Ако ги правиш на истиот термин ќе бидат помалку од 6.000 ден, затоа што ќе ја искористат истата игла.
dechki zdravo. na poklon dobiv vaucher za tetoviranje od kaj boban groff, pa me interesiraat vashi iskustva ili na nekoj vash blizok so nego kako tattoo artist zatoa shto iskreno ne ni znaev deka postoi chovekov sve dur ne go dobiv poklonot. inache planiram da pravam dve minimalni tetovazhi od koi ednata sakam da e vo boja i do sega se neam nikad tetovirano
Супер е Гроф, сега е некаде накај Хиподром преселен мислам. Јас сакав таму да ја правам втората ама за жал немав време. Здравје,ако се одлучам за трета ќе одам кај него. Нема да погрешиш,изработките му се добри. Другарка ми има три-четири тетоважи кај него правени. Најди си дизајн и кажи му дека сакаш мали,верувам дека ќе бидат прекрасни.
Денеска не се претвора во зелена зошто боите се поквалитетни затоа е многу битно каде ќе се тетовираш. Бојата бледее, но не позеленува. Тие зелените се од ЈНА зошто не се тетовирале со боја за тетовирање туку бог знае со што
Ако тебе те бендисува зошто да не. Ти ќе ја носиш цел живот ти одлучуваш што ќе ставиш. Ако мене ми се свиѓа можеби на некоја друга членка нема и тоа не треба да игра псолутно никака улога. За тебе се тетовираш не за луѓето одстрана
Mnogu sakam da se tetoviram ama nekoja mala tetovaza normalno so znacenje ke bide ama nikako da se odlucam..
Имам 2. Не ставам слика заради анонимноста ама еве ќе кажам што се. Едната е волк, на рака го имам. Другата е мал симбол кој многу ми значи на половината. Планирав уште една, ама јок. Ќе почекам, ако ме биде понатаму со изгледот ќе ја направам на нога.
Шеќери, предложете некој high-end тату мајстор. Некој кој користи нова игла за секој клиент, некој скупичок.
Сериозно мислиш дека има таков шо користи иста игла за повеќе клиенти? Инаку, Горан Мичич, ма да зависи каква тетоважа сакаш. Ѕирни го на инста.
Срцка ни тие маалските не тетовираат со иста игла повеќе луѓе. Имам на инста што следам некој страни, не сум била да знам ни како им се движат цените, ама по тоа што објавуваат супер тетоважи прават. ad__tattoo, ristovska_tattoo. И веќе ако сакаш ептен квалитетна тетоважа и си за по скупичка ко што кажа. Или Мичич, или Пендева се дефинитивно број 1 у државава.