Епа еве различни искуства. Јас немам роднини блиски тату артисти и кажувам од искуство. Дека ти се споиле буквите чисто сумљам зашто неколку пати ме има Симон одбиено за тетоважа пошо сум ја сакала премала, со изговор дека буквите ќе се спојат со тек на време па ме предомислувал. Исто и сите другарки/другари што сум ги праќала доста ги враќал зашто не праи тетоважа ако смета дека за икс време ќе биде гомно. На пр само он не праи ситни тетоважи со букви и на пр бар кодови. А тоа дека брат ти е тату артист кажува многу, фала богу он у твои очи ќе биде најдобар и ќе си го рекламираш односно другите ќе ги ругаш за он да има работа. Симон е прв тату артист тука кај нас, сите др од него учеле, така да за стручност сите др може да му се фатат. Ова од некој што нема тату артисти у фамилија и поблиски туку од 15+ тетоважи на него што изгледаат како да се правени завчера. Нивните да зашто други ги правеле
Не го руган од што го промовирам брат ми, брат ми уште не ни тетовира туку се учи, тетовира само негови луѓе така да неам фајда да го прмовирам, нејсе иам и од други артисти и пак сите ми се подобри од него.Извини ама тоа што ти се сомневаш дека ми се споени буквите не значи дека не се споени. Баш ќе ја сликам, ја немам сликано скоро. Може он е експерт не велам не, ама дека ми ја утна тетоважата потпишувам со две раце.
Фала ви на сите за одговорите ама повеќе ме збунивте сеа. Спремен сум да платам само сакам да сум сигурен дека артистот е способен да го изработи тоа што го сакам. Некој искуство со Indigo има?
Индиго се реалтивно нови млади артисти. Ако си спремен да дадеш пари секогаш е подобро кај некој со поголемо искуство
Не ми веруваш за што? Да ти пратам слика од тетоважите ? Да се сомневам дека некој што е синоним за тетоважи во Ск да утнал. Прв пат слушам, а наводно новиве се предобри? А за ругање да да напишеш за некој дека утнал тетоважа му рушиш углед, а самото тоа што предлагаш наводно подобри студија промовираш други сигурно таму кај што работи/учи брат и. Логично нели? Сепак би сакала и сите тука сакаме предлози од искуство само Точно се слагам во целост. Со тетоважите е исто колку платиш толку музика. Цел живот се на тебе нема назад, па ценкање за 1000че плус минус не би требало да е ставка. Или ако немаш во моментот не се тетовирај по секоја цена. Бар јас така сум правела. Ќе почекам за кога ќе можам да си дозволам, зашто утната тетоважа цел живот повеќе ќе ме кошта. Не брзај само. Разговарај со повеќе. Сепак за нешто што ќе го носиш цел живот се работи. Еве јас кај Симон Паин Лтд се тетовирам со години, исто Мичич е добар што сум слушала. Они се со најстари студија, т.е. мичич кај симон учел мислам? Исто и Пендева е добра. За новиве не сум фан имам слушнато и доста лоши искуства. Види пиши на повеќе прашај и одлучи си.
А каква тетоважа сакаш? Многу е битно да го бираш артистот според стилот кој го работи. Прво добрите артисти не би ти се нафатиле да те тетовираат ако не е нивен стил, друго не може да тетовираш реализам кај некој кој работи пример old school traditional.
Сакам да почнам сега за сега со десната подлактица во patchwork стил мислам дека се вика(повеќе помали тетоважи). Од нашиве артисти најсличен стил на она што го сакам ми изгледа дека работи Ивана од Nameless и Ева во Indigo. Ако некој има искуство баш со нив или доколку знае артист што го работи баш то стил нека ми пише.
Jas imam praveno dve tetovazi na race kaj Ivana pred 2 godini i sum prezadovolna, devojkata ima stil ima ideja i e prav umetnik. Soprugot sega treta zavrsi tetovaza isto kaj nea. Znae da dade ideja, ima cuvstvo za estetika, forma, prostor, mene mi e tatoo majstor No. 1. Tetovazite mi se kako novi, nema izbleduvanje na boja, nitu slevanje se si e na mesto. Mislam deka bas ovaa tehnika sto ja baras nejze i lezi odlicno.
Не знам зошто ми се запи за тоа што го кажав, никаде не спомнав ниту дека го промовирам брат ми, ниту реков дека ќе дадам контакт ако некој сака. Брат ми се учи сам, не работи во студио, патем брат ми црта хиперреализам, ако се докажуваме тука кој е подобар, верувам дека е многу подобар уметник од Симон, тврдам со две раце.Не знам зошто толку пристрасно го браниш, може тебе ти е брат, не дека не ја знае професијата, ама какви тату мајстори има, со какви стилови и чуда, во споредба со нив мене ми е просечен би рекла. И пак ќе кажам не знам зошто не ми веруваш дека тетоважата ми е ужасна после кратко време, ама ете слика за да не испадне дека лажам или промовирам како што велиш ти. Во нормални услови е вака релефња, а кога нешто ме иритира на неа, ме боли ужасно и отекува целата. Кога збориме за промоција, за споредба, ова е тероважа од брат ми. Направена после месец учење да тетовира, сеге многу, многу подобар.
Прво ако стварно ова горе е твоја тетоважа подитно на лекар! Ова не е е од убаво/лошо направена тетоважа туку твоја реакција на боја. Највероватно си алергична на нешто па вака телото се бори. Затоа и ти е станата ваква, и ме смее да отекува после толку време. Си требала да мачкаш герамицин или нешто... Не знам како си ја оставила вака толку време. Затоа и ти е релјефна и задебелена прочитај на нет како телото исфрла боја. Знам луѓе што се алергични на различни видови на боја, и пред тетовирање бираат други. Затоа ми беше чудно зашто јас имам премногу тетоважи од кај Симон се тетовирам сигурнп 20 год и ниту една не е ни слична ваква, имам и црно бели и со боја, баш ќе ти пратам да видиш боја после 15 год како изгледа. Најдобронамерно види за тетоважава, контактирај го и симон ќе видиш што ќе ти препорача, се надевам ќе средиш поздрав
И пак со тоа дека не е моја тетоважата Го имам контактирано после неколку месеци и нормално се оградуваше со тоа дека е нормална реакција и дека ќе заздрави, не го контактирав после тоа оти при тој контакт односот му беше разочарувачки. Не знам зошто мислиш дека неам отидено на лекар, иам отидено не тука туку во Лондон дури, не е реакција на боја туку резултат на премногу боја и на неквалитетна изработка, немам алергија на боја и за среќа не е секогаш вака испакната, некогаш само кога на местото ќе ме иритира дали етикета од облека или ако ја изложам на сонце. И да ја мачкав гентамицин и ја негував како и сите други пред неа, не ми беше прва тетоважа, а ниту последна. Не знам зошто некои луѓе имате потреба да се борите толку за тату артисти, некогаш едноставно и најдобрите грешат, мислам доктор се случува да згреши не пак тату артист. Јас лично кажав мислење од мое искуство и со неговото однесување пост тетовирање и со ваквата реакција не би го препорачала на никој ниту би отишла пак. И секогаш сте ми биле чудни луѓето како тебе што секогаш се гласни како демек имаат многу тетоважи и се знаат, имам и јас, првата ја направив на 14 год и немам престанато од тогаш, немам една, ниту две… Имам и јас тероважа стара 15 год и не е ваква, знам како треба да изгледа после 15 год, не мора да ми праќаш слика. Ти пак се тетовирај кај него, ја не би и си кажав мислење. Фала на добронамерниот совет, веќе е превземено се што требаше да се превземе во врска со оваа тетоважа.
Здраво.. Сакам да прашам пред скоро 2месеци се тетовирав значи ја негував и све што е потребно но сега после толку време многу ме чеша дали е нормално? Ми се иде кожата да си ја одерам. Инаку прва тетоважа ми е.
Јас си направив мала тетоважа во форма на цвет ама еве после 4 години тетоважата ми се спои некако целата не се познаваат линиите. Црна е целата. Многу ми е криво за тоа. Преубава беше. Не знам зошто така. Дали е до местото. А сакав уште една тетоважа ама сега веќе не сум сигурна.
Зависи кај ти е Влијае и килажата Ако ти е на место кај што имаш повеќе кожа, може од промени во кг да се смени малце обликот. Мене ми се сите кај што неам месо повеќе од таа причина. Плус дека вежбам, здравје да дојдам до одреден степен на форма, ќе ставам и на такво некое место, и ќе одржувам форма. Исто пример како на дланка горе да стаиш, на стари години кога ќе ни збрчка кожата, ништо нема да се гледс за жал
Ако ти е многу мала а мн детаљи нормално е, затоа повеќето тату артисти би ти советувале да ја направиш поголема ако има мн детаљи баш од таа причина со тек на време да не ти се спои. Бар мене така ме советувале и кога бараш мала мораш да е без мн детаљи и линиите да не де блиску за да не биде ко дамка после . Ја би ти советувала корекција ако може или една сесија ласер ( ич не боли) па така избелена одозгора нова. Ако те интересира пиши ми лп
Здраво, да не има некој информација околу квалитетот на боите од аспект на токсичност по тату студијата? Каде се на пр. најмалку токсични? Може звучи смешно ама читав дека можат да бидат канцерогени. Благодарам
Здраво, дали знаете каде во Скопје можам да најдам артист што прави убави тетоважи со мноогу тенки линии баш онака fine lines, нежнички?