Има луѓе што имаат ретки или воопшто немаат веѓи. Кога се соодветно направени со боја иста или слична на основната боја на веѓите тогаш е во ред. Се непрофесионално изработено го влошува изгледот на истите. Мислам дека повеќето ги прават темни заради ефект при сликање за инстаграм или сл., а во живо изгледа премногу.
Јас имам добра форма, но левата веѓа ми има “дупки” а и веќе смачено ми е да ги средувам секојдневно.. мн ми се допаѓаат овие пудра веѓи кај kitty, потазе искуство за кај неа?
Исто и јас имам одлично искуство. Бледнеат според типот на кожа и на која возраст ги правиш. Но 5 до 10 години траат пред да избледнат. Така да 5 години ти се сигурни ако не и повеќе. Ова според нејзиното кажување и собирање информации од интернет ми е бидејќи мене ми се скоро правени, па ќе видиме колку ќе издржат. Јас на места воопшто немав, формата ја прави според твои желби, си имаш проба со моливче да видиш како ќе личат по неа црта после, почетокот на веѓата не е како со маркер цртано туку убаво блендирано и исенчено. Не се здебелуваат или менуваат боја како кај микроблејдинг. Потребно е месец дена до конечен резултат заради корекција и заздравување. Се на се, голема препорака
Јас правев combo brows, но не во Мк. Воопшто не изгледаат како тетоважа или како боени. За трајноста ми рекоа дека траат отприлика 1 до 2 години, (зависи од типот на кожата) и пожелно е корекција после една година. Супер изгледаат, а и јас цело време ги цртав, сега барем малку време си заштедувам.
Тоа е повеќе за потполнување на дупки отколку милроблејдинг. Понежна варијанта е секако микроблејдингот бидејќи ова ако се приближиш изгледа како вид тетоважа. Бојата после прва корекција каква ти е - останува иста и по 2 години и не бледи. Поболна процедура е микроблејдингот.
Девојки искуство со Данче Јовановска за веѓи? Подолго време сакам да ги направам веѓите со некој метод чисто онака за убава форма, но страв ми е да одам кај било кој. Девојкава ми излезе случајно и по сликиве ми се допаѓа како работи па ако има некој искуство со нејзе и евентуално број да ми даде зошто не враќа на инста.