Каде се тетовираше? Би сакала на истото место да се истетовирам, но имам многу вени во тој предел, па барав кај некој што има искуство со самата кожа, не мора да е неверојатен уметник
Дали ако ставам тетоважа и после неколку години се предомислам, лесно се отстранува со ласер? Дали би можел да имам последици на кожата?
Сите имаме вени во тој дел на раката, иглата за тетовирање не влегува толку длабоко за да ги повреди вените, влегува само под кожа. Лесно се отстранува да, ама што имам слушано искуства по нет е доста болен дел тој со отстранувањето, затоа што ја гори кожата на тоа место, ама после не знам дали останува нешто како белег на местото, ама најверојатно не, затоа што има доста масти за регенерирање на кожата после отстранување на тетоважа, па не би требало да има некој последици на кожата. Ако не си сигурен за почеток не мора да правиш одма трајна, направи од оние пробни што се по неколку месеци што траат и види како ќе се осеќаш со тетоважа. Е сега од искуство јас барем до сега воопшто не сум се покајала за ниедна тетоважа, а од почеток бев као оноа ај само една ќе стаам и толку, после уште 6 направив, некој ми се со значење, некој воопшто не, ама сите си ги сакам премногу и ми е непроценливо што ги имам затоа што во тој момент сум ги сакала премногу и така сум се осеќала, едноставно ми се како украс и уметност на телото. Со овој став сум уште од почеток и мислам дека никогаш не би го сменила овоа размислување. Сега сум во план уште една да правам и се ја одложувам, не поради тоа што се мислам, туку поради финансии.
Денес се тетовирав, ми залепи лепенка/фолија како и другите пати но овај пат ми рече да ја чувам една недела со нејзе побрзо зараснувала. Потоа после миење само со хидратантен лосион и тоа е тоа. Мислам дека минатите пати не ја имам чувано толку лепенката а и ми имаше кажано со хидроциклин да мачкам а овој пат не. Ако има некоj шо се разбира да одговори.
Има такви фолии, ама мене не знам зошто повеќе од ден два не ми стојат. Исто ми кажаа може слободно една недела да ја носам. Јас секогаш мачкам само пантенол и одмивање со сапун неколку пати на ден.
Убаво ти рекла, овие лепенки се замена за целата таа малтретажа до моење мачкање по сто пати и уништување облека. Остави ја, така побрзо ќе ти зарасне псоле само мачкај си кремче
Јас овојпат за првпат ја чував една недела, и најбрзо во живот ми заздраве. Само многу ја пазев да не се одлепи.
Мислам не е толку до болката колку што е колку е видни местото. Добро размисли си пред да ставиш нешто на врат да не е само од тренд туку дали стварно сакаш цел живот да ти се гледа тоа. А мислам дека болката на тоа место е повисока
Не знам дали има тема за тату артисти па ќе прашам овде. Наидов на профил на Фејсбук на девојка во Скопје што тетовира, значи тетоважите врв, баш убави, имаше и предобри покривања и преправања на стари тетоважи. Ми се допадна многу ама не ја заследив и сега не можам да ја најдам. Некој да не знае да ми каже која е?