Болката е индивидуална, секој има различен праг на толеранција. Не е ништо страшно, на моменти знае да биде и пријатна болка Зависи од местото, големината, техниката и спретноста на артистот.
Од сите што ги пратам до сега, Симон некако највеќе ми се свиѓа, тоа е стилот што ми прави мерак, Ева исто. Е сега, прашањето ми беше како се со хигиена, дали некој бил таму и како е задоволен? Првово тетоважиче сакам да ми биде само outline од фацата на кучето со тенки линии, нацртано ми е на таблет се тоа само треба да се ископира. Да пробам прво со нешто помало пред да се решам да ја правам цела рака пошто слабо трпам болка https://instagram.com/simon_painltd?igshid=YmMyMTA2M2Y= https://instagram.com/eandreeva_tattoo?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Јас се тетовирав кај Симон. Супер излезе, букви тетовирав и ми требаше некој што е прецизен. За хигиена не знам еве, работи во стан, не очекувај убаво студио, но сигурна сум дека опремата е стерилна, не е нов во ова поле и доста е препорачуван.
Tattoo by Monika кај Капитол. Над лактот не боли, позади уво не боли, на нога горе не боли. Пецка нормално малку.