Девојки, дали некоја од вас има правено тетоважа на веѓи и колку е задоволна? Дали има различни нијанси на располагање или само црна, кафена и св. кафена? Колку ве чинеше и колку болеше? ФАЛА!
Мислиш на тетовирани веѓи ? Прашај си во некое козметичко студио, за болење сигурно боли и не е честа појава сепак жените повеќе би ги кубеле веѓите од колку да ги отстранат целосно и да ги тетовираат
Јас мислам дека е практично тоа бидејки немора одкога ке ги истетовираш да ги депилираш секогаш, тоа е чисто да се има осет кои влакненца се непотребни. Значи ориентација кои влакна да се искубат. И убаво е што нема потреба од цртење на вегите за оние кои имаат поретки. Сепак јас не би го направила тоа, бидејки ми се светли вегите.
Една моја пријателка си ги истетовира веѓите и мислам дека беше 6000 денари. Мене лично не ми се допаѓа, ептен се познава. Таа како што кажуваше тетовирана е со некоја специјална боја која можела со некое послебно средство кога ќе и здосадат да ги избриши.
Никогаш не би си тетовирала веѓи. Колкава мрза треба да си да не можеш да одвоиш 15 минути да се исчупаш? И тоа ова го кажувам спаѓајќи во групата на најголеми мрзи Ниту ми се допаѓа како изгледаат, ниту ми личат на нешто природно, а плус сигурно е многу болно.
Ayy, фала за линкот ама не мислев баш на такви, туку тетовирани веѓи во комбинација со постоечките влакненца, за да бидат подобро обликувани. Обично се користи кај веѓи кои се ретки, имаат неправилен облик или се премногу светли, па не се приметуваат. Нешто како ова.... http://www.traciegiles.co.uk/eyebrows-treatments.htm
Абе ве читам и ви се чудам... Велите "мразите тетовирани веѓи" претпоставувам со замисла дека сите изгледаат вештачки, тенки и округли. Значи не сите изгледаат така и дај излезете од тие стереотипни размислувања и прочепкајте по интернет ќе видите за што всушност и ви зборувам. Точно е, има промашаи и некои ужасно грозни веѓи ама такви можам да забележам и природни. Тие што имаат ретки веѓи или неправилна форма зарем треба да ги чуваат како такви? Не секогаш природното изгледа најубаво и затоа се иритирам кога читам такви ставови. Оние кои некогаш во животот биле на шминкање кај професионалец знаат дека секогаш прават мали корекции и дополнување на вегите со шминка зошто ретко кој има убави, густи и правилни веѓи. Корекцијата (тетоважата) на веѓи денес е исто како и шминката која секојдневно ја ставате исто како и маскарата која се користи за подолги и погусти трепки, карминот за волумен на усни, пудрата за прекривање недостатоци и уште еден куп други работи со разлика што овде се решава "проблемот" засекогаш. А тоа дека некој става од бес верувам дека е реткост. Болката да ги чупаш цели веѓи верувам дека е огромна и не знам кој би се одлучил на така екстремен начин на "разубавување". За таквите случаи ќе се согласам дека не изгледа природно и такво нешто никогаш не би направила на себе.
Тоа не е тетоважа на веѓи туку трајна шминка. Еве ова http://vimeo.com/9033773 Кога би имала проблем би го решавала можеби на тој начин. Поприродно изгледа така отколку да ги чупам целите и да ги цртам со моливче.
Oва е супер, не се ни приметува ко моливот, убаво делува на очи, сите славни имаат, поготово турчинкиве низ сериите. Kога би можела би си ги истетовирала воопшто не е вештачко, и каде-каде е подобро од цртани веѓи со молив. Cамо лошата страна е да не ти ги утнат,па си се зезнал за сва времена тогаш
На сликите што ги поставила Lake girl баш убаво изгледаат,и некој што има неубави веѓи зашто па да не си направи трајна шминка?Сепак е 1000 пати поубаво решение одколку цртани веѓи со молив,што на мене ми се одвратни. Знам една девојка што ги црта никакви и се,од авион се познаваат. Незнам колку е за веѓи ама кумата моја правеше трајна шминка на уста,како молив за уста.Викаше дека боли,пецка и мислам околу 5000 плати. Каде правеше не знам,и незнам колку време и траеше,неколку месеци мислам
јас знам за ова. имам другарка што ги има истетовирано веѓите ама мене не ми се допаѓа мн се познава дека се тетовирани и со тек на време избледуваат и треба повторно да ги тетовираш. мислам дека воопшто не е болна постапката бидејќи не е класичен пат на тетовирање туку цртање на веѓи е