува пак да дојди.Гушкање,љубов до бескрај:inlove:
    Животот ми се смена од како таа дојде на овој свет.
    Дури и страв ме имаше фатено дали моето дете ќе можам да го сакам толку многу колку неа,мислам поголема љубов не постои.Поврзана е со мене,3 години со мене израсна,има карактер како мојот:angel:
    Неможам да ја искажам со зборови блискоста и љубовта која ја имаме.
     
    На bittersweet, Bitter-Sweet, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Со тетка ми и стрина ми бев многу блиска додека растев, па и се уште сум. Ама никогаш, ни на крај памет не би ми текнало да помислам дека ми се втори мајки, без разлика што едвај чекав да ги видам.

    Прекрасни жени, двете, иако со стрина ми не сум крвно поврзана, е една од ретките од која имам почувствувано толку љубов.
    Мајка ми се има поставено така што не дозволува никој да и се меша во улогата, па за мене цел живот е закон дека секое правило што не е на моите родители е споредно. Џабе роднини да сакаат да ме разгалуваат, ако знам дека нешто од дома ми е забрането, не сум правела.

    И така би се поставила кога ќе бидам и јас тетка. Можеш да сакаш некого и без да се мешаш во туѓ начин на воспитување, всушност тоа е повеќе за почит. Повеќе љубов се покажува така, се друго е исполнување на сопствени желби и играње.
     
    Последна измена: 24 јули 2017
    На LivingGlam, simonka93, Brojka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.622
    Допаѓања:
    38.118
    Пол:
    Женски
    Јас сум тетка на 4 и пол годишно девојче. Внука ми е од сестра. Многу си ја сакам. Не мислам дека сум и втора мајка. Се знае која е мајка, а која е тетка. Знам што смеам да и дозволам, а што не. Никогаш не сум влегла во конфликт со сестра ми. Штета што ретко ја гледам внуката. Кога ќе се видиме не пропуштам да ја гњавам. :)
     
    На Selest, carangigia, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.436
    Пол:
    Женски
    Зa некoгo мaјкa, зa некoгo мaќеa кaкo мoјaтa теткa :puke:.
    Сестрa ми е теткa вo прaвa смислa нa збoрoт. Ќеркa ми јa oбoжaвa,истo и oнa неa.
    Вчерa стaнaв теткa и мнoгу сум среќнa,ќе бидaм нaјдoбрa теткa нa цел свет.:l::inlove::inlove::l:
     
    На augustd, duffi, kankus и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Јас имам внука од брат, многу си ја сакам, ја шетам, и купувам.Со еден збор ја обожавам.

    Ама никогаш, буквално никогаш не сум се ставала на местото на снаа ми.

    Ако каже нема јадење сладолед пред ручек, нема. Ако треба да се спие, спиеме и крај.
    Никогаш за ништо не и се спротивставувам, сепак таа е нејзина ќерка и знае што е најдобро за неа.
    И не треба да се учат децата уште од мали дека мајката е најстрога, а другите околу неа се дозволуваат. Немојте да ги омаловажувате мајките во очите на децата и уште од мали да се учат да не ги почитуваат и да бараат туѓо мислење.
     
    На Lolipop23, Selest, marija305 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Јас имам внук за кој мислев дека нема поголема љубов на светов од таа. Кога бев бремена си мислев како сега? Дали и моето дете ќе биде вакво слатко? Како ќе правам со внук ми. Зарем ќе сакам дете повеќе од внук ми? Дури и мојот син нероден повеќе го сакав од внук ми а пак кога се роди за внук ми немав ни време да го погледнам. Сега сваќам дека се си е со време. Кога немаш свои ги сакаш најмногу внуците. Но сите си се сакаат со соодветната позиција во животот. Најубаво е во семејството да има деца. Свои и внуци. Радоста е за најмалите :)
     
  20. Jana_Jana

    Jana_Jana Нов член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Луѓе многу ми е мило шо сретнав ваква тема.
    Имам една другарка која е премногу понесена со внукот. Тој зборува јасно, таа се гали, го тера да ја "локне" ... Мислам вон секоја нормала! А ако сме излезени па и пише сестра и да го чува внукот, остава се и да ја нема...
    Стварно, верувам дека е убаво да се биде тетка, дај Боже да имаме и свои... Ама треба да се знае граница. И никако тетката не е втора мајка, тетката е тетка, а мајката мајка.
     
    На kikikikirika и Nalutena1 им се допаѓа ова.