мн.сакам темни веѓи бидејки моите се светли ептен но никогаш не би ги отстранила целосно за да ги тетовирам бог да чува,незнам дали има некој слушнато за пополнување на веѓите личат како тетовирани но не се само ти ја појачват бојата на веѓите и изгледаат преубаво имам читано во списание но кај нас тешко дека прават такво нешто е сега ајде некој совет каKO до потемни веѓи формата си ја направив убава но како до потемни да не бидам нон стоп со моливот во рака ?
izvini sto ti pisuvam na latinica ne sum sugurna ama proveri vo silluete,gazdaricata melina ima poplnuvanje na vegji ne toj princip,pa prasaj tamu! Pozdrav
Точно не мора сите да изгледаат ептен неприродно ама кај нас редко има такви, сите што ги имам видено апла се познава дека се тетовирани што мене не ми се допаѓа и овде сметам дека не се во прашање стереотипи туку вкус. Нека ми извине некоја ако се препознае Спојлер
^ Од сликиве освен вторите вампирски кои секако изгледаат лошо, другите ќе бидат ОК (тука не зборам за формата мене ниту една не ми се допаѓа, туку за бојата). Сликиве се веднаш после тетовирањето и нормално е да имаат вака јака боја и да делуваат неприридно. За ден-два таа боја се лупи како и кај секоја друга тетоважа и добива поприроден изглед, плус кога ќе подраснат влакна изгледа сосема коректно. Се знае природна густа веѓа е најдобра, може да си ја обликуваш како што сакаш и изгледа совршено, ама за оние кои немаат таков избор и ова не е лоша опција. Спојлер Еве ги и моите, им фали нешто? Зарем подобро ќе беше да бев без веѓи или можда секое сабајле да губев време на цртички со молив и да се молам да не заврне?
Искрено и јас имам многу ретки веѓи и плус тоа ми се светли.Цело време ги растам и пак не можам да ја добијам посакуваната форма.Па можеби и би направила вакво нешто,пополнување зошто да не ако ми изгледаат природно секако.Ај ве молам дали знаете цени за оваа постапка и салони. Поздрав.
Мене искрено грдо ми изгледаат. Познавам една што немат тетоважа на веѓи,туку ги цртат со моливче и ич не убаво изгледаат.Премногу е грдо.
http://www.google.com/imgres?q=tattooed ... ,s:0,i:181 Jас ова го подразбирам како тетоважа на веѓи, а инаку кога видам некоја таква ми личи на вештерка.. без навреда за веќе тетовираните..
И јас никогаш нема да ставам тетоважа на веѓите , една моја сосетка си ги тетовираше и откако ќе почнат да и растат нејзините влакна ги бричеше , мноогу грозно , ужас
Тетка ми правеше тетовирани веѓи, и погрдо нешто амин според мене. Тенки линии, кои како прво ке и стојат цел живот, а нејзините што ке и растат одоздола мора нон стоп да ги депилира. Се правела некаде во Кавадарци незнам кај точно, ама бојата некако и се смени сега како црвено-кафеави и станаа...
Јас никогаш не би направила, дури и да имам веѓи за никаде. Многу грдо и нападно изгледа, ми се гади коа ќе видам девојка со тетовирани веѓи.
Стварно не можам да ве разберам, за мене да немаш веѓи е исто како да немаш коса. Ако некоја девојка или жена сеедно од било која причина остане без коса зарем треба да шета така а? Зошто нели ако си стави некој уметок или перика народот ќе се гади од неа и ќе повраќа по улици? Или оние жени кои останале без дојка не треба да стават имплант зошто не е природно. Или било каков друг недостаток не треба да се покрие зошто природата така одлучила нели? Крај краева не сте вие тие што ги носат, туку некој друг и ако толку ви се гади може да прекинете контакти со таа личност за да не ви страдаат цревата. Нареден пат кога ќе забележите некоја "нападна" и "грда" девојка знајте дека тоа е само заради нејзините веѓи и ве молам свртете се некаде на страна да се исповратите, полесно ќе ви биде.
Леле сега ги видов линковиве што ги ставивте и ми се згрози животот! Па тоа треба да бидеш светска мрза или болна личност да не успееш да одвоиш 15-20 минути да си ги средиш како човек, туку да се црташ!
Тетоважата на веѓи е 100 евра и воопшто ама воопшто не е гадна. Може да се тетовирате црно,кафено и светло кафено зависно од тоа каква ви е косата и природните веѓи. Мама се тетовираше кај пријателка нејзина и изгледаше баш природно,не гледам зашто толку хистеришате и го правите ова како да е хорор филм. Траат прилично долго време и после тоа ако НЕ сакаш да ги РЕ-тетовираш треба да ги пушташ твоите и да им дадеш поубав облик.Плус сликите што вие сте ги ставале се ОДМА после тетовирањето и нормално дека толку се познава ама после тоа е баш како природни да се,само што си имаш помалку маки со нив и како што знам имаше прашање дали боли? - Не,воопшто и не се чуствува. П.с. бирајте кај кого идете а не да го правите тоа кај секој.
Немам ништо против тетовирањето на веѓи ,некои луѓе навистина имаат ретки и светли веѓи ,па мораат перманентно да го отстранат тој проблем. Спојлер Имам видено една жена со зелени тетовирани веѓи ,нејзините ги депилира е таа не изгледа воопшто убаво.