Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважа

Дискусија во 'Тело' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Кажи ја реченицата можеби ќе ти помогнеме :)
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.796
    Пол:
    Женски
    Во Скопје нема никој кој преведува од македонски на хебрејски, јас би ти предложила да ги искористиш социалниве мрежи најди си 2-3 другарчиња од Израел и кажи им ја реченицава и ќе си видеш ако сите истото ти го преведуваат истетовирај се.
    Само објасни им како сакаш да ти биде тетовирано дали вертикално или хоризонтално зошто различно може да биде значењето.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека може да има и во Македонија ;)
     
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Го сакам овој симбол назад на вратот
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      3 KB
      Прегледи:
      282
  5. Em4ii

    Em4ii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    имав тетоважа ама само зе неколку месеци ама сакам и пак само незнам со да биди ве молам за помош :D
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Нешто што има значење. Како ѕвездички. Или круничка. Или пеперутка со длабоко филозофски цитат од Мерилин Монро. :*
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јас кажав кога еднаш би се одлучила ќе биде тетоважа со порака со значење а не срценце , цвеќиња , ѕвездички , крилја ангели ќе глумиме |( .
    Значи не да се оди по тренд тука тренд нема !!!
    Не е тоа сега ми е интресно утре ќе го сменам . Туку нешто лично на вас што се однесува нешто што на вас ви значи . Макар никој не ја разбрал и на никому не се допаднала . Само така нема да се покаеш за тетоважата . Пример Меган Фокс ја имаше тетовирано Мерилин Монро на раката . Сега и текнало не ми треба повеќе во смисла нејќам да сум нејзина сенка идам сама сега ...
    Затоа некоја порака некој симбол нешто што те опишува .

    Јас би тетовоирала некој цитат или знак кинеското не умира ... Тајмлес е :D . И ќе и биде твој знак ќе те турка напред .
     
  8. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Мене ми се одбивни тие тетоважи со трилинзи, кинески, хебрејски писма, срценца, ѕвездички, очи, цветчиња, медчиња. Не иде што не иде тоа што шкртаат тинејџерици во тетратка да си стаи некој на кожа. Или па да се сељачиме со трилинзи зашо поубаво ги оцртувале мускулите. Или клишето од кинески знаци каде што оние тетовираните најчесто имаат и исти тетоважи.

    Исто така апсурд ми е тетоважа на некое место каде што никој не може да го види. Признале или не, сакаме да се фалиме со тоа. А не да ни го види само партнерот во кревет. Или сами, додека се бањаме.

    Кога веќе се решаваш за таков чекор, тоа нека биде нешто што има значење за тебе, нешто што и не мораш да го објаснуваш на другите, нешто што убаво ќе стои на делот од телото каде што ќе биде ‘нацртанко‘. Нешто што ќе те одвојува од толпата.
     
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Неостварена желба ми е, која у моментов може само да сонувам да си ја остварам. Ама ќе биде, здравје.
    Инаку, сакам да го истетовирам симболот на Јарец, така малечка тетоважа, со многу големо значење за мене..
    [​IMG]
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Тетоважи ако не изгледа како фрик ок е ... сакам некои нежни тетоважи како звездички или срценца или некој кинески знак... Не би ја разубедувала другарка ми ако сака да си стави тетоважа самата си го знае ризикот и сите компликации и доволно е возрасна за сама да си донесе одлука... јас не би ставила тетоважа не дека имам нешто против ама не ми е ќеф некако порано имав за пирс ќеф ама и тоа помина :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Јас би препорачала да го изгледате „Миами ИНК “
    јас берем го гледав симнат од Замунда
    И пред се ке напоменам дека тие таму буквално за секоја
    која ја прават го прашуваат лицето која е позадината за
    идеата за да се прави таа тетоважа дури и бараат да им се
    каже симболиката која ја имаат ...

    за она скриена или не?!
    Тетоважата си е тетоважа!!!
    дали е само за тебе со скриено значење или е ставена„посмодернизам“
    -за да сите ја гледаат и да викаат воов веке видено или можело
    да е на некое друго место ....
    или не мора да носи сега ниски фармерки за да видиме што
    ставила на грб....
    Но нели секој е индивидуален и секој знае каде и како сака да си стави ,
    тоа нешто кое го имате и ке го имате додека не решите да го избришете
    или да го покриете со нешто друго
    Интересно беше едно тужење на татоо мајсторот кој на цело лице на една и имаше истетовирано ѕвезди-по нејзино барање и одобрување од страна на мајка и !!! Девојката се каеше после тоа ...но веке биднало
    нека навистина симболизира нешто за вас..
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Никогаш па ни во пубертет несум имала афинитет спрема тетоважи. Не дека не ги сакам или одбивни ми се ама сакам онака убави скромни тетоважи. Она цело шарање по тело ми е сувишност.
    Абе се плашам од игли и болка :D на мојата преценета кожичка :$ и знам дека за брзо време ќе се заситам па потоа да си мавам пегли по тело за да ја прекријам или избришам, неееее.
    Зошто да бидам различна од другите кога и вака се разликувам по паметот од другите :D
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
  14. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    јас утре ќе ставам тетоважа па ако може да ми кажет дали боли многу?!?! несакм да ги прашувам другарките бидејќи нескам да помислата дека се плашам одма ќе ми пребацат..
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Shoe-Gal, WhiteButterFly5, mia9184 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Многу,ама многу сакам тетоважи...иако сум мала веќе имам размислувано какви тетоважи сакам и на кое место да ми стојат...првата тетоважа сакам да ми биде за мама...ке најдам некоја убава реченица за мајката и сакам да си ја истетовирам или под градите или странично,на ребрата....потоа сакам тетоважа пиштол како онааа на Ријана (можеби ќе ми помине меракот за таа тетоважа,можеби ја сакам сега оти многу ја слушам Ријана)...тетоважава пиштол сакам да си ја нправам одкога ќе се вработам,бидејќи уште од мала сакам да бидам полицајка,а нели таа работа е поврзана и со пиштоли...така да,таа тетоважа ќе ми ја претставува желбата која си ја имам уште од мала и остварување на сонот да бидам полицајка :)

    Инаку и јас мразам тетоважи коа немаат никакво значење,кои се ставени на телото само заради мода или нешто друго...а најмногу мразам тетоважи на кои е испишано името на дечкото или пак на мажот...од кај знаеш што ќе се случи по 10 години можеби ќе исчезне љубовта и ќе треба ти цел живот со неговото име истетовирано да се шеташ.

    И морам да додадам дека треба да си најдам куќа пред да се тетовирам :lol: оти тато 100 пати ми има држено предавања за тоа дека на женско не му стојат тетоважи (он многу мрази тетоважи) и ми има речено ако му дојдам со тетоважа има одма да ме исели од дома....јас викам дека ако се омажам на 20 години тоа ќе биде поради тетоважите,бидејќи тато ми рече омажи си се па шо знаеш прави,ако сакаш стави си тетоважа на челото :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • 02.jpg
      02.jpg
      Големина на фајлот:
      28,1 KB
      Прегледи:
      334
    • rihanna-gun-tattoo-01.jpg
      rihanna-gun-tattoo-01.jpg
      Големина на фајлот:
      32,8 KB
      Прегледи:
      334
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Планирам во мај да се откачам од пирсот кој од мн одамна ми е здосаден и а мислам дека одамна му е поминатото времето,и да се подновам со тетоважа.Бидејки ова не е пирс и нема век на траење,убаво ке размислам за нејзиниот изглед и место.Размислувам да ставам на карличниот предел и сакам да бидат ѕвезди во низа како извираат,ама ми изгледа мн глупава идеја,иако имаат симболика за мене.
    Има време до мај,убаво ке осмислам се.
     
  18. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Емчи, во Македонија ти ја правеа ?? Многу ме интересира зашто сакам да ставам од тие што се до 6 месеци али не знам кај да барам.. до сеа ми кажаа дека такви прават само на плажа или да си купам од тие мастиките чунга-лунга и да ми падне за 2 саати :D .. any ideas ? :)
     
  19. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    и јас сакам тетоважа и сакам да си направам.од почетокот моите родители не ме оставаја...мајка ми секогаш велеше тека се тетовирале само дрогирашите...но свати дека тоа било порано така а не сега и ми рече прави што сакаш само не ми барај пари(а за 15 дена имам роденден и со собраните пари планирам да ја направам) но имам еден проблем...дечко ми баш и не беше многу радосен кога слушна за ова...ме убедуваше дека после кратко време нема да сум ја сакала (а всушост тој не сака тетоважи па затоа и така ми вели).Како да го убедам????знам дека не ми е маж и дека не може тој да ми кажува што да правам но сепак сакам да свати дека тоа го сакам премногу.
     
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Истетовирај се, па ако ти мрчи кажи му дека е шупак. Твоја си е одлуката, а ако те сака ќе те сака и со тетоважа на телото.
     
    На Shoe-Gal, m3a3c3a3 и natasaltd им се допаѓа ова.