Сакам тетоважа и ќе ставам за брзо време. Не од типот на ѕвезди, пеперутки, ластавици, точки, запирки, туку нешто што ќе ме потсеќа цел живот на тоа колку сум силна. Спојлер Се двоумам помеѓу неколку “What doesn't kill you makes you stronger", "No matter how cloudy it may be, the sun is still shining somewhere", "If you don't know where you are going, every road will get you nowhere" и "It’s not the mountain we conquer - but ourselves."
И јас сакам тетоважа иако и ветив на мама дека никогаш нема да се тетовирам. Се мислам за еден цитат од Шекспир These violent delights have violent ends, and in their triumph die, like fire and powder, which as they kiss, consume...
доколку ставам тоа ке биде со некое големо значење, а не само колку да имам тетоважа, па не би дала ни еден дел од телото за нешто безначајно! а во секој случај ке биде помала и на незабележително место т.е. ке биде за моја душа а не за другите ! ама мислам дека кога тогаш ке ми присмета ,па засега не...
Aко планирате да си правите а немате идеа каква,тука ги имате илјадници и многу добри http://www.tattoojohnny.com/product/L1F-00024 Само испринтајте си ја и носете ја на тату мајсторот Инаку и јас планирам есенва да си направам една
На млади години е интересно да имаш тетоважа или пирс, ама кога ќе остареме, кога ќе имаме висната кожа што ќе биде? На внуците ќе им биде смешно. Според мене убаво е да имаш една малечка, онака симпатична..а по цело тело - бљак!
Јас имам тетоважа веќе 3години! и ја обожавам не ми е здосадена, не се каам....и има значење! Сметам дека секој што сака да си направи тетоважа треба да си одлучи сам без предходно да биде подложен на предомислување или осудување од страна на општеството, бидејќи тетоважата е личен избор на индивидуата. Кој каква сака, колку сака и на кое место сака!! јас ги подржувам сите! Еве сега мене лично ми е во план да ставам уште една не верував кога ми збореа дека штом ке ставиш една, ќе сакаш уште! Секако дека треба убаво да се размисли, затоа што сепак доколку е трајна тетоважа ќе ве одбележува цел живот. И уште нешто многу важно, да се одбере вистински и сигурен тату мајстор!!!
Тоа си е нејзино право, ако сака може да си стави, но мое мислење е ако се двоуми да размисли уште еднаш оти после нема бришење..
Отсекогаш сум била запалена за тетоважа,рано ми е за тетовирање,но планирам следната година за полнолетство. Сакам да биде по должина на 'рбетот,текст,се разбира со значење. Има ли некој од вас таква тетоважа? Дали навистина е многу болно тетовирањето на тој дел од телото,зашто буквално нема личност што не ми го потенцираше тоа.
Тетовирањето на секој дел од телото боли, е сега зависи од тоа кој дел е и тоа значи колку ќе те боли.... најмногу боли по рбетот, вратот и ребрата, но сепак се издржува доколку навистина го сакаш тоа. Немам таква тетоважа но би ти препорачала не по целиот рбет туку нешто помало и нешто што обавезно ќе има значење бидејќи ако нема значење може некогаш да ти се здосади а операциите за вадење се опасни, скапи и болни.
значи гледав една емисија и занимањето на гостинката и било тетовирање....и изјави дека не постои тетоважа за 2-3 год туку некои така кажувале од страв од дома(да не им викаат)и така се ваделе дека не е трајна, и сл....
Тетоважи од некои од славните... може да даде плус интерес за оние кои се уште бараат http://acidcow.com/famous/23136-famous-celebrity-tattoos-part-2-56-pics.html http://acidcow.com/famous/11414-celebrity-tattoos-75-pics.html Спојлер и нешто смешно плус http://acidcow.com/pics/23087-20-epic-t ... -pics.html http://acidcow.com/pics/7999-bad-tattoos-76-pics.html http://acidcow.com/pics/9365-the-best-o ... -pics.html
Овие денови планирав да си истетовирам една од овие тетоважи Кое е вашето мислење за овие тетоважи ??
Сакам да прашам...? замене тетоважите се нешто лично и ми е жал што ке ти прекоментирам вака но зошто се тетовираш ако немаш приказна за таа тетоважа Спојлер на прашањето што ти значи тетоважата што ке речеш ми дадоа добра идеа паја ископирав
Сакам да прашам...? Ако веќе се решиш да се тетовираш, знај дека тетоважата ќе ти биде една од најинтимните работи на себе. Сепак, цел живот ќе ја носиш. Треба да има своја приказна, да те потсетува на нешто, едноставно да биде дел од твоето тело без кој нема да можеш. Ваквите тетоважи ми се бљак. Шшш, на што тоа личи.
Многу се вљубив во тие две тетоважи ама не ми се прифатени од повекето па сега ке ги заменам со некои добри мисли што значат нешто .. Ако сакате да ми помогнете околу реченицата , некоја добра мисла ако знаете да ми пишете ? Благодарам
^Целата поента на тетоважата е да биде нешто лично и нешто кое за тебе ќе има некакво значение, не е тоа за еден ден. Најглупава работа е заради мода да си го бележиш телото, посебно со нешто кое нема апсолутно никакво значење за тебе. Јас имам тетоважа на страната од телото, ја имам веќе 12 години и е посветена на мајка ми, 99% од луѓето што ме знаат не ни знаат дека имам тетоважа, има значение за мене и немам потреба на секој да му ја покажувам или да знаат дека ја имам.
E значи јас ептен, ама баш ептен се нервозирам што сакам да си истетовирам еден текст, ама на хебрејски да е. Е сега поима немам каде да барам човек што може да ми преведе, ова гугл транслејтот не дава точно, да одам само кај еден човек можеби ќе ме заебе за цел живот, а уште еден не верувам дека ќе најдам. Чаре? Има, нема?