Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважа

Дискусија во 'Тело' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. sandricka30

    sandricka30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Знае ли некој да ми каже кој е најдобар "мајстор" за тетоважи во ПРИЛЕП(од лично искуство или препорачано).сакам да се тетовирам ама сеуште не можам да се одлучам кој да ме тетовира.Сум ЗА тетоважи со или без значење,секој си има право што сака да си прави со сопственото тело,иако не изгледа баш најубаво кога ќе видиш некој скрос ишаран по цело тело.
     
  2. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    мислам дека не ме свати шо сакам да кажам ама ок е :)
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас не сум ни За ни Против тетоважите, што значи неутрална сум. На себе никогаш не би ставила, а на други да гледам што знам, не ми се допаѓа претерано... Ајде ако има некакво значење може некоја малечка на голен дел од раката, на зглобови или на врат, ама оние по грбови, стомаци и сл. ич не ми се допаѓаат, ама ич.
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    А што ако случајно имаш флека -генетски, или некоја лузна недај боже, сакаш да кажеш дека никој нема да те сака??? Примерно дете не е само она кое нема тетоважи, може и да нема а да е нај не примерно. Значи тетоважата не го воспитува детето. А, доколку сакаш твоето дете да не се нареди со многу тетоважи, убаво ќе му објасниш. Но, дури и да немаш, тоа ако толку сака ќе стави. Кај мене во фамилија, никој нема тетоважа, ама ете ја сум исрод и сакам. Но, никогаш, никого нема да натерам со сила да стави или пак некого да осудам што ставил.
    А ако некој те сака, верувај ќе те сака со сите маани.
     
  5. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Јас ете сум за тетоважи,само да не се претерува нормално.Имам 3 на мене,сите на места кои вака не се видливи, и морам да признаам дека имам некоја посебна љубов кон секоја од нив. Не би можела да се замислам без нив,дел од моето тело се ! Претходниот дечко се мрштеше кога ќе отидев да се тетовирам,сегашниот е индиферентен :D Јас секако ги ставам за свои очи :!:
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Jaс многу сакам тетоважи, но некако немам храброст да се истетовирам зашто никој не ме подржува, баш никој. :tmi: Го молам дечко ми да се тетовираме (не поврзано со нас, уф ич не сакам тетоважи со иницијали на партнери), него сакам машко со тетоважа а и јас сакам на грбот мала убава за мене да е и нешто што мене ми значи. И тој е против тетоважи и моите се против во однос на тоа да не ми пренесат некоја инфекција, родители ко родители. Пред некој месец му пренесоа на едно девојче во Скопје хепатит во едно студио.

    А најодвратни тетоважи ми се ѕвездички.
    Видов девојка која цел грб и е ѕвезди. И што? Има ѕвездено небо, галаксија на цело тело. Wow каква идеја. |( Ич не ми се допаѓаат. Или пеперутки. Или некои срценца. Тоа се тинејџерски тетоважи. Затоа и сум против тетовирање пред 18, ма може и пред 21 година е добро се направи. Иако и законски не може под 18 без родител, кај нас ако ти е пријател тату мајсторот се е можно.
     
  7. Slim-Shady

    Slim-Shady Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    21
    Решивме да се истетовираме со дечкоми, и тоа да бидат тетоважи кои кје бидат многу поврзани. Секако не иницијали. На пример моја идеја е јас да истетовирам клуч а тој катанче. Може некоја ваша идеја да ми помогнете?
     
  8. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Сакам трајна тетоважа со посебно значење за мене.. Односно сакам две тетоважи. Ке ви кажам накнадно што би сакала да пишува ;) :D . Навистина не ми се допага кога некој е ишаран низ цело тело како сликовница. Исто така не сакам и кога цртатаат разни ѕвезди, срциња, цвекиња и слично. Ке им мине меракот и што тогаш? Што кога ке остариш? ЛОЛ :)
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би ставила тетоважа за да бидам забележна, мислам тоа се глупости и детски филмови. Имам една позади уво продолжува на врат. Си ја смислив јас со помош на Симон, и ја сакам премногу зошто ми има огромно значење, сега ќе се тетовирам пак на грбот поврзано со моја Мила, фотографија и живот. Симболиката ми е многу битна.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас сум за тетоважите, но не со цел привлекување на внимание. Ако веќе се тетовираш да го направиш тоа затоа што навистина сакаш. Секако, не треба да се претерува. Многу ги сакам трајните тетоважи кои имаат некакво особено значење. Имам една трајна тетоважа на грбот, кај рамото, а можеби ќе си направам уште една во иднина.
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ако веќе ставам тетоважа тоа сигурно би била некоја со посебно значење .... :!: а не шарање на телото без идеја од типот на пеперутки, срценца, некои глупави натписи , ѕвездички ... :puke:
    Ама немам храброст бее .... :?: :lol: никој не ми прави друштво ни во фамилија ни ништо а остај тоа ако се тетовирам дадено ми е до знаење ќе имам доживотна санкција од татко ми ако нешто мрази тоа се тетоважи ...Не дека тоа ќе ме допре :lol: ама сепак :?: ако се премислам после не смеам ни да писнам ... Сега за сега ќе се задоволам со оние што си ги правам во Охрид :lol: па здравје понатаму ќе видимее :)
     
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сега за сега, нејќам мајка ми да добие инфаркт, така да нема да ставам тетоважа... :lol: Ама сигурно кога ќе бидам на факултет, ќе направам :devil:
     
  13. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Јас лично не сакам тетоважи, барем не трајни за цел живот. Неам ништо против луѓето со тетоважи, али оние што се цели исцртани ми изгледаат малку бевезе :)
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    јас, бидејќи нејќам трајна тетоважа, обично секое лето си правам привремена на 2/3 месеци...типчето кое ме црта е феноменален и мн сум задоволна :))
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    :o 3 месеци има такви ? Кај ги правиш и по која цена ? ?Многу сакааам не знаев дека има такво нешто :)
     
  16. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Мала тетоважа сосема нормално,но поголеми неее :?:
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Јас порано сакав тетоважа, но никогаш не си направив од проста причина што не знаев дали ќе си ја сакам после неколку години :) А, сега веќе одамна не размислувам на тоа, макар што се уште ми е интересно да ја гледам Кет Вон Ди кога тетовира цц
     
  18. natasaltd

    natasaltd Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    48
    Kога ке остариш ке ти се свиѓаат виснатите гради,стомакот,збрчканото лице,ама нема да ти се свиѓа тетоважата :D Mене тетоважите ми се ок
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.775
    Допаѓања:
    18.328
    Пол:
    Женски
    Обожавам тетоважи и во план сум да направам при крајот на летово,па ќе видиме што ќе биде
     
  20. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    80
    хмм.. сакам тетоважи ми делуват симпатично и секси.. ама во одредена мера.. многу би сакала да ставам на ногата или над задникот одма кај дупчињата и имам замислено како.. тоа кога би потпораснала ама тешко дека би се осудила на таков потег... бидејќи од овие обичните инфекции и што не се случува а не камоли трајна, имам слушнато дек предизвикува рак на кожа, пу пу не дај боже да чукнам од дрво...