Јас правев вчера да знаев дека не е ништо толку болно одамна ке ја направев. Како што пиша членката погоре со најмала игла да боцнеш ке те здоболи,но искрено јас никаква болка немав само благо пецкање додека црташе.Секако како што и кажуваат болката е индивидуална од тоа каде е тетоважата,може на др место ке боли. Но сакав да ти кажам ич да не ја мислиш да си се тетовираш
Јас имам една,болката беше издржлива само многу зависи каде сакаш да ставиш тетоважа.Околу коските повеќе боли
Како пецкање се осеќа, е ако имаш доста сенчање, боли оти местото се работи повеќе пати... јас имам на ребра ама не беше којзнае каква болка, не е баш пријатно само, а болка осетив кога напраив пауза па олади местото, инаку не
Симон дефинитивно. Pain Ltd tattoo За мене Симон е број 1. Од 18 год се тетовирам таму. Проверен, со квалитетни бои и машинки а не овие што се појавија од пред 4,5 год сите со кинески опреми и бои од алиекспрес. Сепак за здравје се работи, имам пријателка од кај д.р Анчевски и ми има кажувано дека од кај сите скоро тату артисти и доаѓаат со инфекции, само од кај Симон никад немала пациент. Тоа ми беше доволно за да биде мој тату артист за секогаш Боли колку депилација на раце, се надевам помогнав Е сеа ребра болат многу тоа знам...ама на рака нога грб не е страшно ич.
И јас да се придружам на коментарите вчера се тетовирав и не боли колку што мислев и тетоважата не ми е баш мала плус на задник ја направив
Nameless nikako, na brat mi tetovazata uzas ke ti pustam i slika ako sakas. Ako tie tri ti se opcija drugite dve studia ti se bolje spored mene.. Jas na primer kaj Simon Painltd se tetoviram so godini prezadovolna.
Прв пат некој од нејмлес за де пожали. Дали си сигурна дека е тоа студио да не си побркала нешто. Драш е со години артист има неверојатно искуство. Ина е истп така предобра, Ивана од лаки7 се префрли тсму, се имам кај неа тетовирано презадоволна сум.
Да намелесс со Ина. Па не баш прв пат, сум слушнала доста.. Имаше и на фб у група пишано. Ние 40плус ваљда поише искуство имаме и некој шо работи 5,6 год не можам да го сметам за предобар одам на искуство.... Во послед време се отворија мн студија но не значи дека се сите добри. Плус на нив им се едитирани сликите сите на инста и од тапа тетоважа со ефекти изгледа вау а не е . Види ја истата по неколку месеци боите лом. Еве ела инбокс ќе ти пратам пред и потоа. Познавам многу што една направиле таму и никогаш повеќе. Еве брат ми се покаја на велико па ја поправаше одвај.
Па да со слики едитирани на инста се јаки Види ја истата тетоважа пред и после 4,5 месеци па ќе праиме муабет.
Јас пак кај Симон не сум ич задоволна, да ти ја пуштам каква е станата за 7 год, ужас. Толку боја има внатре што постојано е испакната, ако нешто имам на неа да ме допира ми се иритира страшно и ме чеша и дури боли. Буквите ко да се споени веќе една со друга, а општо целата тетоважа ја има изгубено формата. Му платив 150 евра и ми се најбезвеза дадени пари за тетоважа. Имам уште 7 и ни една нема изгубено толку на квалитет. Брат ми е тату артист, неговата прва што ми ја правше кога се учеше има подобар квалитет од оваа на Симон.
Мислам дека сите тетоважи ако не се чуваат правилно бледнеат зависи и на кое место е тетовиран, тетоважите кои ги носат на себе се стари ама добро изгледаат