Тату артист се бира според стилот на тетоважа што сакаш да го тетовираш. Доста од познатите артисти не би се нафатиле да тетовираат нешто што не е нивен стил. Што сакаш да тетовираш, па да ти предложиме?
Јас овде правев тетоважа пред 2 години сега за сега ми е супер и планирам барем уште две да си ставам https://instagram.com/tattooartistmonika?igshid=MWZjMTM2ODFkZg==
Не би требало повеќе од 2000 ден. Ќе си прашаш во салонот. И размисли дали сакаш тетоважа на прст, најбргу бледеат и се раскашуваат, на крај ништо нема да ти се познава
Без разлика колку и да е мала тетоважата, си кошта. Зависи кај кој тату артист ќе одиш, има некој што им е почетна цена од 1000 денари па нагоре. И точка нека е само пак ќе ти наплати 1000-2000.
Сноуфлејк веке ти објснала. Можеш да најдеш поефтино можеби во некој друг град во внатрешноста, или некој локален артист што сега почнува. Порано кај повеќето почетна цена на тетоважа беше 1500 ден. Сега мислам дека пораснаа па би била околу 2000 ден.
Наредна недела имам закажано за тетоважа. Па сакам да прашам дали е болно некако сум многу на мисла дали ке издржам или не. Какво е чувството на болка,сигурно е издржливо но сепак сакам да слушнам искуство. Иначе тетоважата ке е долж раката под лактот тој дел
Чувството е индивидуално секогаш, но подлактица не боли толку. Не е ништо страшно, нема да паднеш у несвест. Секако, ако нешто се осеќаш незгодно, скааш пауза ќе му кажеш на артистот. Али не е страшно. Со среќа
Здраво на сите. Имам огромна желба да ставам тетоважа која има големо значење за мене, па ме интересира дали е многу болно. Инаку прв пат ќе се тетовирам.
Со најмала игла да се боцнеш по грешка ќе те здоболи не па нешто друго. Нормално е, но не е страшно или паѓање у несвест. Ако е така никој немало да се тетовира. Ќе издржиш без гајле, башка не е нешто големо тетоважава. Инску повеќе болат деловите на телото околу коски, рбет, ребра, колена, цебаници и сл. Другото нема гајле.
Дали имате препорака за некој што прави мали и тенки тетоважи? Имам страв дека ќе отидам кај погрешен артист и за неколку години комплетно ќе ми се ушмрљаат и здебелат линиите.
Препорачувам the wave tattoo, две девојки работат ептен прецизни. Јас две минималистички тенки тетоважи направив, и веќе долго време си ги носам им се нема ништо случено. Исто моја другарка прва тетоважа правеше кај нив со тенки линии топ е.
Првата што ја ставив ја имам веќе две години, таа ја платив 1500 беше на некој попуст за линиски тетоважи. Втората ја ставив сега во септември и платив 2500.